од кај ја зема и колку? употребуваа зелена глина повеќето до форуџикиве и имало ефекти за чистење на лицето ама незнам дали има ефекти конкретно на црнките, ај пиши за резултати
Еве сега ја ставив сината глина, различна е од зелената Ќе ја користам месецов, па ќе пишам резултати
држи го лицето на пареа од камилица,(во тенџере топла вода стави неколку ќесиички чај од камилица и покриј се со крпа) стој 10 мин. и потоа со прстен помини на зоните каде што имаш црнки, со благо притискање. Спојлер навечер пред легнување можеш да користиш хлоранфеникол лосион за лице, прекрасен е а не е скап до кај 100 денари е
кај мене ништо не помага од сите маски што ги имам користено ми се лупи ностот и нафрла, а со стискање едвај некоја ако излези ..
Пубертетпт си го прави своето, и јас пред една година имав многу црнки, но ете пилинг лево десно, се повлекоа, немам толку
пробај нема ништо да изгубиш, и можеш да ја пробаш смесата со желатин и млеко но незнам какви ефекти ке има кај тебе во секој случај пробај си
мислам дека нема ефективен лек против црнки , и да ги исчистиш пак си се прават , се сум пробала, ама безуспешно
Најубав лек на црнките им е стискање. Неможе да се исчистат и никогаш повеке да не се направат.. Така да повремено чистење (стискање) им е решението.
Стискањето помага, но после пак испаѓаат, значи глина, маска од глина, каква и да е, не ебитно, или има чаеви едни од глина, на ден по еден
црнките се јавуваат кај лугто со мрсна или комбинирано (на на мрсните делови) кожа, така што не е доволно само да ги исчистите црнките (што реално не е некоја комплицирана работа, во секој козметички самон со 3-4 третмани ќе постигнете добар резултат), проблемот е потоа правилно да ја негувата кожата за да спречите повторно појавување на црнките јас имам комбинирана кожа со убаво истакната Т-зона и ја користам кремата за комбинирана кожа од нивеа, чини околу 300 ден. ама вреди до последен денар ПРЕВЕНЦИЈАТА Е ПОБИТНА ОД САМИОТ ТРЕТМАН НА ЦРНКИТЕ
еве за оваа ви зборувам, таа е за нормална до комбинирана кожа, ако твојата е мрсна друга побарај ја за мрсна кожа кремата од таа линија
Мене многу ми помогна за црнките производ на Nivea... незнам точно како се вика но како фластер е. Го има во веро, се продаваат и на парче и цело кутифче. Можам да кажам дека помогна само по четвртиот третман.. немам повеќе црнки Пробајте, па кажете ми дали има ефекти