Сега си купив еден лосион за отстранување на црнки. Пријателка на мајка ми и кажала дека било многу ефикасно. Само ставаш од лосионот на памукче, поминуваш на местото кај што имаш црнки и многу од нив се отстранувале. + не требало да се става многу често, можело еднаш, до два пати во неделата. Јас ставив еднаш и не очекував некои резултати, нели дека прв пат, ама мислам дека црнките се намалени.
Јас имам слушнато дека се отстрануваат со измутено јајце и со тоалет или со некоја крпичка ќе си го намачкаш лицето и го оставаш како маска. Јас пробав и не ми успеа. Не знам зошто,можеби требаше повеќе време да оставам да стои
ги имат некој користено од авон clearskin за црнки дали се ефикасни јас имам на вилицава незнам дали да земам за црнки или мозолчиња
мене лицето страшно ми го направи го купив по препорака на другарка која беше зачленета во авон,за на крај да го фрлам во канта,уште првото користење на лицето добив црвени дамки и ми се лупеше лицето.секогаш сум била за дека авон и орифлејм немаат квалитетни производи и оваа чудово ми го докажа тоа..јас не ти предлагам не можев лицето еден месец да си го средам..
Мене па супер ми е лицето од clearskin од авон. Веќе еден месец го користам и црнките на носот ми се намалени. Имам и едно гумено четкиче за миење и мислам дека има ефект, барем кај мене.
Ги користев и двата. Првиот ден сите црнки ти излегуваат, вториот ден еве ти ги пак :roll: Ова со желатинот и млекото го немам пробано. Имате искуство со ова? Кажете ми дали вреди да се проба или пак не.
За црнки на лицето или на носот ставете ја главата над тендзере зо сварена камилица и ставете така поголем пешкир на главата за пареата од камилицата да оди директно во лицето!Има ефект!
Уфф ги имам премногу веќе незнам што се немам употребувано ама безуспешно. ...некој производ да ми препорачате што е стварно ефикасен?
http://www.youtube.com/watch?v=-bjOB4zS ... ce=message Ова е нешто што сите дома можат да го изведат и топло го препорачувам. Сите црнки ми се исчистија за неколку недели. На неколку дена правев и сум екстра задоволна.
Имало во Зегин ленти за црнки на парче. Околу 40 денари биле.Ке ги пробам деновиве ке пишам искуство. Ако ги најдам