Во било која аптека, парче 45-50ден, а цело паковање 300ден, во кое имаш 4 ленти за лице и 2 за делот кај челото и брадата Или после туширање залепете обичен фластер на делот кај шо има црнки. Нема да ги извлечи сите, ама дел сигурно )
Во сад стави топла вода и наведни се со лицето над садот, покриј си ја главата со крпа и пареата ќе ти ги отвори порите,после лесно можеш и самата да си ги извадиш црнките.Јас се мијам со Гарниер сапун за нормална и комбинирана кожа и сум задоволна.
баш вчера пробав така .. над пареа да стојам .. и да си ги истиснам црнките ... али ништо .. ми се чини моиве црнки со ништо не се вадат
Квасецот го раствораш со ладна вода ? И кога ќе ја излупиш маската го миеш лицето ?? од каде ја купи ?
Сакам да прашам колку се оние ленти за отстранување црнки на лицето и дали помагат,мислам ги отстрануваат ли црнките?
Ауу да тие од Нивеа, 45 дена е една лента, ја последно си купив 2, и се зачудив како излегуваат. Од тие за на нос, како си се накотија на лентата, треба пак да си купам. П.С 10 минути ќе изгледаш ко носот да ти е скршен. И пред да ја ставите лентата на чисто лице, таа треба да биде сува, а местото т.е носот да биде влажно, намачкајте го малку со вода пред да ја залепите.
Баш ќе пробам.Бидејки има луѓе на кои не им помагаат овие ленти и затоа не бев сигурна. Во продавница треба да ги има нели? Фала за советите
Леле девојки јас си направив проблем Вчера вечерта досадно ми беше и се гледам имав некои како внатрешни црнки, нема одозгора такво црно туку како дупки и кога ќе ги стиснеш како црнка излага, вајда тоа е. Имав едно 10-15 ги испостискав и си го направив местото лом, цела сум со рани Ни пудра не покрива, а утре сум во школо ваква ко претепана не се појавувам па што сака нека е Што би ми помогнало?
Прво што ми текна на памет е да почуваш мраз на раните или да ставиш ладни кругови од краставица, можда малку ќе спадне тоа црвенилото, друго не ми текнува.
Јас вчера го направив пилингот со сув квасец за отстранување на црнките ама ништо, никаков резултат кај мене нема. Сега планирам да го пробам тој со аспирин па да видиме. Позз
Јас го имам пробано пилингот со аспирин ама немаше никакви ефекти. Ама зависи кај некого може да делува, кај некого не, најмногу зависи од типот на лицето.
Никако сами вадење црнки, строго на козметичар бидејки има такви црнки и поткожни бубулици што се вадат со само со иглички. Сами дома ништо освен беља нема да направиме.
Ако некој се одлучи да ги ваѓа сам(а повеќето го правите тоа) земајте памукчиња или тоалетна и секако со чисти раце. Мене и на козметирач ко бев веѓиве да ги правам, козметирачката ми ги стегаше со памукчиња.
Јас пробав да ги извадам црнките од носот како што е прикажано на видеово, ама го немаше тој ефект што го очекував. Ги купив потребните состојки, ставив се како што е опишано, ама некако потечна ми испадна смесата. И ужасно лошо мирисаше Ако пробал некој вака да ги среди црнките, нека сподели искуство. Моментално во потрага сум по ваквите купечки pore strips, ама не можам да најдам. Да не видел некој по аптекиве? http://www.youtube.com/watch?v=-bjOB4zS0uE
Јас го имам пробано ова .. и .. бидејќи кожата ми е специфична .. и црнките многу тешко ми се вадат ... имаше ефект ... минимален .. инаку јас би ти препорачала .. откако ќе ставиш желатин и млеко (во филчан) во ѓезве .. стави жешка вода.. и потопи го филчанот до некаде .. за да се стопи желатинот .. и таман кога ќе се стопли смесата .. ќе помогне и во отворањето на порите .. и ќе има поголем ефект .. иначе смесата ...гледај да ја правиш не многу густа не многу течна .. со неколку припремања ќе го совладаш .. ти посакувам среќа
Мене конечно по којзнае кој пат, ми успеа ова со желатинот. Не ги вади сите црнки, мислам само оние кои се созреани. Сепак, одличен пилинг за лице.