^ Го имам користено, ја чисти доста кожата. Меѓутоа со алкохол е и прилично ја суши. Отстранува многу нечистотии но не би ти препорачала редовно да го користиш бидејќи производите со алкохол не се препорачуваат за кожата.
Мене црнкиве ми се вечен сопатник мамето нивно! Најмногу ги имам на нос и дај кажете некоја маска за да ги исчистам ама ефективна.
јас немам проблем со црнките на лицето но мојата сестра има ...таа користи едно кремче за отстранување на црнките
Моето лице е мрсно и имам многу црнки на лицето, сум била многу пати на козметика ама лицето ми е чисто само 2,3 недели, сум користела и многу кремови и лосиони.Ако можи некој да ми помогни како да го исчистам.Ви благодарам однапред
Во последно време колку повеќе се загледувам се повеќе си наоѓам црнки, кои реално вака од око друг не би ги видел Ама дефинитивно најзабележливи и најмногу ги имам на носот и последниве 2-3 месеци пред стискање обавезно си правам пилинг, односно го тријам носот со ракавица за пилинг на која ставам малце од сапунчето за лице и после измивам. Чекам 2-3 минути да се исуши и ги стискам. Излегуваат многу, многу повеќе и подолг период се чисти, ако може да се рече така. После тоа поминувам со Хлоракол лосион и тоа е тоа. Само дефинитивно има поголемо црвенило вака, ама доволно е една ноќ за да помине
Јас случајно го најдов производов, еднаш бев во брзање а итно ми требаше нешто за миење на лице и ова го собрав: Не очекував ама ми се погоди. Убаво го чисти лицето и тие некои црнки што ги имав полека се извадија. Така да, задоволна сум. Само што ми ја суши кожата ама јас имам многу чувствителна, тие со мрсна таман ќе им биде.
Јас го земав 310 денари од Веро центарот кај Сок. Ама цената варира од 300 до 315 зависи кај ќе земеш.
^^ Извинете, не сум видела дека сте прашале за цена. Цената ако не се лажам беше околу 300 денари, нешто така. Минус, плус толку е.
За да се отстранат црнките на лицето можете да пробате со зелена глина која ја има во сите поголеми супермаркети исто така можете лицето да го премачкувате со лимон секоја вечер пред спиење
Женски значи ова е феномен!! http://www.facebook.com/pages/Sina-Uma/305006222906775 Глинава е за акни,црнки,мозолчиња,коса,целулит и др работи. Прочитајте за подетални информации,презадоволна сум !
Исто така не треба да се чепкаат црнките, зошто на местото излегува бубуличка, а дерматолог или козметичар ќе ви одреди најдобра терапија
а како да дојдам до глинава.. мислам од каде да ја купам, се нарачува или ја има и кај нас по аптеки?
Јас имам црнки на носот,а секое утро и секоја вечер го чистам лицето со Нивеа Лосион и ништо..само уште повеќе ми свети лицето ко лампион
Еднаш на два месеци одам на козметичар, за чистење на лицето. Ми ги вадат црнките, ме тинтра со маски. А, вака за редовна нега користам пилинг против црнки од Clean&Clear и повремено пилингот на Лилит , со маслиново масло и шеќер. Нема траен лек против нив,само редовна нега и чистење.