^^ Убаво е.Јас го користам два пати неделно...го чисти лицето и освежува.Јас и немам проблематично лице...Ама вади нечистотии и евентуални масни наслаги од лице.Е сега не знам точно колку беше цената ама некаде до кај 230 ден или помалку, не ме фаќај за збор.Ако сакаш да го купиш слободно затоа што и долго време ќе ти трае, по малку се нанесува на лице.
И јас го користам Clean & Clear и сум многу задоволна.Али сепак секој продукт различно делува кај секого
И јас користам Clean & Clear , неколку пати се имам измиено ми изгледа дека делува. На него пишува од првото миење, но не е баш така. Се надевам нема да се откажам и ќе има резултати
Го пробав домашниот рецепт против црнки со желатин и млеко...е сега незнам дали јас згрешив можи требаше да го оставам подолго на лицето јас го оставив само 2-3 минути...не ми ги изваде црнките, но многу полесно се отстрануваја после ова, значи и со најмало притискање излегуваја. Пробајте, нема шо да згрешите
Јас редовно веќе цела година ипол го користам рецептот за црнки од млеко и желатин, ставам еднаш неделно и чекам убаво да се исуши. Мене ми ги вади и најинтересно ми е кога ги гледам сите нечистотии залепени на смесата. Изгледаат како влакна а всушност тоа се црнките и нечистотиите. И плус сум приметила после тоа кожата на носот не ми се лупи и многу е помазна.
И јас исто откако го прочитав овој совет заминав во тинекс и си купив,многу ми помогна, ти благодарам на овој совет
Дечки, од каде може да се купи желатин? Секаде барав низ Скопјево, никаде нема ни во Рамстор,ни во Веро.
Голем проблем си имам со црнките на лицето. Ме нервираат ужасно! Имам на носот и на брадата, значи постојано ги имам, многу тешко се отстрануваат со притискање и после тоа ми излегуваат уште повеќе. Што се не сум пробала да знаете, ама нема спас сеуште...
И јас имав проблеми со црнки, посебно на носот, ама откако почнав да користам Neutrogena-гел за миење на лицето, ми се намалија....
Не можам да кажам дека исчезнаа, ама сепак, помалку се од што беа и некако, помалку се гледаат.Гелот е околу 300 ден., а го имаш во сите поголеми маркети, а и во аптеки.Еве како изгледа:
Јас пробав со желатинот...има ефект.Мислам дека со почесто користење ефектот ке биде поголем. Ако ништо друго повшински ги чисти подлабоките црнки, тие помалите скроз излегуваат и лицето станува многу нежно.
Се меша желатин и млеко и се става на лице? Вака правите? И јас сакам да пробам со ова глеам мн го фалите