девојки може да пробате со сапунот од козјо млеко пилинг тој што е, многу е добар ја затега кожата и ја прави мазна но ефектот сепак е краткотраен потребна е редовна употреба наутро и навечер
Јас маската на Мишел ја испробав, ама не ми успеа. Се' купив и направив како што треба, ама не ми извади ниту една црнка. Не знам што беше работата... Пробав повеќе пати, секогаш го правев со различна густина да не е до тоа случајно, ама ништо од посакуваниот резултат.
Паста за заби се става врз мозолче само за да го исуши. Намачкај се со Здраве или со кантрајон и остави да се упие. За излагање ако е мн црвено ставај коректор, немој пудра да не ти загнои
Не треба да се преоптеретува лицето со секакви кремови,маски.. Бев преокупирана со изгледот на мојата кожа користев се и сешто се додека еден ден не ми се појави црвенило на кожата бев на кожно и ми кажаа дека лекот за моето лице е само миење со обична вода и да почекам да ми се излупи 2 недели и потоа мојата кожа се покажа во вистинско светло ми се појавува некогаш некоја акна но третирањето со секакви маски ја гори кожата и не и дозволува да дише затоа мој совет е ништо да не и ставате на кожата само да ја миете со вода и само во посебни прилики ако е тоа потребно да ставате пудра
јас земав YOUNG derm лосион по препорака на една другарка и можам да се пофалам дека една недела го користам и имам неверојатно искуство со него...за ова кратко време лицето ми е како ново хахахаххахахахаха.....супер е...
Дали некој користел ефикасен пилинг за црнки? Имам видено од Clean & Clear, можеби некој користел и од други фирми? Ако не му пречи, нека сподели искуство
Здраво на сите Јас имав проблем со црнките на носот (навистина премногу беа и ми беше срам да одам на училиште од нив) но пред 2 месеци, кога почна летниот распуст многу се заинтересирав за решавање на тој проблем и на една англиска страна прочитав за една маска. Значи маската се прави од сок од лимон, мед и јогурт, сето тоа се меша и се нанесува на лицето и се оства да отстои 20 - 25 мин. Потоа се плакне со ладна вода (јас сакам да си го излупам ) и мене навистина ми помогна. Сега црнки имам многу малку. Позз и се надевам дека ако ја пробате маската ќе ви помогне
Ја направив маскава стварно е супер,ми ги исчисти црнките,само незнам дали еднаш неделно да ја применувам или...?
И мене ми се има истото случено, но јас не ги оставив до сабајле туку само краток период.. Почекај малку ќе ти се смири црвенилото
Јас го користам ова, кога ќе ми текне Знам дека треба почесто, бидејќи стварно помага. Ама на мене не може да ми се докаже дека редовно треба да го користам, теле се родив, теле оставав.
Јас си имам еден домашен третман против црнки и искрено,кај мене функционира.Мајка ми ми го покажа,го применувала и таа кога имала црнки. Значи вака,прво варам чај од камилица во нешто поголемо. Потоа земам крпа ја ставам врз тенџерето и врз мене(како кога се прави инхалација)и ја користам пареата,да ми го омекне лицето. Така седам некаде 5 мин.. Откако ќе завшам со првиот чекор земам метален прстен,прво избришан со алкохол,па потоа со него гребам(не силно) по носот. Ова всушност не е и гребење,затоа што лицето претходно било на пареа и мн. лесно се отстранува и мртвата кожа и црнките. По ова,лицето го мијам само со ладна вода. Наредно,приготвувам маска за лице. Се става 1 лажица мед,мало лажиче сол и лимонов сок. Се нанесува на цело лице и треба да стои 15-20 минути.Потоа се мие со вода. По овој домашен третман немам црнки и лицето ми е бебешко,т.е премногу меко и мазно. Мене ми помогна доста.
Па вака.. И јас имам проблеми со црнки на носот...Јас ги имам купено тоник и маска clear skin од авон за елиминирање на црнките, но да ви кажам искрено не ми помогнаа... Кога треба да ја избришам маската, потоа кожата на тоа место ми е црвена... Незнам веќе што да направам да ги тргнам досадниве црнки од моево лице..
Девојки јас имам црнки на носов. Кажете ми некој лек. Значи не се уште зрели за да ги рушам,ама ако ги оставам да созреат,ќе ми се направат огромни. Помош?
Ги имам пробано, па помагаат така-така. Вадат околу 30-40% од црнките. Нормално не се трајно решение. И не се многу ефикасни.