а како да ја погодиме влажноста?? и јас си купив од лентите ама уште не сум ги употребила.. си реков ај во сабота ке ги пробам па и после тоа да си го освежам малце лицето со пилинг и со маска од зелена глина
^^^Со влажна рака, прст малку помини преку носот, да светка влажно, ама да не течи мислам се разбираме
првиот пат го направив многу лигаво и едвај го застанав на носот , сега самошто си го ставив па ќе ви пишам резултати, инаку јас имам многу црнки Направив и нема никаов резултат , ќе повторам уште еднаш па може не го држев доволно, колку време го држите?
Го купувам од кај ќе стигнам, зависи каде пазарам во моментот кога ми треба, во тинекс, кам маркет, поголемиве маркети во населба што ми се, секаде го има
Мимс кај мене пак проверував . Вака , нема во сп , во тинекс , во жито , во обичниве продавнички . Ми остана уште во кам да проверам па ако не вечер во рамстор ќе одам , тамо да проверам .
јас си купив од маркет Рептил, имаат неколку продавници по Скопјево, ако имаш негде во близина провери таму шознам... а за во Рамстор не верувам да има, во Веро има гарант!
ги пробав лентите на нивеа и не се нешто wow ама сепак вадат по некоја црнка.. ама најубаво пред да ги залепите лентите да си го испарите лицето прво со камилица за да се отворат порите и да омекнат митесерите така полесно ке излезат..
Но сепак мислам дека од сите предлози за вадење на црнките лентите на нивеа испаднаа најдобри, барем кај мене
Јас веќе еден месец ја ставам аспиринската маска, еднаш неделно и сум задоволна Не само што ми се чистат црнките туку и кожата на лицето ми е помека
Па мисс како да ти кажам , ставаш неколку аспирини , малку мед и малку вода . Се тоа го мешаш и го мачкаш на лицето . Го оставаш да отстои некое време и после се миеш Инаку ги пробав лентите од Нивеа , и супер се Еј мисс , ги толчиш аспирините , тоа заборавив да кажам
Што толку помага аспиринот на црнките? Дека црнките се вдлабнатинки полни со нечистотија. Како маска ги чисти? Лентите мене не ми се допаѓаат, ама ај барем има можност логично со нив да се тргне. Ама со маска без стискање како не ми е логично?
Аспиринот е ацетилсалицилна киселина, врз база на која се направени повеќето препарати за акни. И Гарниер пилингот против цркни е со салицилна киселина. Откако ќе отстои маската, се прави пилинг со аспиринот. Помага за црнките исто колку и гарниер пилингот, што не е многу, но барем се чисти лицето од акни. Јас ја користев еден период и има резултати. Штета што не сум упорна да правам секоја недела.
Така ја правам и јас, немам пробано со ленти до сега Јас прво стојам над чај од камилица 10-15 минути додека да се отворат порите, потоа нанесувам од маскава, веројатно навлегува во пориве и после со вадење ги чисти Колку што сум запознаена Спојлер Често знам да навлезам со стискање, ама за тоа после недела дена си носам рани на носов
Росоњерка , искрено да ти кажам дека не приметив некоја промена голема со аспиринската маска . Лицето ми е помеко , убаво се осеќам да ама тоа ради медот , а дека аспиринот ги вади црнките не ми има логика а и не приметив . А со лентите , едино една за носот употребив и не знаеш колку искочиа ама прво го парев лицето .
Значи сепак е најдобро да се држам до лентите Нивеа да не експериментирам со маски и со толчење а? Све заборавам да ги купам,ама денеска мора више Ајде па ќе ви пишам за резултати кај мене
А бе пробај , можда ќе ти се свиѓа маската , мене искрено лентите повеќе ми помагаат , еве вчера за брада земав