Јас мислам дека faye сака да каже со користење на третманов одредено време помага во отстранување на црнките...неможе да има резултати само од еднаш...
ајде малце и јас да се укл... значи јас исто така имам мн проблеми со црнките. имам чисто лице, ама затоа носов ми е леле мајко. црнки, црнки, не мозам да трпам пробав буквално све, од лосиони,тоници, ленти, маски, до домашни рецепти итн. последно сто пробав е колекцијата клиарскин од авон и една маска со саке од ориз и нисто.... ми велат да одам на козметичар ама мене ми е страв дека кога ке ми го истискаат носот, ке ми се подуе и ке ми стане поголем(зш и вака ми е малце покрупен девојки, може ли да ми се деси тоа?
Мислам дека најдобро решение ти е козметичар, веќе кога не ти се отстраниле со многу препарати за црнки. Носот може да ти се подуе и да ти биде црвен најмногу 4-5 часа, затоа ако се одлучиш да одиш на козметичар направи го тоа на пример навечер и право ќе си легнеш па никој нема да те забележи.
залјубена фала на советот, излеа ќе мора да отидам ама сакав да прасам после за колку време ке ми се појават пак? зс сум слуснала дека не е третманот мн траен
Единствено што мене ми помогна за црнки е зелатин и млеко... го нанесуваш чекаш да се исуши и тргаш... Значи све излага ... Толку лесно а корисно .. Рецептот е .... Една лажица желатин , една лажица млеко... Во рерна ко пржиш или како му иде (печиш) ... Кога ке се направи течно го вадиш и со четка нанесуваш на местото со црнки.. Се суши и тргаш
хмммммммммм абе и јас го направив ова ама незнам зошто не ми беше успешно а баѓи ме болеше богами...го оставив убаво да се исуши ама не ми отстрани од црникве.....
И јас го имам ова слушнато а и пред некое време гледав на јутуб како се прави ама не сум го пробала Баш ќе го пробам Се надевам на добри резултати
Женски а на колку степени да ја ставам релната за да се растопи желатинов и колку време да стои, оти за во микровална пишува 10 секунди,ама микровална немам .
и јас немам микробранова, па затоа го ставив на шпорет на најако за неколку секунди е готови, ќе видиш и самата се познава и мене не ми беше јасно како иде ама си покажа тоа самото кога е готово. П.С и веднаш измијте го ѓезвето за топла вода оти после маки ќе мачите за да го измиете
Девојки, не знам дали е споменато некаде погоре, но јас од пред скоро почнав да го употребувам дневниот пилинг на Neutrogena за одстранување црнки и спречување на нивна појава. Навистина делува.
Пилингот на Неутрогена јас го земав 300 ден од Веро. Пишува на него дека има резултати за три недели,јас го користам нешто повеќе од месец дена и ги гледам ефектите сега- црнките ми се намалени,лицето ми е чисто,цел месец ниту најмала бубуличка ми нема испадната стварно сум презадоволна и го препорачувам на сите
и јас имам проблем со црникте !! и онака случајно видов кај другарка ми во каталогот од авон колекција против црнки маска и тоник и си реков ај да пробам интересна некако ми доојде и стварно ми помогна и тоа мннннн!!! ја ја зедов само маската и супер ги ваѓа сеа ќе го земама и тоникот па да видам може ќе се реши проблемов со црникве!!
и јас имам проблем со црникте !! и онака случајно видов кај другарка ми во каталогот од авон колекција против црнки маска и тоник и си реков ај да пробам интересна некако ми доојде и стварно ми помогна и тоа мннннн!!! ја ја зедов само маската и супер ги ваѓа сеа ќе го земама и тоникот па да видам може ќе се реши проблемов со црникве!!
Прв пат слушам за ова баш ќе го пробам. Само може да ми кажеш колку пати треба да се пивтори ова или само еднаш го правиш и толку? Ако ова не помогне ќе пробам и со ова што го фалите пилингот на неутрогена.
читај , ефикасно е ова! ќе ставиш да се вари чај од камилица. додека се вари,после 2-3 мин кога ке ја осетиш миризбата ќе ја ставиш главата над лончето да ти оди пареата во лице.така едно 10 мин и потоа,на месттото каде што имаш црнки ќе поминеш со бурма,пр на нос од горе надоле ,како да лупиш краставица..викаат ги вадело мн и мн помагало. позз