poveli: Убаво истолчете 2-4 апчиња аспирин и додадете млака вода. Ставете ја смесата на чисто лице, оставете да се исуши 5 минути и масирајте нежно некое време (многу нежен механички пилинг). Потоа добро исплакнете го лицето. Потоа ставете крема, но не премногу масна бидејќи таквата ќе го спречи ефектот на аспиринот. На почетокот лицето малку ќе ви се вцрви, но после некое време црвенилото ќе го снема, а лицето ќе остане со убав, здрав сјај и нежност.
Dove Beauty Bar, Gentle Exfoliating смрт за црнките, мене многу ми помогна, се користи еднаш на ден како пилинг е, јас навечер го користам, секој ден, а потоа со нивеа крем се мачкам и супер е лицето, помага и за мозолчиња го има во супермаркети, аптеки и е околу 70 денари
Да се тргаат, но, за кратко време се пак тука проблемот е требало да се елеминира во пубертетот мислам...кога кожата се мрси...кога се ствараат првите проширени пори...сега веќе ни преостанува само да го одржуваме и редовно да ги отстрануваме црнките
Да, тие помагаат многу дури, чудно колку вади, но сепак тоа е за созреани црнки, има упатство како се користи
И јас имам доста црнки на носот.Ги пробав пред некое време лепенките од Нивеа и ми помогнаа,но сепак после некое време пак си се враќаат...
И јас имам огромен проблем со црнките и тоа мене ми се појавиа ептен рано , накај 3/4 одд. Од тогаш цела брада ми се направи со црнки, а сега и носот ми е со многу мали црнки...мислам дека секој ден по 5 нови ми се појавуваат Сум пробала со ленти и ни една не ми извади Некое друго решение има?
Стави чај од камилица и на неговата пареа постои некои 5-6 минути а потоа со бурма вади ги. Се отвараат порите и без проблем излегуваат цркните. Јас сум пробала и задоволна сум. Ама на крај намачкај го лицето со некоја помада!
Clear Skin од Авон за црнки, верувај доста помага..и јас имав голем проблем али после 4/5 миења со него, комплет ми изгледоа. Само не го користи толку често, затоа што и ја суши и кожата. Еве мене јас имам мрсна кожа па некако нагло ми дојде тоа, и ми ептен сува сега, али се стабилизира. Така да, пресреќна сум, што конечно ми се исчисти лицето.
Фала, само мене ми е проблемот дека ми се многу " стари " црнките.... има некоја врска тоа или мислиш пак ќе ги извади?
Од црнките нема спас, за жал Јас имам на носот. Секојдневната грижа ми се состои од миење со Garnier Pure 3 in 1. Областа каде имам црнки ја тријам посилно и со тоа си правам пилинг бидејки гелот има ситни гранули. Отприлика еднаш во неделата се мачкам со истово бидејки истовремено е маска. Порано одев на козметичар еднаш во месецот но сега немам слободно време па одам кога можам...
Mислам дека нема да имаш проблем, сепак пробај, и јас така си мислев дали да ги земам..ова она..незнам колку пари веке имам потрешено за тоа, дали ке бидат ефикасни.. Сега си викам, шо не ги земав порано, рај било ова
Leeloo, дали пишуваш за продуктите на страна 126 од тековниот каталог? Дали ги користиш сите 3 продукти или само гелот за миење ? http://www.avon.com.mk/brosura.htm Се мислам, бидејки имам мешана кожа која е екстремно сува на образите, дали да ја нарачам само маската и да ја ставам повремено на на Т-зоната, каде што се црнките
Да, тие се. Јас ги зедов 2-те, значи пилингот и гелот (сините). Вака, пошто овие препарати ептен ја сушат кожата..затоа мислам дека најдобро ке ти е така, само маската колку да пробаш пред да gи нарачаш сите и ставај само каде што ти се црнките. Доколку имаат ефект, после лесно е ...пошто јас така се заебав, ама баш ич не ми текна тоа, и се мачев 3/4 дена додека ја доведам во ред кожата Сега си реков еднаш до двапати само ке ги користам во недела.
И јас сум задоволна од овој производ на Авон, многу убаво ги чисти црнките и лицето го прави мазно. Другарка ми е козметичарка и ми има кажано дека најубаво се чистат црнките под пареа, да се отворат убаво порите и тогаш да се чистат. За појава на црнки може да делува и некој производ за лице кој го користите, на пример една моја другарка не употребува Бекутан крема за лице затоа што од тоа на брадата и се појавуваат црнки.