Имам неколку на носот....и ненормално ми идат на живци....сум го пробала ова од авон ама не го добив саканиот ефект
епа пченични трици ( јас од виталија ги имам ) ќе ги измешаш со неколку лажици јогурт за да се добие хомогена смеса, но внимавај да не биди премногу течна, нанесуваш на лицето со нежно масирање, оставаш 2-3 минути и миеш со млака вода.
И јас имам понекоја на носот Но, со домашно приготвена маска ми излегуваат, па ја правам 2-3 месечно http://www.youtube.com/watch?v=-bjOB4zS0uE
Го имам пробано ова од видеото и ништо не излезе. Ја земав пак лентата од Нивеа, и одма после туширање ja ставив. Пак ништо, 2-3 дали имаше излезено. После тоа 2 дена ме чешаше носот од лентата, ми се нафрла цел Ништо веќе не пробувам, нека си стојат
и јас имам проблем со црнките на лицето и одам 1 месечно на козметичар и сум многу задоволна девојката кај којашто одам ми препорача да купам пена за чистење на лицето од афродита и крем од истата линија (меѓутоа кремот неможе да се најде, бидејки таа ми го порачува, го доставувале само во салони или сл.) пената ја ставам наутро и навечер пред спиење, а кремот само навечер и доста помагаат, речеси се незабележливи црнките
^И јас имав таму. На другарка ми мајка и ми ги истиска (козметичар е) и сега нема ни трага од црнките. Така да, единствено чаре ти е тоа.
Го имам пробано повеќе пати ама не помага . Друго нешто треба да се бара . Колку пари земат на козметичар и од еднаш помага ли ???
Друго нешто - одиш во купатило, застануваш пред огледало и земаш онака наеднаш да ги стегаш сите црнки од носот (прво тие од врвот, па тие од страните, значи во три потези), и ќе видиш како ќе излезат сите, а и нервозата од тебе. Не работиш со нокти, само со прстите странично, и после чувството е неопишиво
... и после продолжуваш да бараш нешто на челото, образите, негде обавезно употребуваш нокти зашто некои ги сметаш за тврдоглави, а уствари нема ништо внатре, пресисани се одамна Па после се гледаш цела со црвенило, си маваш еден шамар и ја пушташ шишката да те скрие... hock: hock: hock:
Искрено не знам точно колку пари е бидејки тогаш имаше некој попуст во студиото 10 третмани за 2000ден и тогаш искористив. Навистина имаше реазултати можеби некои два/три месеци. Третманот се состои од парење на лицето, да ти се отворат порите, потоа те стиска козметичарката, на крајот те мачка со маска за лице за да немаш црвенило и тоа е марифетот.
Јас дома си правам пареа-третман, стојам дваесетина минути над тенџере во кое има убаво зовриена вода со камилица внатре, и потоа со прстен одам од горе на долу по лицето неколку пати, и така бидејќи порите се отворени се лепат црнките на прстенот. Го бришам прстенот од паломче, и пак од горе на долу, се додека не ми се истават. И дејстува. Но, секако ни тоа нема траен ефект, па така јас го правам на една или две недели, зависи.
Во последно време користам http://www.ivis.bg/garnier-skin-natural ... p3110.html за црнки и сум задоволна
Да не ја суши ова многу кожата, зашто сум користела некои па после образите ми се лупат од нив? Од тоа на Авон немам проблем. Баш вчера го гледав ова во еден маркет 300 денари беше ама си викам ќе прочитам на фемина првин што како, па ако има пофалби ќе го купам
и јас баш гледав на форумов има доста девојчиња што го фалат така да вреди да се проба а и не е скап имам и јас голем проблем со лицето па планирам да си го земам викаа дека бил добар за мрсна кожа со акни