Ако мислиш на овие од сликата - супер се. Ги имаше во скоро сите аптеки. Спојлер Ги купував порано и најпогодени ми беа од сите други лентички за црнки.
Даа, на овие мислев. Барав онлајн не ми излегоа во Мк, супер штом ги има. Имам рутина, практикувам двојно чистење, ноо и упорни себацеозни филаменти. После двојно чистење лицето мазно, продолжувам со рутина, и ете ги после 1ч приметни се. Не сакам да стискам, и сеа коа ги видов овие баш си реков да ги пробам
После буквално Сѐ испробано, се враќам назад на алатката за екстракција на нечистотии и себум од проширени пори(себацеозни филаменти). Ја имам истата(со розова рачка) од ДМ на Ебелин, ја земав пред 6-7 години. Веќе година дена правам двојно чистење, користам Аха Бха серуми, пилинг, тонери, нијацинамид, Ц витамин, хијалуронска, СПФ креми обавезно, ултразвучна шпатула(која ништо не чисти) и што уште не. Порите со ништо не се чистат, колку и да се трудев џабе фрлени пари. Колку и да се остава траги, алатката на Ебелин ефикасно ги вади речиси сите нечистотии од порите, со правилно користење. Претходно лицето на пареа, па стискање со алатката колку што е можно по нежно за да не се се оштети кожата. После тоа со мека крпа за лице скроз нежно пребришувам со кружни движена. Алатката можеби 95% од порите ги остава чисти и изгледаат намалени. После тоа го мијам лицето со нежна пена, поминувам со памук салицилна или гликолна киселина тонер, ставам серум по потреба па крема. Маска од зелена глина исто многу помага, посебно таа на Лореал. Го матира и омекнува лицето. Сеуште не можам да најдам никаде во МК. Многу е битно да се пие многу вода и да се внимава на внес на шеќери и масти, инаку залудно е чистењето и козметиката. Споделете искуство доколку некој ја користи истата или слична алатка.
Јас го имам истото ова од Ебелин, верна другарка ми е. Не ја користам често алаткава зашто не ми се прават толку многу црнки како низ годините, ама два пати месечно отприлика темелно чистам Т-зона со ова. Најлесно и најпрактично ми е после туширање, кога порите се веќе отворени па лесно излегува сè што се насобрало во нив, без да ѝ правам многу притисок на кожата. Потоа поминувам со тоник за лице и ставам sheet-маска. Претходно кесичката ја ставам малку во фрижидер да се излади дополнително, па супер доаѓа за да ја смири кожата и да затвори пори. Црвенила и иритации никогаш не ми се направиле, внимателна сум и гледам да не притискам многу силно. Помалку „копам“ по лице откако ја купив алаткава, а и навистина лесна ми е за употреба. Не беше ни нешто скапа, околу 200 денари ако добро се сеќавам.
Имав од авон не беше многу практична али вршеше работа колку толку. Ама ја изгубив и баш скоро помислив кај можам да најдам некоја слична. Баш ќе ја побарам во дм
Можеби таа од авон не е толку квалитетна ако има поостро и потенко кругче, таа на ебелин е доста издржлива, убаво заоблена, ја користам веќе скоро 7 години.
Порите никогаш не можат да се затворат така? На дерматолог ми препишаа матирачки тоник за порите да се намалат, ама не приметувам никаква разлика после неколку месеци употреба.
Сите матирачки средства, тоник, серум или гел/крем делуваат така што оставаат моментален мат ефект, ако лицето само од себе лачи себум, после кратко време тој себум пробива низ матирачкото средство и кожата изгледа масна. Кога лицето изгледа мат, порите визуелно изгледаат помали и помалку видливи. Проблемот со лачење на вишок себум/маснотии лежи во начинот на исхрана(шеќери и транс масти, млечни производи), недоволен внес на вода, генетика или дехидратација на кожата на лицето поради чистење со посгресивни чистачи.
Само ќе кажам вака / Порите се дел од нас и ни се потребни , не можеме да напраиме да ги снема без разлика што ставаме и што гледаме на социјалните мрежи со тие филтери Поздрав !
Mi izleze edno video. Se macka belka od jajce na eden sloj od tenka hartija i ja lepis na nosot primer, posle toa premackuvas uste ednas odozgora so belka i stavas uste eden sloj hartija i toj odozgora go premackuvas. Cekas 15 min da se stvrdne i posle demek odlepuvash i mnogu crnki se cistele. Bas ke probam denes, ke vidam. Nosot mi e atomska bomba
Имам пробано пред години и ке ти кажам само едно. Спржи го боље јајцето само тоа Не верувај на се што гледаш на интернет тоа нема никаков доказ дерматолошки ни никаков тип дека стварно е така. Ако сакаш да тргнеш црнки има ефективни начини како: Маска со глина со БХА Двојно чистење ( масло и пена) Тонер со БХА , може и со двете киселини БХА /АХА
Дали имате искуство за црнки кај деца? 13 и 7 години Гледам и кај двајцата, особено кај големиот на носот почнаа да им се прават. Се мијат со пена ама не баш редовно
За овој зборам, не е скап а притоа е 200мл не мора да се користи и не треба секој ден. Ако имаш уште некое прашање слободно https://olpeo.mk/product/benton-aloe-bha-skin-toner/