Цело лице ми се нафрли со црнки преку ноќ Не ќе ги ни забележев ако некој не прокоментира „лелеее... колку црнки имаш... грдо еее!!!“ Како јас да сакам да имам...
Јас пред неколку дена пробав со лентите на Нивеа ама ништо не излезе Сега сакам да ја пробам маската со желатинот, но никаде не можам да најдам желатин. Цела населба ја прошетав, во секоја продавница прашав, нигде нема
Ако на ти испаднаа со лентите на Нивеа не надевај се на желатинот мене ниедна црнка не ми испадна од желатинот, а дали добро го напари лицето пред да ја ставиш лентата?
Јас имам прилично чиста кожа. Црнки ми се појавуваат во пределот над усните односно на линијата од усните. Одам на козметичар на секои 3 месеци и ми прават третман на целото лице а воедно ми ги отстрануваат и црнките, но сепак е многу болно. Козметичарката ми рече дека црнките во тој предел најчесто се појавувале поради употреба на кармини но јас воопшто не ги користам. Некоја Феминка со слично искуство?
Јас мислам дека не е точно дека се прават од кармини .Ете јас постојано користам кармин, а немам црнки во тој дел.Дечко ми има и ги отстранува , но пак му се прават .Значи не влијае мн карминот , можеби некои кармини- да ама сега има мн различни видови и многу квалитетни што истовремено ја негуваат и устата. Можеби ти се прават после депилација (ако се депилираш таму ) и ако не е после тоа исчистена кожата убаво. Инаку јас имам црнки на носот кои не се познаваат многу, но најмногу ме нервираат тие на брадата кои не се познаваат вака туку се во празнината и ги имам со години со ништо не можам да ги отстранам!
Едно време имав црнки на носот и не ми текнува кој ми кажа да земам лицето да го држам над пареа и после тоа со мала лажичка да притискам на тие делови кај што имам црнки,но не сум ни пробала.Така да мислам дека најубаво да се отиде на козметичар за вакви работи да не се експериментира многу во домашни услови
Само треба да користиш 1 неделно (мислам на исто место) така ми рече аптекарката од кај ги купувам, бидејки јас првиот пат кога ги ставив од 1 не ми излегоа сите, ставив уште 1 и ми се виде многу добро бидејки испаѓаа многу црнки, и потоа уште една и на крајот шетав како були со црвен нос една недела.
Знам дека треба еднаш неделно да се користат Thanks any way Инаку не очекував дека така ќе ги вади црнките и се запрепастив кога видов не очекував толку добар резултат
Бог да чува! Свашта по народот, секој има некој недостаток, ако не се црнки тогаш бубулици, ако не бубулици, тогаш поткожни, ако не е тоа во прашање тогаш смрдлива уста итн. Кој е совршен! тоа колку да си ги смират комплексите и фрустрациите. морав ова да го пишам бидејќи страшно ме иртираат вакви срања. патем, за црники, глина со маслинов зејтин ама редовно еднаш до два пати во неделата барем едно два три месеци и ќе биде, мора да излезат, јас имам црнки и поткжни и така го решавам проблемот, гледам доста ми се исчисти и овој пилингот на Неутрогена е добар, ја смирува кожата.
Јас еднаш кога така ги вадев со ленти ми се направија црвени мозолчиња наместо црнките и погрдо беше цела бев црвена.
Да ве прашам,кога ги вадете црнките со нивеа лентите дане ви се прават дупчиња после?Јас еднаш сама си ги вадев црнките и ми се направи едно дупче,од тогаш не ги чепкам ама страв ми е и со лентите дане се прават..оти ако залепам на цел нос и од секоја ако се направи дупче уште толку ќе се упропастам
Најчесто прво го ставам лицето под пареа од камилица чај а потоа откако порите се отвараат полесно излегуваат црнките ,а потоа ставам маска и по отстранувањеето го мачкам лицето со чајот од камилица
Па мора да биде како дупче тоа е пората (отворена), од неа излегува сета нечистотија и све гадно Откако ќе се затворат порите не ми требало да се познава толку
^^^Да, знам дека пората се отвара ама ова мене што ми се направи ми остана и уште си го имам иако не се познава многу само од ептен близу кога се гледам на огледало,изгледа оти "насилно" се стискав овој пат со лентите ќе ги извадам како што треба
Има многу методи за отстранување на црнки од лицето... 1. Сминдух (замбул, тилчец...незнам како е на македонски...Melilotus procumbens, или Trigonella coerulea): Експертите по природна козметика се колнат дека тоа е една од најсилните билки против црнки. Направете паста од вода и свежи лисја од сминдух. Ставете ја пастата на лицето за 10-15 мин и после тоа измијте го со топла вода. Повторувајте ја оваа постапка секоја вечер пред спиење, додека не го исчистите лицето од црнки. 2. Мед Загрејте малку мед и поставете го на проблематичните области за 10-15 минути. Измијте. Медот е познат и ефективен метод за чистење на црнки. 3. Сода бикарбонат и вода Измешајте 3 лажици сода со 3 лажици вода. Тријте ја кожата со овој раствор неколку минути и потоа отстранете го со топла вода, за да ги отстраните црнките. 4. Сок од лимон Областите каде што има црнки, мачкајте ги директно со лимон, т.е. сок од лимон. Два или три пати на ден. Сокот ќе им помогне на порите да се стегнат и ќе ја направи површината на вашето лице помалку подложна на црнки. 5. Компири Изренданите сурови компири може да се користат за третман на сите проблеми со кожата вклучувајќи акни, брчки, бели дамки и црнки. Ставете го компирот директно на проблематичните области, за да ги повлече црнките.
Белка од јајце и пченкарно брашно се мешат додека не добијам смеса налик на маска а кога немам пченкарно брашно ставам од белото брашно исто и од него сум задовона,а по отстранувањето лицето ми е мазно и многу убавоо
http://www.youtube.com/watch?v=L5NrgSIyKsg Еве една интересна маска за лице од белка од јајце....Се мачка белката на лице....потоа се лепат тенки парчинја тоалетна или палома(да биде сто потенко) и врз него се става усте еден слој белка ... се остава да се исуши и потоа се лупи Ги чисти порите....