45 денари или 50, мене лично не ми дадоа некој ефект за тогаш, да али после пак се појавуваат, треба секоја недела да користиш
И мене лепенките од Нивеа не ми завршија никаква работа.За црнките и акните одам на козметичар.Неутрогена сметам дека е добра козметика за овие проблеми. Со години баба ми ме тераше да ја пробам маската со квасец.Таа тоа го правела додека била млада и многу и помогнало па мислм дека после толку години ќе ја послушам
Ми се прават на лицето црнки ,а кога ќе ги стегнам ми се прават бубулици,и затоа сега си правам чај од камилица и над пареа 5 до 7 мин,потоа го бришам и тријам лицето со крпа и видов добри резултати ми се подобрува,а козметичарката ми кажа да си зимам нивеа софт за во зима,сеуште го немам зимано ко ќе купам и ќе кажам резултати
Ништо ама баш ништо не ми помогна се додека не ја пробав маската од гарниер за црнки најпрвин го парам лицето или со камилица или со сол па потоа ставам од масата ми помогна мн а и 2 пати неделно се користи
Пробајте го тоа со желатин мислам дека го има нацинот како се прави и се става на лицето мене колку толку ми помогна за разлика од дрругите препарати и чуда кој ги ставам
вака, за да збориме за препарати за отстранување на црнки првин дали сите знаеме што всушност се тие и како настануваат? - на кратко, некои пори не се затвараат и додека се отворени ни се полнат со пот.. и разни нечистотии. - е сеа, одкако се пополнети порите со нечистотии ги имаме тие црни дамки низ лицето и се прилично незгодни за чистење. - поентата при нивно отстранување е 1: да ги отвориме порите за да можеме полесно да ги исчистиме (со пареа) 2: стискање, налепници.. (како сакате да ја извадите нечистотијата од порите - ваш избор) и да, мора да се направи ова - нема лице без црнки без овој процес. 3: убаво да се измие и исичисти лицето (вода + тоник некој) 4: сега сме ги изпразниле порите.. но ако ги оставиме отворени пак ќе се наполнат со нечисстотии = црнки. затоа треба да ги наполниме порите со хранливи материи пред да се наполнат со нечистотии и да ги затвориме. - тоа се прави со некоја многу хидратантна крема а потоа може со мраз да поминете низ лицето - на тој начин ќе ги затворите порите. мене лично многу ми помогна ова објаснување во борбата со црнки. се надевам бев барем од малку помош.
Да ве прашам нешто.. Вака Јас имам многу црнки на лицето и слушам дека било убаво да се вари чај од камилица. Е сега, како го користите вие ? Поминувате по лицето со памуче натопено во чајот или ...?
Ме интересира дали знаете каде можам да набавам вакум апарат за лице во Македонија? Тој слушам, многу помагал во отстранување на црнките.
А колку пари ја заде маската, дај да ја пробам ако не е многу скапа, макар што мислев да пробам со лепенки????
Во Техно маркет... пред неколку месеци беше на попуст и беше некоја смешна цена околу 900ден., ама јас не го купив бидејки немав појма каков ефект има
300 и нешто е, зависи каде. Во Веро во ГТЦ ти е поевтин, ако си од Ск. И нешто ми е интересно, таман некој ќе даде асален одговор, одма следува-хеееееееееееееееелп имам црнки!! Аман бе, погоре имаше објаснување степ бај степ. Y U NO Read first?!
Имам исти проблеми.. со црнките, на носот, челото.. одвратни се.. Бев на козметичар, имаше добри резултати но 2 дена лицето ми беше црвено. Болеше но вредеше, ама повторно ми искачаат немозам секој месец да одам на козметичар.. пробав со секакви маски не делуваат. Знаете ли некое средство што има ефекти ??
Јас ги пробав лентите на Нивеа.Мислев дека ќе ми се тргнат сите црнки од носот наеднаш Делуват...ама изгледа треба почесто да се користат
Meне како дупчиња на образите ми се појавија,не знам од што така,не се стискаат ни ништо Cега што да му правам?
Немам којзнае каква кожа (мислејќи на мрсна) па да ми се познаваат црнките. Од далеку лицето ми е чисто од поблиску црнките се мали но сепак не е убаво да стојат на лицето дали некој може да ми каже каде да ги „одлепам“ тие црнки Слушнав некој домашен рецепт -Желатин -Млеко и многу малку шеќер. Треба да се измеша малку желатин и една супена лажица млеко да се подгрее да се намачка и да се почека да се стврдне потоа се одлепува лентата. Желатин неможам да најдам во блиските продавници ... а во овие времиња не излегувам подалеку Знаете ли некој друг рецепт за домашно отстранување на црнките? ... ве молам помош.
Еве и од мене еден домашен рецепт (извинете ако го има претходно од некоја друга членка ) Пченкарно брашно помешано со млеко се става на подрачјето со црнки и се остава околу 10-15 мин. да се исуши. Се отстранува со триење и му доаѓа нешто како пилинг... А го знае ли некој рецептот со бурмата?