Новата маска од авон со зелена глина што е и со салицилна киселина 0,5 % моментално ја користам и презадоволна сум, од ко ќе го измиеш лицето многу е чисто и не се познаваат воопшто црнките сега почнав да го користам и не знам како ќе биди дејството натаму дали целосно ќе ги исчисти црнките ... ама за оваа недела сум презадоволна ...
Ти ја имаш онаа маска со зелено шо е така ? јас се мислам за таа маска и лосионот исто зелениот за прочистување на лицето да ги земам
да јас го користам моментално и ми е добро го имав користено и клиндамицинот но ми ја иритира кожата немам слушнато дека не треба повеќе од 10дена да се користи во аптека ми рекоја на сабајле и на вечер да го чистам лицето потоа си се машчкам со хидратантно кремче за прочистување па фала богу добро е
црнките се нечистотија на порите и најчесто ги имаат тие што имаат мрсна кожа на лицето.Cрнките мора да се исчистат(истискаат) најпрвин и тоа темелно и тек после да почнете два пати неделно да си го миете лицето со пилинг и маски за мрсно лице,а секое утро да се мие лицето со пена или гел за мрсна кожа.Oвие постапки се за да се спречи појавата и незначи дека ако еднаш ги исчистис нема пак да се појават значи мора да се прави третман еднаш месечно,најдобро е во козметички салон но ако некој неможе да си дозволи тогаш може и во домашни услови над зовриен чај од камилица 20 минути да се напариш и после ги стискаш црнките лесно е пробајте
Тоа е антибиотик. А дали смееш да пиеш антибиотици повеќе денови??? (освен во ептеен исклучителни цитуации) НЕ! Па логично и со лицето. Доколку "фармацевтот" бил целосно образован ке знаел да ти каже
Лосион за мрсна кожа. Состав: екстракти на жалфија, даб, невен, ајдучка трева, гавез, ружа, чичок, бадем, глуварче, рузмарин, лаванда, чај, хамамелис дестилат и пантенол. Длабински ги отстранува нечистотиите од кожата. Ги стеснува проширените пори и го регулира лачењето на лојните жлезди. Го спречува создавањето на сјаен филм на површината на кожата и создавањето на комедони. Благотворно делува на акните и другите воспалувања на кожата. По чистењето на кожата потребно е да се нанесе соодветен крем за нега на мрсна кожа. Најдобро делува крем од мента или ехинацеа.
Имам црнки само на носот и употребувам од лентите што се на нивеа.Мене ми се допаѓаат,ги тргаат црнките на некое време.Инаку ставам двапати неделно маска за лице од авон со екстрат од маслиново масло и пилиг од нивеа.
за да има резултати вистински од некој производ треба да се користи 2 до 3 месеци на кожата исто така и со Хлорамфениколот знам дека е анитибиотик но би било смешно да го споредуваме со антибиотиците што ги внесуваме во организмот нормално дека ако имаш проблем не би пиел антибиотици 2 до 3 месеци ама лекувањето на кожата со клиндамицинот и Хлорамфениколот трае толку потоа како совет и од фармацефтот и од нина24 добивме да се премине на пилинзи кои содржат овошни киселини мн.добро ми е објаснето и добро имам сватено и се разбира упорна ќе бидам овие лосиони ги имаат користено и по 4 до 6 месеци значи додека има потреба не мора да значи дека години или засекогаш ќе ги користиш овие лосиони се разбира зависи до кој степен е проблемот на кожата кај мене е мал но сепак како и секоја девојка не би сакала воопшто да имам проблеми прочитавме мн.совети за лицето а јас од мое искуство кажувам дека најдобро е кожата да се лечи со анитибиотик и потоа да се освежи со добра хидратантна крема ...
Хлорамфеникол според мене е надобар лосион за акни.Кога влегов во пубертет нели нормлано е да се исипуваш со акни.Моето лице беше цело исписано посебно челото....една до друга.Благодарение на тој лосион мене лицето ми се исчисти за многу краток период некаде за 1 месец.И од тогаш мислам дека немам никаков проблем со лицето(нормално е пред меструален циклис) но и тогаш се мачкам од лосионот и лицето ми е чисто и навистина е преубав.
[/quote] за да има резултати вистински од некој производ треба да се користи 2 до 3 месеци на кожата исто така и со Хлорамфениколот знам дека е анитибиотик но би било смешно да го споредуваме со антибиотиците што ги внесуваме во организмот нормално дека ако имаш проблем не би пиел антибиотици 2 до 3 месеци ама лекувањето на кожата со клиндамицинот и Хлорамфениколот трае толку потоа како совет и од фармацефтот и од нина24 добивме да се премине на пилинзи кои содржат овошни киселини мн.добро ми е објаснето и добро имам сватено и се разбира упорна ќе бидам овие лосиони ги имаат користено и по 4 до 6 месеци значи додека има потреба не мора да значи дека години или засекогаш ќе ги користиш овие лосиони се разбира зависи до кој степен е проблемот на кожата кај мене е мал но сепак како и секоја девојка не би сакала воопшто да имам проблеми прочитавме мн.совети за лицето а јас од мое искуство кажувам дека најдобро е кожата да се лечи со анитибиотик и потоа да се освежи со добра хидратантна крема ...[/quote] Ваша е одговорноста што ке превземате со вашата кожа, ама немој после да се вратите тука и да пишувате како ви паѓа коса, кожата не ви реагира на антибиотикот итн..А штом не верувате на нешто кажано од дерматолог и фармацевт верувајте си на сами себе. И друг е типот на производи за долготрајна употреба! поздрав
^ Паѓање на коса?! Дали имаш факти за ваквата реакција на овој лосион? Еве И ЈАС кажувам дека го користев долго лосионов. Кога бев во екот на пубертетот имав ненормално многу акни и овој лосион беше ЕДИНСТВЕНОТО нешто кое ми помогна да ги исчистам и да се отарасам од нив. Престанав да го користам кога кожата ми стана за нијанса помалку мрсна отколку порано, па немав повеќе потреба од него. А за паѓање на косата! Дојди и види колку коса имам на главата Сепак, не се обидувам да те демантирам во целост. Можеби на различна кожа дејствува различно. Но во глобала, гледаме и самите од нашите искуства тука на форумот, дека ни помогнал и тоа многу.
Побарајте на интернет кои лекови може да го предизвикаат тоа иќе се увериш. Препрочитај го пак мојот пост и ќе видиш дека не реков дек СЕКОГАШ и на СИТЕ може да им се јави!
зошто одма се препирате за глупости факт е дека секој има различна кожа,и едно исто средство не дејствува исто на две различни кожи.проверете добро и најдете го вистинскиот прозвод кој ќе го сака вашата кожа и ќе и помогне на неа,а за опаѓање на косата немора да значи дека е до него,или пак кај тебе така делува но не и кај сите и затоа не ширете антипропаганда на производите,ако нешто не е добро ќе се повлече и нема да се пушта во употреба.
Не се препирам, само убаво кажав дека со прекумерна употреба може да доведе до тоа. И антипропаганда не би го нарекла затоа што реков дека МОЖЕ да предизвика опаѓање со ПРЕКУМЕРНО користење на антибиотик, меѓу кој и Хлорамфеникол. Значи сите доктори на светов и њеб страни треба да бидат обвинети. Наместо да прифатите совет и факт пишувате нешто трето...
Според мене, најефикасно средство против црнки е тоникот за црнки од Авон од колекцијата Clear Skin. Редовно го користам (веднаш после туширање кога се отворени порите). Лицето ми е комплетно исчистено. Го препорачувам на сите
Дали за прекумерна употреба го сметаш користењето на овој лосион повеќе од една година, секое утро и секоја вечер?
А дали сите мора да се помешаат и дали треба да се свежи или во масло може ги има,јас на пр имам масло од бадем...?И како треба да се направи лосионот!!?
Јас сум фармацевт и јас ТВРДАМ дека ЛОСИОНИТЕ клиндамицин и хлорамфеникол можат да се употребуваат подолготрајно зашто содржат многу мала концентрација на антибиотик, за разлика од капсуллите кои се наменети за пер-ос, и нема да ти падне ни влакно коса ни пак ке станеш отпорна на антибиотици Редактирам Само кај лица преосетливи на клиндамицин и хлорамфеникол можат да се појават симптоми на црвенило на кожата,зголемена осетливост и во поредок случај и дијареа
не несум првенец зашто уште студирам, ама работам во аптека како техничар веке 4та година.. и ти гарантирам дека од лосионот косата нема да падне.. слободно можеш да го користеш и повеке од 10 дена