Здраво Ми требаат совети во врска со чисто лице , бидејќи очигледно тие од рутина не ми помагаат Некако ептен се исфрлив, цело лице ми е со некои црнки и би сакала да прашам каде одите козметичко стискање на црнки да правите и дали има друго решение? Користам маслен чистач на пурито, гел со салицилна на Corsx, Geek and Gorgeous серум и Porefectly Vlear. По серум ставам крема. Ми треба совет за црнки, на кој начин се решавате од веќе постоечките, зошто мислам дека само стискање е решението. Некои ленти за пори да не има кои се корисни? Поздрав
Цел живот навечер ја вадам шминката а потоа се мијам со нежен сапун и на крај го тријам лицето со шеќер и немам црнки. Оваа метода има помогнато на многу познанички. Поздрав
Со ништо. Се трие лицето 15-20 секунди и се гледат сите нечистотии на него потоа. пазете да не триете предолго или премногу силно бидејќи ќе почне да ви се лупи лицето како изгореница.
Ова е супер против црнки, одлично ги чисти порите. Iunik calendula complete cleansing oil. Го има на нашиве сајтови за корејска козметика. 200мл е шишето, пумпицата е топ. Предолго трае и има супер-лесна формула што ми е баш супер за мојава комбинирана кожа. Не го суши лицето, не чувствувам ко да ми ги смкнало сите слоеви на кожата, ниту пак чувствувам масен филм по миењето, а сепак убаво вади и шминка и нечистотии. По миење лицето го осеќам ептен мазничко, а највоочлив ефект имам на носот (кај што обично ми се прават најмногу црнки). Не е дека магично ги брише сите до една, останува уште по некоја потврдокорна црнка за вадење, но има најголем ефект од сè друго што сум користела. Црнките што остануваат, многу лесно ги вадам со металното стапче за црнки од Ебелин. За некои многу инаетливи црнки, ми се чини дека би имало уште подобри резултати во комбинација со некој гел или пена со салицилна киселина. Ама засега, мене лично сосем доволно ми е и вака. Вториот чекор од двојното чистење ми е со Mary&May чистачот со екстракт од чајно дрво. Многу ми е погоден, го обожавам, ама никако да го потрошам...трае со векови.
Убаво е многу маслото, убаво ја вади шминката. Ама пумпицата не чини, два пати го имам купено и двата пати протекуваше.
Не ми протекува мене, имам уште малку останато од маслото и досега си е супер. Ќе видам следниот пат каква ќе се погоди, и јас планирам пак да го купам.
Секој ден вака? Зарем не го оштетуваш лицето? Јас вака со мед, шеќер и кокос имам правено ама најмногу два пати неделно. Всушност толку и се препорачува пилинг два пати неделно е доволно. Внимавај да не си направиш спротивен ефект.
Здраво девојки препорака за медицински третман за лице за машко се работи за црнки Сеедно колку кошта само да се добри и стерилни
Здраво. Вака. Јас ја купив оваа црна маска со розево. Оваа е за длабинско прочистување на лицето. И да ви кажам задоволна сум. На крај кога се вади маската се гледаат бели точки. Тоа што е на лицето се извадило. Е сега има уште два вида од истава маска. И сакам да прашам дали е некој запознаен да ми кажат што значат другите два вида? Спремна сум да ги земам ако се добри како оваа маска. И уште нешто. Колку пати се користи маската? Не верувам дека е за секојдневна употреба. Ви благодарам однапред.
Моето лице е осетливо али оваа маска ми одговара. Затоа прашував за другите две дали некои се задоволни.
Можам од балеа да не ги препорачам. Мене не ми помогнаа. Има едни за мажи со некој си црн јаглен. Тие се малку подобри Наредно ќе видам едни на Нивеа да не се случајно подобри. Иако не ми помогнале досега ниедни Единствено двојно чистење на лицето, пилинг (има еден пилинг од кослове) ми е во план па ќе пишам искуство
Мене Балеа лепенките ми се многу подобри од Нивеа. А Нивеа се многу поскапи, барем беа на времето, сега не знам како е зашто одамна не ги користам ни тие, ни тие. Балеата стварно многу добро ми ги вадеа црнките, Нивеа скроз малку, скоро па ич. И тие делчињата ко за чело, брада што ги имаше во кутијата на ова од Нивеа, тотално беспотребни ми беа. Мислам дека застаре методава со лепенки, не знам ни дали би пробала некогаш пак зашто и не успеваат да извадат сè комплет. Поефикасен ми е Накоми серумот со салицилна киселина и активен јаглен. Го мачкам и оставам да делува 10-15 минути и мијам, топ е за чистење пори.