Може малку боли но сепак козметичар ти е најдобро решение.И да се париш ти неможеш колку на козметичар и рани ке се направиш!! Најди некоја добра и искусна,ем имаат апаратче со пареа за добро да се отворат порите,ем низ лупа гледа подобро отколку ти и сосема ке те исчисти,ке ти стави маска и тоа.Лицето може да ти биде воспалено 1-2 дена,но после џам ) Така ке одиш немора на секој 1 месец него на 2-3 месеци доволно е и ке забележиш дека имаш помалку.Во меѓувреме купи маски од oriflame има од глина и многу помага за смирување на лицето.Има и во avon мислам,BLACK HEADS така нешто...секојдневно миење со лосион наутро и навечер за 1-2 месеци ке видиш подобрување!
последна информација која ја слушнав во врска со црнките на лицето а и воопшто со темата чисто лице- квасец.се растопува квасец (оној за месење леб шо е) со малку вода да се добие средна смеса и таа смеса се става на лицето како маска.јас не сум ја пробала сеуште бидејќи денеска ја чув.ама ке пробам обавезно па ќе кажам.
Од мене-немојте сами да пробувате! Одете на козметичар или на кожен лекар. Јас одам и таму и таму. Од кожниот лекар ми даваат две течности:ноќна и денска.Ноќната е бела-а денската е безбоја.Не е баш за црнки, но за обичните пубертетски акни мноогу помага. А ако не сакате козметичари да ви го допираат лицето т.е. да ве стискат барем одете советувајте се! Но ако не ве чистат тие,секако вие сами ќе пробате,што не е ни малку исправно!Тие си имаат посебен начин како да заземат положба и сл. Доколку вие само ќе "буричкате" по своето лице. Се надевам нешто ќе помогне
Мене баш ми помагаат нивеа лентите..ги вади цркните,пошо после се познаваат на тоа лентата. А иначе,за да се извадат црнките прво треба носот да се намокри со вода и после да ја ставите лентата да се стврдне и после 15 минути да се извади.
Јас ја расчепкав темава од почеток до крај и впечаток ми остави коментарот на скарлет88 некаде на 7 страна и почнав да го применувам. Исто и маската со квасец и млеко како што пиша od-samrak-do-zori. И чепнете во темата како до чисто лице на почетокот лилит мислам дека беше имаше дадено добра маска за лице со аспирин и маслиново масло. Е сеа од два три третмана не ми се извадени црнките ама лицето ми е многу помазно и почисто го осеќам. Следно на список ми е зелена глина и теблети со цинк.
Да не знаете колку пари е тоникот за црнки од Авон - Clearskin? Помага? И дали може да го користам бидејќи имам само 13 години?
мене ми излегоа зимоска на носот и ми поминаа самите си стоеа до пролет и си поминаа а ништо посебно не ставав
Јас имав многу црнки на носот ама ефикасна ми беше една течност што ја купував од Авон и сега нема ништо.
Мислам дека e 50 денари лентичка , ги користев некое време но не ми помогнаа многу , пробај па ќе видиш како ќе делува кај тебе
Земајте една лажица млеко и желатин ги мешате заедно и ги ставате во микробранова печка(10 секунди) јас пробав во рерна бидејки немам микробранова и успеа то станува густо и го мачкаш на носот го оставаш 15-20 минути и потоа како лепило е си го оглепуваш.И сите црнки се залепени на смесата што стврдна.Може малку носот да ти е зацрвеен но ништо тоа поминува. http://www.youtube.com/watch?v=-bjOB4zS0uE
Јас ова на неколку пати го правев и безуспешно , освен што кожата после тоа ми беше мазничка , сите црнки си беа на место. Јас имам црнки тотално низ целото лице, особено носот и челото ми се преполни , брадата, образите..а лек немам пронајдено за жал
Се избудалеав јас. Си ставив паста за заби сабајле на црнките на носот и сега ми се зацрвена местото кажувајте чаре !