Нема за образи, мислам дека тука би ти се оштетила кожата, не пробувај. Најубаво за образите на козметичар.
Има мислам само за нос , брада и чело . Јас купив пред некој ден за нос и вчера не знаев за кај и си правев еци пеци пец и испадна за брада. Добро испадна или ?
Сум била три пати на козметичар за црнките и тоа кај дерматолог и нема шанси веќе да отидам.Лицето ми е три дена црвено и плус се исфрлам.
тие што се за на чело и за на брада се и за на образи а и нема врска дека ке си ја оштети кожата... зашто јас ставив и на образи
Ова го прочитав сега на Фемина почетната страна во Итна помош против мозлчиње Краставица. Краставицата е одлична за ефективен домашен третман на акни и црнки на лицето и телото. Дали знаете некоја маска со краставица? можеби тоа ќе ни биде спасот
Чупиња, дај просветлете ме како се користат овие лентите, ќе речите писмена ако си прочитај, прочитав и како што пишуваше направив ама ништо не излезе, за на брада и на чело имав, на челото се залепе а на брадата не сакаше ни да се залепи, можи па стари ми дадоја а
И јас сега земав, па планирам да ги пробам вечер. Ама многу скапи бе, не очекував волку....300 денари. Многу е или мене така ми се чини, пошо гледам никоја не се пожалила до сега за тоа
Па добро, таман е, јас од маркет цело паковање земав, и сега гледам дека се 6 внатре....така да таман му доаѓа. Ама изглеа оти наеднаш ги дадов парите и затоа така многу ми се чини
Јас спомнав погоре дека аспиринската маска ја правам, читам по форумов за лентиве и викам ај да си купам. Влагам вчера во Зегин побарав на парче и таа тетката ме погледна чудно, влегов во друга аптека и таа тетка ми кажа дека не се продаваат на парче, од каде ги купувате на парче ? Благодарам
Земи ти прво испари си го лицето и одма после залепи ги лентите додека е убаво мокро лицето... значи местото кај што ќе ја залепиш лентата треба да биде убаво наморкрено и одма ќе се залепи.. нема шанса да е стара лентата сигурно не ти било доволно навлажнето лицето па затоа не се ни залепила лентата..
Во Зегин го ГТЦ, и во уште еден Зегин низ центар и во една аптека во Веро Центар побарав сегде ми кажаа дека не делат, туку се продаваат цело пакување. Нивеа ленти за вадење црнки? Така им барам на тетките, утре ќе им речам да видат на форумов дека сегде ги делат, да не ме гледаат чудно.
а си пробала со зелена глина? јас црнките ги чистам со неа доста ми помага, еднаш во неделата ја ставам а треба два пати и го користам Неутрогена пилингот против црнки одличен е.
Најдов ленти, кај мене во населба, пред нос сум имала, а јас акав низ градов ќе пробам вечер и ќе известам за првите впечатоци И зелена глина си порачав татко ми да ми купи Значи ќе ги докрајчам скроз како им се запнав
Само што ја ставив смесата со желатинот и за исходот... после 10 минути А доста црнки имам, денес додека ги средував веѓите се набљудував.