Еве ќе си се самоцитирам и мислам дека го најдов одговорот уште аптекарката да ми потврди. Најчесто после миење на лицето се чистам со лосион или после туширање и од пареата порите ми се отворени и кога нанесувам ме пече, алергична да сум не ми се верува, камилица има.
абе мајка ми бараше во аптека од тие некои ленти нели за вадење на црнки, ама овие и викаат прв пат слушаат ќе може да ми кажете како се викаат, и која цена се?? фала однапред
имаш од различни производители,мене најмногу нивеа ми се погодени 50 ден е една лентичка ама некаде не ги делат ...како бе првпат слушаат јас им велам само дајте ми една лента за нос нивеа и секаде ги има баш чудно инаку имаш и лентички за т зоната и за брада,иста цена се
Лукс ако лосионот има алкохол во составот (а повеќето имаат), нормално е да те пече. Не си алергична доколку не ти предизвикува црвенило или друга штета на кожата. Ако имаш мозолчиња или ранички на кожата, алкохолот пецка. А ако немаш, нема потреба да користиш такви агресивни лосиони. Доколку те пече многу и ти ја суши кожата, барај безалкохолен лосион или тоник. Има многу благи тоници за чувствителна кожа (пример на Афродита се добри), но не го чистат доволно лицето од шминка, и добро е пред нив да го измиеш или да го исчистиш со млеко. Или после лосионот нанеси тоник за да ја смириш кожата. Треба да испробаш повеќе работи додека ја најдеш твојата програма, зашто секоја кожа е различна. Пецкањето е нормално кај лосионите со алкохол, но тоа значи дека не треба пречесто да се користат, зашто ќе ти ја исушат кожата.
Росе мене не ми излезе ништо ахахахха.......го извадив од микро и додека да го ставам на носот тој поцна да се стега
мене ми излезе, ама теско ми беше да ја направма смесата..пробував неколку пати и се ми беше или стегнато или нејкесе да се направи
пробајте да го држите лицето на пареа од камилица сто е можно подолго и потоа земете лимон и тријте го лицето со лимон ќе пече ама има резултати и на крај плакни со ладна вода и стави крема од краставица
Пробано ми е и оваа, долга е мојата битка со црнкиве мои , лимонот само ги осветлува црнките, а не ги вади
добро било потоа со бурма да ги стргас и се лупеле јас кога бев помала една братучедка така ми правеше
Белка од јајце + овес е одлична маска за значително намалување/ослободување од црнки. Два пати неделно треба да е доста.
Значи, имам две црнки на горната усна, еве нешто како на сликата: Само што, не ми се познаваат толку и онаа на левата е мноогу помала.. Е, мама правела нешто со нејзината бурма, со работ да и излезат (некој си старомоден рецепт, ама сепак помага) но, и остануват мали дупчиња.. Што да правам?
^^ знам за тоа со прстен ама нешто понечисто од прстен нема!! така да не ти препорачало а плус и ја лупи кожата!!јас имав неколку црнки на образите кај носот и помалку на носот, ми се исчистија со маската за лице од авон клиарскин за прочистување на порите, понеколку користења црнките излегоа на површина и само ги стиснав и одма излегоа, потоа им ставив лосион за лице со малку алкохол и утредента ништо немав!
леле BU и јас имав на скоро истото место на горната усна,и земав и ги стиснав и мнооогу ме болеше после мачкав со витаминска инаку девојки јас имам чуство дека од лентите за црнки,почнува претерано да ме чеша носот ?вас?
Ее Бијорселф, мене тие црнки ми се најинтересни, ептен сакам да ми се појави таква Знаеш зошто? Па земам да ја стегам и излегува нешто тенко и во поголема количина од обична црнка и после немам ни дупче ни ништо, црнката ја нема а јас се чувствувам толку гордо на мојата способност и на видот на црнката мислиш сум се искачила на Мон Блан Сега сама си се смеам кога ќе ми текне што правам