Да, да. Се чудев и јас. Имав една раничка на лицето и ставив од мастов, а до неа неколку црнки и сосе тоа и нив ги снема.
wooooow ако стварно делува врз црнките ке бидам најсреќна оти многу маки мачам се сеќавам дека еднаш користев хлорамфеникол маст ми ја препиша матичната за устата оти многу ми пукаше и имав како ранички а не сум знаела дека помага и за црнки ... баш ќе пробам
Gi koristam onie samoleplivite lenti na nivea ima i za nos i za T-zonata.so znam ok se iako ne vadat ama bas se..
хмм а јас да ти кажам дека не е убаво толку често секоја вечер и + 3 години да го користиш овој лосион... прво затоа што овој лосион ти е за лекување на акните како почетен дел од терапијата и се користи само еден месец... а потоа следува вториот дел од терапијата со замена на друг лосион... немој вакви јаки лосиони да користите долго време, тие во себе содржат алкохол кој лошо и влијае на кожата а антибиотикот кој го содржат по често користење станува отпорен на бактериите и така само и правите полошо на кожата... Значи вакви јаки лосиони си имаат граница во употребата, за стално користење земете си некој лосион или тоник што не содржи алкохол во составот а е наменет за вашиот тип на кожа... поздрав
Ако не е тајна од кај ти е информацијава? Јас имам прилично чисто лице и сува кожа па немам многу мозолчиња освен на т зоната и не посетувам козметичар речиси воопшто, ама знам дека и козметичарите препорачуваат хлорафеникол. Јас го користам околу 2 години, секоја вечер си го чистам лицето со него, како што тој ги вади нечистотиите од лицето ништо друго не вади Еден од главните производи за нега ми е, не би можела без него
леле па правиш голема грешка со тоа што го употребуваш секој ден 2 години ете кажав каков е хлорафениколот а башка тоа што ти имаш и сува кожа па тој сега нема никакво дејство врз твојата кожа... туку само дополнително ти ја суши.. а информацијава ми е дадена од кожен лекар не ја кажувам онака од памет... позз па вие си знаете
И јас го пробав ама не ми се одлепваше убо како на видеото , морав со вода да го вадам, тебе убо ти се одлепе?
Девојки, постојано го благословувам Др. Дохчев. Пред една година серизони проблеми со кожата на лицето и на стопалото ми ги реши со 7минутен преглед. Кога требаше да ја направам 3тата контрола ординацијата му беше затворена поради негови здравствени проблеми. Очајнички ве замолувам доколку имате некаква понова информација околу неговото работење, да ми одговорите Доколку работи посетете го, ќе ви ги реши кожните проблеми.
Докторот Дохчев се пензионираше, станот каде што му беше ординацијата позади Соборна го продаде, и се пресели од таму. Толку знам, не работи повеќе! Прекрасен доктор!
јас ова го користам за црнки и чистење супер е, има убав и лесен медицински мирис а и смирувачко дејство врз лицето.
го има во тинекс, веро големото и некои аптеки инаку е 300 денари ама трае доволно долго некаде околу 2 месеци ако не и повеќе јас го ставам два пати во неделата. мене ми се погоди. ако не зелена глина ама редовно ставање ќе има ефект.
И јас го користам истиот ама скоро 10 дена. е сега на него пишува дека се користи секој ден па јас така и го користам, а ти велиш два пати во неделата. Да не претерувам јас па се излупам ко јајце?
види ако имаш сува кожа тогаш немој ако имаш мрсна тогаш е и пожелно, да на него пишува дека е секојдневна нега ако досега немало некаква несакана реакција тогаш користи го и понатаму секој ден, за мене е доволно 2 пати а искрено малку и го штедам
колку што ме служи знаењето и искуството се работи за маст за очи. освен ако нема нешто ново. прашај во аптека или некој кој се разбира, близок доктор, мед. сестра итн. можеш и да видиш на нет.
јас како што се сеќавам кога прашвав во аптека ми рекоа дека имаат и маст и лосион . маста јас ја имам користено порано за устата оти ми се лупеше, а лосионот со сигурност е за лице како што имам читано на форумов