Jas kje ti kazam kako da gi ostranish crnkite zemi istiskaj si i nikogash povekje nema da ti izlezat provereno e i deluva
Дали некој знае како да се ослпбодам од овие поткозни мозолцинја?? Ако некој знае нека ми казе или маска некоја мозе и пилинг, фала позз.
најмногу црнки имам на носот околу пирсот премногу дури и никако не созреваат да ти истискам баш ќе пробам со зелената глина да видам дали има ефект
Јас вчера ги пробав фластерите од Нивеа и ме изненадија колку се добри. Ептен се погодни за носот, каде што обвично има голем број помали црнки. Не дека сите ги вади, ама вади многу. Пак ќе ја повторам постапката за една недела - мислам дека не е убаво сите од еднаш да ги вадиш ако имаш многу, па ќе видиме како ќе биде.
Е баш ме интересираше за тие на Нивеа. Како точно се користат? И ако има и некој друг користено би сакала да чујам искуство. Фала однапред
Едноставни се за употреба. Самолепливи се, и се лепат на мокро лице. Се оставаат 10-15 минути, и потоа се вадат. За тие 10-15 минути се суши кожата, и имаш чувство како да ти е носот во гипс . Не боли, нема стискање никакво. Има внатре 4 налепници за нос и 4 за брада или чело (како триаголници се вториве).
Јас ги користев неколку пати ама не ми многу помогнаа веројатно до кожата е :? јас уште што не пробав многу се мачам со моето лице...немам мозолчиња ама црнки имам и многу грозно изгледа без пудра own: ке пробам некој од вашите совети само дај кажете некоја крема за подобрување на кожата на лицето сакам да ми се исчисти и измазни еднаков тен сакам :?
Па изгледа фластерите на Нивеа на секој различно делуваат според типот на кожата а и длабочината на црнките...Јас прв пат ги пробав фластериве пред скоро 10 години и сум многу задоволна од нив. Можеби цената тука на македонскиов пазар е малку повисока, ама вредат.
Чудно,ги читав претходните коментари,и јас имав црнки на лицето,но исчезнаа сами,а цел живот,односно долго време го чистам навечер лицето,со благ тоник Витаскин и ставав една крема од маслинки,па павловичева,сега ставам сатва.Сега за сега немам црнки,ми се појавуваат бубулици на лицево како небаре пубертет ме фатил.Незнам со е финтата со бубулиците ама се надевам ке исчезнат.
Цело пакетче незнам колку е, но можи да се земаат и на парче, кај нас се 49 денари едно парче...минатото лето земмав секоја недела по едно за носот и секогаш ми се вадеа црнките ..супер се!
Мислам дека некаде на темава прочитав за црнките со паста за заби ама не гел туку баш паста...и пробав и делува :up: јас на носот имам најмногу и највидливи...ја оставив да се исуши, доста ме печеше :twisted: ама појма немам сеа се светли , тоа е битно веќе трет ден се посветли него што ми беа!
Ај и ја да пробам да бидам малку паметна, значи црнки на лицето (носот) се јавуваат од мрсно лице. Немојте со парење да пробувате, тоа можеби ќе ги отвори порите и црнките полесно ќе излезат, но ќе направи друга штета на лицето. Стискање мора, нема друго чаре. Инаку јас си одам кај козметичар, третмани за лице еднаш месечно не пропуштам. Битно е да изберете добар козметичар, а уште побитно е да имаат добра козметика. Џабе ако козметичарот е супер компетентен ако козметиката му е орифламе или авон (немам ништо против овие, ги имам и јас во мојата чанта, но не се професионална козметика за салон). Нормално дека треба да знае и тој, амо финтата е што ако видите дека во салонот има козметика од светски бренд, обично тие не даваат на секого и плус ги обучуваат за работа. Како да препознаете бренд козметика - многу лесно - Интернет. Така да кога прво јавете се, нека ви кажат што користат од козметика, проверете на Интернет и таму сигурно ќе најдете се за тој бренд. Не се лажете за 100 - 200 денари, и во светот на козметиката важи истото правило - колку пари толку музика.
И јас се согласувам најдобро е еднас месецно третман за лице и со тоа си ја заштитуваме козата од мозолчиња.Лицето треба да го негуваме и по дома убаво да се мие пред спиење да нема остатоци од шминка и пудра и така ги чистиме порите и не дозволуваме да се собираат црнки.Скоро прочитав дека маска со идробени аспирирни помешани со вода ги чисти порите.
Издробен аспирин ??? Да пробам - да не пробам, да пробам - да не пробам, да пробам - да не пробам... Ај за една недела и така и така треба да идам на третман за лице, ќе оставам за наредниот месец
Немам многу црнки на лицето.Само околу носот.Несакам да се натрупувам со пудри уште сега само за нив.Ќе пробам одма со паста...нема друго чаре.Ако преживеам ќе пишам што сум направила.