А од докторс има лосион? , заборавив да прашам в аптека. Денес купив исто од докторс сапун - antiacne со масло од мента, ќе го пробам ќе се мијам со него па да видам дали ќе има резултати. Треба да купам уште лосион (имам друг при крај ми е , ама сакам сите производи да ми бидат од ист производител) и крема за дневна употреба . Немам многу црнки ама на носот и на долната брада ми излегуваат и ужасно ме нервираат. Исто девојки за чисто лице, против мозолки, акни, нечистотии итн многу е добра глината во прав, се прави од неа маска, а може и да се пие растворена во вода. Еднаш направив маска и ептен убаво ми го исчисти по миењето се познаваше и после тоа, треба два пати неделно да се става (така пишуваше во упатството), ајде да видиме за неколку недели дали ќе ми се направи лицето какво што сакам да ми биде.
50 ден е една лентичка јас користам нивеа најубави ми се,а цело пакување незнам колку е битно убаво ги вади црнките
Има,од камилица, и лосион, и гел и крема за лица против акни само кај мене само првото шишенце покажа резултати..после тоа не знам дали лицето ми се засити од лосионот или нешто го променија....
^Ти благодарам Велешанка за информацијата, претпоставував, ама да си прашам јас тука посигурно. Ќе купам и ќе видам дали ќе има ефект кај мене и ќе пишам баш дали сум задоволна. ___ Лентички од нивеа немам пробано, а и не планирам да пробам, не сакам да ризикувам, ако ми се направи црвенило или ми останат дупки после ? Крај краева не се ни толку многу па да ги ваѓам со ленти.
Ке можеш ли да ми објасниш баш како иде постапката за користење на тие лентички..а после отстранувањето остануваат ли дупчиња ?
Мислам дека е нормално да останат дупчиња, бидејќи црнките се всушност пори полни со мрснотија, ако не грешам Што значи ако се отстрани нечистотијата пората останува празна па затоа делува како дупче. Големината на дупчињата може да се намали со користење на лосиони и тоници, како и со пилинг. Но сепак не постои начин на кој порите би се смалиле перманентно.
Лукс, во која аптека го најде сапунот? Јас еве веќе цела недела барам, не можам да најдам.. Иначе од докторс мислам дека има цела колекција за третман против акни, ама не сум сигурна.
Ке можеш ли да ми објасниш баш како иде постапката за користење на тие лентички..а после отстранувањето остануваат ли дупчиња ? [/quote] Големината на дупчињата може да се намали со користење на лосиони и тоници, како и со пилинг. Но сепак не постои начин на кој порите би се смалиле перманентно.[/quote] Ти пишува и на лентичката вака-ќе го намокриш носот со вода ,ќе ја залепиш лентичката нека ти стои 10-15 мин и извади ја инаку дупчиња ќе имаш нормално тоа се уствари порите од кои со лентичката че ти излезе нечистотијата, ќе ти се познаваат ама со ладна вода се затвараат,со користење тоник итн....значи ништо страшно јас користам веќе 7-8 години и ок ми се
дали некој го има користено овој пилинг (мислам дека овој беше за црнки) ја гледав колекцијата пред некој ден во веро,имаат и тоник исто.Планирам да го пробам па ако го има користено нека каже ефект Ч)
јас знам за ваков дека има кај нас: тој погоре е најверојатно нова колекција. инаку пилингот на неутрогена е најдоброто нешто што сум го користела досега, има разладувачки ефект додека се мие лицето со него, а навистина ги чисти црнките, јас ставам 2 пати во неделата.
Фортјун/Форчн или како и да е сега гледам дека си ме прашала. Го купив од таа аптеката нова е мислам се наоѓа по Булевар ослободување во зградата од Осломеј до т - мобајл, ако нема моментално ко ќе појдеш можеш да им речеш да ти порачаат. Инаку сега знам дека имаат многу производи за целосно нега на тело, лице, раце, нозе, бебешки производи, чаеви, креми (една реклама на докторс манав сеа ) Во контекст со муабетов имам лосион и крема од докторс и прво се мијам со сапунот, после тоа се чистам со лосион и памук и на крај се мачкам со кремата, ама дур се чистам со лосионот ме пецка лицето поточно кај образите (си викам дека е нормално тоа ради ефектот, дека со претходниот лосион ме пецкаше исто ама ова е многу посилно) ама да прашам, треба да пецка додека нанесуваш лосион или не ?
350 денари но почесто можеш да го најдеш и на попуст во Веро и до 250 денари мислам во петокот забележав дека е на попуст!
Јас пробав пред 1 месец со лентите на Нивеа и ништо не излезе :? Сега читам овде дека треба лицето да се напарее прво? Јас само го навлажнив тогаш, колку што се сеќавам така пишуваше...Ај просветлете ме .
Мора прво да ти се отворат порите за да ги извадиш црнките. После туширање најубаво, сите пори на кожата ти се отворени. Инаку јас користам маска од Зелена Глина на Виталиа, ја купив од зегин, 500 гр за 130 денари мислам дека. Се става 2 пати во неделата и има ефект одличен, по подолго користење.
Значи ни ленти ни ништо не помага за ова црнкиве, употребувам и од таа маската со желатин што беше на почетокот се забележува ефект т.е лицето ми е мазно од кога ќе нанесам, но немам забележано некое подобрување можеби треба подолго време да се користи.