Дали некој има искуство со маслото од прополис од производите на Про Хербис, т.е. Златна пчела, од Протехна од Белград? Велат дека тоа доста помагало, а чини 350 денари околу 50 мл мислам дека е.
Некаде имаше напишано дека за oтстранување црнки треба талог од кафе...Има ли некој слушнато?Како се користи?Помага?..
Здраво девојки =) Овој проблем и мене ме следи долго време..Скоро се сум пробала но ништо небеше ефикасно. Oд Авон нарачав Clear skin 3 во 1 гел, пилинг и маска за лице, значи прекрасно делува немам ни една црнка на лицето веке. Исто така си земав и Пилинг маска за чистење на лице против мозолчиња.
Женски јас го пробав тоа со желатинот и млекото и сега имам тоа на нос... Па дури и на мајка ми и ставив, и она се подаде Сега уште да видам како ќе делува па ќе пишам импресии... Спојлер Ама ужасно смрди ова еј..
Јас ти се извинувам тебе што покасно ти враќам, сега забележав дека си пишала.. Кај мене излезе добро, ставив една и пол лажица млеко пресно, и желатинот скоро цел од кесичката, мал дел не го доставив.. Го измешав заедно во мала чаша, и чашата во ѓезве со вода, ја загреав водата до вриење и така некоја мин колку да се измеша смесата, да биде хомогена.. Потоа почекав малку да се олади, види на рака пробај дали ќе издржиш колку да ти биде топло и стави два слоја од смесата..Почекај 10 мин и вади ја.. Кај мене не излегоа многу само една црнка јас приметив но јас и немав многу( по тоа мама што ми го кажа ) но мислам дека еднаш неделно, еден месец вреди да се проба.. Не е скапо а ако не друго барем пилинг си правиш..
А тоа со брашното помага нешто? Тоа со бурмата е да стоиш над варена вода над пареа и после тоа со чиста бурма да поминеш на местото кај што имаш црнки(додека порите се отворени значи тоа) и колку толку ќе излезат. Па после ги затвараш порите со крема.
Целата финта на тоа со брашното е пилинг. Кога го отстрануваш триеш со што вршиш пилинг на кожата со погрубите честички од брашното, а млекото ја омекнува кожата. Исто добар домашен пилинг за лице и тело е шеќер помешан со млеко. Мене бурмата искрено не ми се свиѓа. Не ви ги вади црнките од корен, а си ја гребете кожата. Стикањето со памукчиња, пилингот и отворањето на порите над пареа се спасот од црнките.
За таа маската со мед и апсирин, по колку точно аспиринчиња се става? И маската се става пред или после парењето? Горе во коментарите како што прочитав пред парење, ама пак зарем со нејзе ќе бидам над пареата?
Tоа со бурмата помага, еднаш ќе го испариш лицето, потоа со бурмата ќе го помининеш убаво лицето како да гребеш по лицето, не многу јако, да стискаш нормално.
Мене мајка ми ми има кажано за ова..и јас имам црнки само кај носот...вака треба да свариш чај од камилица и откога ќе го свариш додека е жежок застани со лицето над него што поблиску и стави крпа на главата за пареата да ти оди право на лицето не надвор од него..убаво покриј се со крпата и стои над тенџерето се додека не ти се испоти лицето(максимално потење но не ептееен) и кога ќе ти се испоти со со крпа избриши се...мислам дека ќе ти се извадат црнките. Јас имам пробано после тоа убава е кожата на лице оти камилицата ја смирува кожата...мислам дека скроз сите црнки не се извадија тоа треба да го направиш повеќе пати...нормално не на секој ден...пробај и кажи какви ефекти има...
Дали ја има користено некој колекцијата од орифлејм, пјур скин, поточно маската и гелот против митестери и акни. Ги гледам дека се на намаление во новиот каталог, па некој ако ги користел нека пише дали има ефект.
Јок нема веруј мене бубулици ми се исфрлаа од нив и двете ги имам користено не вредат за ништо.пробај со гарниер што е маската за црнки околу 300 ден е а и мн долг период ке си ја користис прво ке го напариш лицето па потоа ке ставиш од неа мене само маскава ми помогна мене за др нз.позз
Да прашам нешто! -Црнките се дел од пубертетот? лол Јас сум немала црнки но имам пубертецки брунки не многу но ги има! http://www.youtube.com/watch?v=cMgqQEsl ... re=related еве неколку примери како да ги остранете се надевам ќе ви помогне!
Девојки мене ми помага една маска домашно направена, се се јаде, и се прави од пченкарно брашно и кисело млеко, што потоа ми делува како scrab гел кога го измивам, ми ја смирува кожата итн.. а и секојдневно го мијам лицето со чај, или вреќички од чај од камилица, инаку и јас сум иста, ништо хемиски, вештачки произведено не ми делува, последно што барем малку ми помогна беше Scrub gell на Nivea за тинејџери Пробајте..
Девојки, пак јас на темава, со нови црнки... И пак ќе ви ставам слика да видете на кое место се отрпилика: Пак на работ на устата. Една пробав да ја истискам, ама не бива, после цел околен дел ми поцрвенува, ме боли... Минатиот пат ги исчистив кај козметичар, ама сега не можам.. Епа, мислења?
Вака, во голем сад зовриј вода и остави да делува 2-3 мин. камилица (чај). потоа наведни се над садот стави си некоја крпа одозгора или било што за да не излегува пареата и чекај 15тина мин. лицето ке омекне исто и тој предел. и така ќе можеш да ги извадиш. немој пудра да ставаш, утре ништо нема да ти се познава