а дали некој ги има пробано лентиве на нивеа? имам слушнато дека многу биле добри, ама ги немам сеуште пробано, ај ако има некој искуство со нив нека пише...
lola-86, апаратчето го купив 1300 денари... Noemi- точно, не треба многу често користење на маски, а јас тој третман си го правам еднаш до два пати месечно... наместо да одам кај козметичар, тој третман го правам сама во домашни услови и ми дава подобри резултати отколку кога одев кај козметичар... а во козметички салон истото го прават, па бидејќи јас ги имам сите средства, и што ми е најважно вакум апаратчето, не одам повеќе кај козметичар за лицето. А за алкохолот, сигурно предизвикува создавање на црнки, за тоа се консултирав и со дерматолог, а воедно и се суши кожата. Затоа најдобар избор е благ лосион, кој не содржи алкохол.
Во врска со лосионите користам Chloramphenicol го има во аптеките, содржи алкохол, но дефинитивно многу помага темелно го прочистува лицето, го користам 2-3 пати дневно и премногу сум задоволна.
Освен на лицето и на нозете имам црнки црнките те прават грда, знаете ли нешто против црнки на нозете, секако неможе со тоник за лице да ги мачкам и нозете Ај ве молам пишете
Може да пробате да земете желе се купува од продавница 15 денари, се става две или три лажици млеко и се загрева додека не се растопи, потоа си го нанесуваш на лицето каде што имаш црнки и оставаш да се исуши.Потоа го вадиш и се што си имала во црнките се вади.Проверено е, јас сум задоволна од тоа има и видео на youtube, јас од таму видов
^^ желе , она благото за јадење што го има во разни бои ?? На такво мислиш?? Не сум слушнала за ова..
Здраво, нова сум овде и имам еден проблем.Порано мислам пред неколку месеци имав преубаво лице, користев крем за лице Бекутан и незнам некои други менував и малку пудра се разбира.Но откако заминав од дома, мислам сега сум на факс., во стан сум и почна на лицето да ми се појавува бенки, црнки, мозолки и незнам што уште.Ми се расипа ама не многу, незнам сега што да правам, сега користам солеа крема за лице оти ми рекоа дека од бекутан се појавувале многу црнки, а јас немав мака од него.Незнам што да правам, не користам многу пудра, т.е. минимално, дали има посебна крема за сува кожа? Поздрав.
Јас незнам како и успеа на братучедка ми, ама со една маска за лице од јогурт и лимон и се тргнале црнките на лицето и сега има преубаво лице.
Еј женски пробајте го ова http://www.youtube.com/watch?NR=1&featu ... jaZeamT4wA Исто ко тие лентите на нивеа само со јајца Мислам дека не излегуваат цели али јас утре ќе си направам на носот имам многу па ќе ви кажам Иначе откако ќе ја извадите хартијата, поминете со коцка мраз
Имам чисто лице.Али само над устата веднаш,имам две малечки црнки ги стиснав и ми помина,но сега ми повторно ми се појавија.Некоја финта што да напраам за повторно да не ми се појавуваат?
Јас пред 10 мин. ја направив таа маската со белката и во моментот ми е на лицето(на деловите каде што имам црнки) па ќе пишам за резултатите
Со маската од белка нспаднаа многу црнки така 7-8 .А иначе после тоа и жолчката ја ставив на лицето и добра е,кожата е освежена,мека и мазна
И јас ја пробав , добра е не вади се али голем дел излегоа, сега ке пробам да практикивам на секои 3 дена па ке видиме дали има подобрување.
еве и јас ја пробав денес маската со белка и хартија (палома) и задоволна сум, скоро сите црнки ми излегоа + кожата ми е мека и нежна и потхранета....Инаку ми беше малку да не речам страв да ја ставам да не случајно се издепилирам ама добро излезе на крај - ПРОБАЈТЕ