^ И после тоа да ги истискам, така? Инаку, фала ти многу за советот. Моментално немам дома камилица, ама утре ќе купам обавезно за да пробам.
Со црнките сме си стари другарчиња.Бидејќи ужасно многу ме нервираат, а не сакам крвнички да си го стискам лицето од се што испробав ова е заклучокот: -со желатин пробав неколку пати. Искрено, две црнки ако ми излегоа торта частам. Ни црнка, ни бутур не излезе, само 15 минути одвратна миризба осеќав. -парење и стискање, или вадење со бурма-факт е дека е успешно ама ако го парам лицево постојано сите капилари отидоа. Како што имам природно црвени образи, ни Снежана нема после да ми биде рамна. -затоа најдобро ми е со лентичките. Да, не се мала инвестиција, ама јас ги користам еднаш месечно и таман ми доаѓа. Ако има во меѓувреме некоја поголема црнка, ноктите се во функција. Прво ги користев тие на Нивеа, ама скапи бре мајката 50 денари лентичка. Пред некое време открив дека и Есенс имале лентички па земав такви. Доаѓаат поефтино, три лентички 115 денари. Иако имаат иста функција овие Есенс некако ми се поубави, поубаво мирисаат. Ете од мене толку.
Оф страшно ме напнуваат Јас обично еднаш во неделата ги стискам со златен прстен , велат дека излагаат и пробав па се уверив и на крај го чишстам со лосион за лице , па некако терам .
За црнки зовриена вода со камилица/сол или само вода, ке си го испотите лицето и со златен прстен(претходно зачистен со ракија) ке поминувате низ лицето, ова стварно ги собира црнките, после ќе си се намачкате со некоја добра прочистувачка маска, додека се отворени сеуште порите енд детс ит. Добивате чисто лице...нормално не засекогаш, нема таков лек што е за засекогаш, ама неколку дена ќе сте раат. А овие ленти од есенс ги има и во СП маркет
За црнки на лицето јас користам тоник. Мислам дека од Авон беше, не сум многу сигурна. Мене најчесто ми се појавуваат од многу мачкање крем (на лицето) , па практикувам да се мачкам помалку.
Женски си набавив камилица и после планирам да си го пареам лицево...сакам да ве прашам,после тоа ги стискам црнките една по една,или пак тие самите излегуваат и треба да поминам со таква фротирска крпа? А ова со златен прстен ме страв,оти поназад во постовите прочитав на една,другарка и што ептен се стискала со тоа прстенот и лицето и останало црвено на тие места...
Тие сами нема да излезат, а со фротирска крпа само горниот слој ќе го отсраниш. За подлабоко и целосно да ги откачиш, стискај ги една по една само не крвнички. Бидејќи ќе ти биде напарено лицето лесно ќе излегуваат. Јас практикувам откако ќе стиснам црнка да го поминам местот со алкохол чисто за дезинфекција.
Луѓе јас имам проблем со црнките на носот и околу устата...Пробував многу маски, но, не ми помагаат...Дали некој знае како да го решам проблемот?
Ја спомнав маскава во продукти на месецот, Нивеа peel-off. Страшно добро ја измазнува кожата, ги избелува црнките и намалува порите.
Мене тука ми се прават црнки од лентите за депилација, кога го депилирам тоа место. После капење многу полесно ми се вадат, со оглед на тоа што порите ми се поотворени. После тоа сум многу црвена, затоа во ракава ставам ладна вода и ја доближувам до устава за да ми се смири местото, така 2-3 минути. Потоа ставам бебешка пудра и за еден час максимум црвенилото го нема.
Јас си купив од Техно маркет вакум апарат за лице за чистење на порите, па со него ги отстранувам црнките, и е доста добар. Денеска си направив третман на лицето, така што го напарив лицето со чај од камилица за да се отворат порите, па после со апаратот (секако дека не може со еден третман да се отстранат црнките, но повеќето се отстрануваат 90 %). после ставив пилинг маска за ексфолијација со екстракт од бел чај, која треба да одстои 20 минути за да се исуши, па се отстранува со стужење, и кога се отстранува се гледаат и порите од кожата оцртани дури; па маска за чистење со екстракт од чичок, која треба да одстои 10 мин (ако е потребно и повеќе, дури не биде сосема сува), па ја отстранувам прво со друга машинка за масажа на лицето со делот со четка за лице, а потоа го измив лицето, и ја ставив последната маска за хидратација, која одстои 10 мин. Потоа направив масажа на лицето со друг додаток за масажа на лицето. Па го намачкав лицето со безалкохолен лосион, и на крајот се става крем за лице (дневен или ноќен, зависно кое време се прави третманот). Маските за лице и кремите се од колекцијата Пјур Скин од Орифлем, а лосионот Кливен, кој го има во скоро сите маркети. Најдобар избор за лосион е да биде безалкохолен, бидејќи алкохолот ги предизвикува црнките.
Читам подолго време низ темава...јас моето лице го чистам со пилинг и некогаш на пареа го држам лицево и потоа со прстен ќе проминам кај носот,бидејки повеќе само тие ги имам...и онака некое време нема, но потоа пак излегуваат...е сега си мислам да го пробам ова со камилица во вода... е сега треба да го имам она камилица цветце или може и овака..она да го ставам во водата со се книжето?? http://kava-esines.si/wp-content/upload ... 9/caj2.png
Вака сега, не ги читав сите одговори, ама веднаш ќе ви кажам два совети од мене. Прво - за црнки на носот, масирајте си го. Второ - поаѓајќи од тоа дека црнките се всушност прљави пори, а низ порите се потиме - ПОТЕТЕ СЕ! Самите ќе се исчистат. Е толку имам да кажам. Кажете ми како иде. Поздрав!
Сега да ти кажам што ги предизвикува црнките, не алкохолниот лосион, туку сите овие маски!!! Маска на лице се става еднаш до два пати неделно, а ти во еден ден, си го третирала со толку многу средства, масажи, тегнења, корнења за околу два часа. Колку повеќе го третирате лицето, толку понежно станува и неотпорно на секој мал микроорганизам. Ексфолијација со пилинг или маска еднаш неделно и секојдневно чистење со благо млеко за лице е идеалната комбинација.
Во последниве неколку недели го користам Clean&Clear дневен пилинг, во комбинација со тоникот од орифлејм Pure skin ( последниве неколку дена ) и многу сум задоволна. Не го сушат лицето, дури ни хидратантна крема нема потреба да се става после чистење, за разлика од Нивеа секојдневниот пилинг на пр. што мислам дека брчки ми искачаа ако се насмеев одма после чистење, а да не ставам крема. Содржат салицилна киселина, која ги стеснува порите, и стварно се се помалку видливи, а црнките освен инаетливите на носот ( што се се поплитки) почнаа да исчезнуваат, а најверојатно со тек на време и тие ке ги нема