здраво девојки и јас векје од кога знам за лицево мое имам црнки најмногу во пределот на носот.колку и да ги стискам пак се прават затоа што имам мн отворени пори дури ми се познаваат.но еве неколку совети од мене кои почнав да ги употребувам а и корисни се.мн е вазно редовно да го миете лицето и тоа со ладна вода,чистетего со навлазнет пешкир (лесно тријте го) шминката темелно вадетеја,навлаката од перницата да ви е секогаш чиста(често менувајтеја)правам и домасни маски од јајце,мед ,лимон,сок од морков...пробајте нешто од ова .позз
На тие што не им помогнало тоа со белката од видеото, ако не го пареле прво лицето нормално дека нема да им успее, пошто треба прво да се отворат порите, а ако не е до тоа незнам до што е.
jas prvo go izmiv loceto nekolku pati so topla voda da se otvorat porite i staviv belka od jajce pa hartija no nisto [mod-kirilica:79hqus4t][/mod-kirilica:79hqus4t]
Пробав со ова јајцава. Излегоа некои ама тие црните на носот не бре брате, нема шанси! Преубава маска за потхранување на кожа иначе, ама јас имам едни ептен ептен катран црни на носот што ме вадат од памет. Ништо козметичар му е мајката . Ќе идам у понеделник-вторник па ќе кажам што како.
Ја направив денес и јас оваа маска и се покажа добра и за лицето а и вади по неколку. Само како што рекоа погоре прво лицето малку под пареа или со жешка вода се плакне за да се отворат порите.
Јас користев тоник, но бидејќи заборавав да го мачкам лицето, уште повеќе ми се појавија, и сега го гористам овој крем од Avon . Како тоник и крем е
Најбрзо и наједноставно решение ти е со златна бурма...Имам пробано, ќе ја навлажниш и ке поминиш на местото каде имаш црнки малце посилно и готово ке ги најдеш црнките на прстенот.
Уф,не ми работат звучниците па неможам да ја слушнам типката на видеото што зборува,гледам со фен дува,и сега колку време да се остави белката на лицето и со фен ли треба да се дува?...ај ве молам одговорете ми побрзо,оти таман да си ја направам маскава кога ќе испаднам од бањање
Го користам пилингот Clean&Clear веќе околу 3 години, ама мене не ми помага за чистењето на црнките (имам на носот). Само така ја измазнува кожата и помага ако имаш акни. Го користам и тоникот од истата линија ама црнките не исчезнуваат скрос
Користи/користел некој ваков вакуум чистач на пори? Сакам да пробам со вакво ама не знам дали има ефект па да не фрлам за џабе пари
Да, јас користам таков, па затоа што имам и маски и немам потреба да давам пари за козметички третмани... само што моето вакум апаратче е Панасоник, а го зедов од Техно маркет за 1300 денари... инаку, треба да се користи повеќе пати за да се има ефекти... не може од едно користење да излезат сите црнки, и не ги вади а еднаш 100 %, ама повеќето барем мене ми излегуваат... моето апаратче е слично на тоа од втората слика.. позз
Јас порано имав многу црнки, лицето ми беше одвратно,ама користам peel off маска за лице од нивеа, една најефикасна маска што сум ја пробала. Се стврднува на тебе,како гипс е малку ама лога ја вадиш се гледаат точки од порите супер е позззз
јас користам пилинг од нивеа па нема некој ефект а сега го земав од авон,...кој пилинг според вас е најдобар?? и што е најефикасно средсво според вас?!.поз