Како мала имав проблематично лице, и после ми се исчисти ама црнките останаа.Ги имам на носот и помалку на брадата.Јас ги стискам ама не поминуваат туку се обновуваат и стварно се неподносливи!Оваа со пастата може да го пробам, не ме чини ништо
Јас си правам секој месец кај козметичар третман хидрадермија од гуинот, и можам да ви кажам дека стварно е екстра третманот, не е ефтино, амо тоа што го добиваш е топ услуга.
нема козметички препарат со кој може да се ослободиш од црнките. Бараат редовно чистење на козметичар, барем некои 3 месеци, по еднаш месецчно, а потоа може да си го одржуваш лицето со пилинзи, маски или тоници. Се додека механичкине се исчисти кожата, нема нешто што ќе ги одстрани.
емче на упаството ти пишува како се раствара глината се ти е напишано само треба да си ја купиш јас ја имам таа за надворешна употреба и секоја недела си правам маска од нејзе со вода и неколку капки лимон еве баш сега пред малку ја извадив
зелената глина има многу благородна функција најсериозно...јас сум презадоволна...ми го исчисти лицето скрос, а ми беше катастрофа последниов период, и дури и сега пред да добијам не се исфрлив hock: плус си посвежа, оној здрав сјај го има лицето...а да на упатството ти пишува, една лажица се раствара со 300мл вода се меша и се остава пет мин. да се наталожи глината, па се пие...и притоа нетреба да употребуваш метален прибор...ни лажичката...или и отвори си виталија.цом.мк....и ќе си прочиташ се
ЈАс од кога барам зелена глина за пиење, таква, ама една аптекарка ме праша што е тоа hock: Сега тргнувам навистина во потрага и почнувам и јас да ја користам.Инаку маската од глина и тоа како помага, барем мене ми е ок, само што некако немам навика во последно време да користам :roll:
А прочитав некаде и за лепенки некои за црнки вадење, па може некој поточно да ми каже колку пари се и каде ги има?
тие ленти за вадење црнки се на нивеа се ставале на мокра кожа и се оставале 15 мин да отстојат... цело пакување мислам дека е накај двеста и нешто денари а ги имало и на парче 49 ден биле мислам прочитав ама не сум сигурна...
Најсериозно, остана ваква hock: кога прашав ми идеше да и лупнам една, да ја вратам пак во клупа, да научи :twisted:
Јас ги имам користено тие ленти за црнки, не ми текнува колку пари беа ама добри се , ги вадат црнките. Лентите се за нос, таква форма имаат а ги има во секоја аптека.
па толку научила дефинитивно и требало назад во клупа да се потсети на тоа што го учела ако воопшто учела
Да, пече...остај нека пече се додека не престане ...ако можеш да издржиш нормално ...дури не се исуши ...ама ако имаш многу чуствителна кожа не претерувај...за да не ти поцрвени местото, јес да тоа ќе се повлече ама пак...што знам!
Вчера пак правев,и се осветлија,а за печење гајле немам Интересно ми е убаво ладно ми доаѓа Вечерва пак ќе ставам
Немаат речиси никаков ефект.... Птедпоставувам дека дејствуваат на некои екстремно меки црнки и дека од 10 само 3 ќе се одстранат. За црнки само убаво стискање и псоел тоа редовно чистење....
Јас имам еден начин ми помага доста барем мене....мн едноставно ... треба барем 1 дневно да се измие лицето али не само со вода него со ракавица онаква за бањање и ракавицата да е цела со сапуница ...било дали е сапун( не сув сапун бидејки ке го исуши мн лицето)...или пак купка...и триење посилно на лицето не само на деловите каде што се црнките него цело лице ...и потоа од кога добро ке го истрљате нормално се мие лицето...а и плус одвреме на време може и стискање на црнките ...секогаш ми помага вака али ме мрзи секој ден да го тријам со сапуница лицево own: