Јас неможам да најдам желатин (или па слепа сум)... ај кажете во какво пакување го купивте може така ке го видам...
во најобична ќесичка, како што се продава ванилин шеќер, прашок за пециво и сл. Барај го кај пудинзите и додатоците за колачи во сите супермаркети обично таму стои
Ќе ве замолам кој го знае рецептов да го напише. И јас имам проблеми со црнките и тоа само на носот инаку чисто ми е лицево.
Имаш на претходните страни како се прави.Јас ставив 1 кесичка желатин 1 лажица млеко и во микро прво на 10 сек ама не бесе како што треба растопено па +10 и беше ок. Иначе и на шпорет го правев ама треба повеке време на умерена температура
Јас црнки највише на носот имам и многу ме нервираат,ќе идам за некој ден на козметичар пак да ми ги исчистат инаку вака не иде.
Го пронајдов желатинот еве каде ..ГТЦ приземје, малата продавничка спроти продавницата на Веро. Нема шанси да ја промашите п.с. беше 12 ден.
Мене не ми помогнаа разните гелови и машки, едноставно навечер со прсти ќе ги стиснеш црнките и тие сами излегуваат, исто како кога стискаш бубулица што има гној, малце гадно но помага
Јас имам чуство дека лентите за црнки баш и не ми помагаат,туку како повеке и повеке да ми се прават црнки
Пробав ленти-ништо, желатин-ништо. -.- Пак би пробала со ленти, си мислев да не има повеќе ефект по туширање (се отвараат порите), тоа ќе биде мојот последен обид, ако пак не успеам, ај гив ап!
Рок-а-фела оди на козметичар да го видиш Господ. Јас имав црнки посебно околу носот, повеќе ми се познаваа, често мајка ми ми ги стискаше, ама немаше некој ефект за подолго време освен што ми се појавуваше многу црвенило кое траеше со денови. Имам пробано и ленти, лентите се само џабе фрлање пари, не помагаат, исто како летна за депилирање да сум ставила на лице, а црнките остануваат . Отидов на еден третман на козметичар, прво ти го парат лицето(со пареа), потоа убаво ти се отвараат порите, и кога ги вади црнките не боли кој знае колку многу, по сето тоа те мачка со крема, за да не се појавува црвенило. Еве на раат сум веќе можеби шест месеци. Се‘ друго е само фрлање пари за креми, желатин или ленти, се исплати да отидеш на козметичар.
За тие сто користат ленти за црнки најубаво е на пареа прво десетина минути да се отворат порите...така многу повеке излагаат....
И претходно беше спомената колекцијата на Neutogena, како ефикасна против митесерии. Јас го користам лосионот Blackhead eliminating од оваа колекција и ептен сум задоволна. Длабински ја чисти кожата и ја спречува појавата на црнки.
Neutrogena ја има во Веро. Околу цената не сум многу сигурна, мислам дека ја земав со некоја промотивна цена 250-260 денари, ама провери. Инаку Neutrogena е бренд, нема утка. Сум го препрачала лосионот и на деца во ран пубертет 12-13 год. за чистење на првите митесерии и мајкиве се многу задоволни. Постои и 2 во 1 (маска и средство за миење на лицето). Пак велам за цената не сум сигурна,како и да е, вреди.
Неутрогена има и во Тинекс. Баш го гледав пилингот за лице беше околу 300 и нешто денари, но неколку форумџики го пофалија како ефикасен против црнките.
Јас користам тоник против црнки од Авон. Баш и не ги елиминира црнките ама значително ги намалува порите, го чисти лицето и го изедначува тенот и крајниот ефект е свежо лице. ))
Во пола литар или литар вода се вари една китка магдонос, се прави чај и откако ќе се свари се цеди преку газа магдоносот за да се истисне целиот сок, и кога ќе се олади се додаваат 4-5 лажички јаболков оцет. Се мачка со памукче 4-5 пати во денот. Рецептов го слушав на ТВ и жената што го кажуваше кажа дека помагал за црнки и за акни и дека за 7 дена се забележувало губење на акните, црнките. Btw братучедка ми го испроба пошто немаше време за 4-5 пати да се мачка во денот, по 2 пати се мачкаше и задоволна е. Се надевам на некој ќе помогне. Спојлер се извинувам што постов го постирам во неколку теми но можеби ќе им помогне на читателите
пробајте направете си домашен пилинг од пченични трици и јогурт. Супер е за цело лице, а посебно ги чисти и црнките на носот, јас пред малку си правев и не можам да се изначудам колку ми е мазен носот и нема ниту една црнка поќе