Го има само во Веро ? Не сум од скопје а тука нема веро. Знаеш дали го има низ аптеки или маркети ? И колку пари чини ?
Пробај со сапунот doctors не ми текнува као се баш викаше паковчето беше бело со нешто жолто,портокалово на паковчето си пишува за акни,црнки околу 70 ден е
Дечко ми имаше се испробано за црнки и акни како и јас... И нишо не помогна... Ама дознавме за еден многу добар дерматолог.... Дечко ми реши да оди да види шо како...И му ги истискаа се.. И според кожата дава жената креми и лосиони.. И еве има пола месец поминато он нема нишо више.. Следниов месец ке одам и јас да видам шо ке направам Ги има во аптеки и продавници за козметика
Само што го пробав рецептот со желатин и млеко и резултати ама скоро никакви. Единствен спас ми се лентите од Нивеа.
Се извинувам, но не сум ја отворила темава и не сум видела дека сте поставиле прашања.. Инаку лентите ги има и во аптека како што кажа Shaila
Дечки сестра ми и јас имаме проблеми со мозолчиња и црнки. Татко ми ја носи сестра ми во Бугарија на еден кожен доктор. Последниот пат кога отидоа тој на сестра ми и даде некој кремови на sebamed. Состојбата на лицето со мозолчињата и црнките многу и се подобри, но сега останаа само лузни од претходно стисканите мозолчиња. Само незнам дали тие кремови ги има овде, но проверете, распитајте се, навистина помагаат. позз
И јас имам црнки на носот Ти ги чистиш само со сокот од лимон или..? Те молам кажи ми да пробам! Благодарам,однапред!
Лепенките за црнки од нивеа , како се користат поточно.. Само се лепат на суво лице или треба претходно да имаш направено пареа (инхалација) на лицето ?
Подобро е прво да направиш пареа на лицето,затоа што ќе ти се отворат порите па полесно ке излегуваат црнките,инаку тие лентите на Nivea се стават на малку влажна кожа па ги лепиш на тој дел од лицето што сакаш и ги оставаш да делуваат 10-15 минути,па кога ке се исушат на кожата во еден потег ке ја тргниш лентата,јас сум пробала неколку пати со лентите се вадат црнките но само површински,длабински не ги отстрануваат.
Ако може да ми кажете колку од прилика се лентите за црнки од Nivea? Јас секогаш одкога ќе се избањам ги стискам и убаво излегуваат ,дека се отворени порите, ама пак излегуваат..
Мене ми се појавија во делон на устата ги оставив некое време и потоа ги исприцкав и еве сега немам повеќе
И јас го имам истиот проблем со црнките за жал ..! Имам на носот..Мајка ми ми купи една лепенка од аптека, 45 денари, прво го навлажнуваш носот со вода и пред да се исуши ја залепуваш лепенката. Чекаш 10-15 мин. и одлепуваш полека и претпазливо. Но сепак, на упатството пишува таа постапка да се применува на минимално 1 месец. А јас го имам истиот проблем после 2 дена од таа постапка со лепенкатаа . За на козметичар мислам дека сум мала, имам само 13 год. Сестра ми пробуваше да ми ги исчисти со стискање со ноктите, но делот кај што ми се црнките e многу тврд и мазен, така што и тој обид беше неуспешен. Навистина грдо изгледа, не гледам начин да ги отстранам овие паразити од мојот нос. . Ако знаете некоја друга опција освен козметичар, и секако што може да ја примени личност на моја возраст, ве молам најјјјјјјмнооогу ве молам да ми кажете . Очајно се трудам веќе 2 месеци и се повеќе се разочарувам...
Јас лично ги немам користено, но мислам дека може и на двата начина, но мислам дека прво треба да го испариш лицето за подобро да ти излезат. Барем јас така мислам. позз
Еве неколку начини 1.Испари го лицето и потоа со Νivea ленти за отстрануванје на црнки пробај, можеби ќе ти успее. 2.Испари го лицето и земи со златен прстен помини врз црнките. 3. Испари го лицето и одма потоа земи исчисти го лицето со лосин, јас користам клиндацин, но може и со некој друг.
Тие што користеле хлорамфеникол-колку време да ми стои на лице и како после да го извадам?Треба да тријам со пешкир или само да се измијам со вода?