^ Делува, јас го ставам еднаш до два пати неделно но ги чисти само површно, не ги вади баш од порите, затоа сакам да пробам со купени ленти.
Прочитав доста од темава и незнам дали го има ова. Јас ги чистам нормално, со стискање и од време на време значи одберете си сапун кој сакате, препорачувам dove измијте го лицето со млака вода и со сапунот исплакнете, потоа на влажно лице директно тријте со сапунот да направите сапуница видлива и врз неа ставете шеќер цело лице да ви светка ммн е интересно за гледање почекајте минутка да се потстврдне потоа тријте со рацете ама силно малку и да заболи тријте особено на проблематичните делови се додека не испадне шеќерот од лицето потоа убаво исплакнете и повторно со сапун, лицето после ова ќе ви биде супер мазно, јас го користам како пилинг за чистење за се значи мн убаво го чисти лицето. Помага и кај бубулички, а особено кај оние со мрсна кожа. Место сапун може да користите и некој друг производ битно да прави пена на која може да се залепи шеќерот и секако редовна употреба. Со среќа позз Еј заборавив на крај лицето измијте го со млака накај топла вода а потоа со ладна обавезно за да се затворат порите и нежно тапкајте со пешкирот не тријте јако ако имате сува кожа, бидејки ова ја суши кожата не ставајте крем веднаш почекајте малку
девојки да ве прашам за тоник на лице можит два пати во или само еднаш а прво со тоник го прам и после со крема само нз колку пати во денот треба
Јас го пробав и дефинитивно најпријатно се зачудив.Па ова е бе невероватно.Мислам сум користела милион производи,пилинзи,маски,гелови,не знам што али вака мазно лице стварно не е могуче. Емили те гушкам за ова..
И јас само што го пробав ова и пријатно сум изненадена, премногу е добро, ми ја измазни кожата. Пробајте нема да зажалите. А и интересно е кога ке ги триете шеќерот и сапунот. Позз
Фала ти многу. Баш сега го пробав, и да ти кажам пола црнки ги снема, само ако стискам на бубуљиците нема да се скинат?
Јас денеска го пробав..Значи има зачудувачки резултати кај бубулиците(но за жал не ми изваде ниту една црнка ) Али и ова доволно е..Значи лицето ми е нежно како на бебе..
Изгледа нема која не го пробала пилингот на emili.m .. Јас денес го пробав и стварно помага.. Фала ти, Емили Лицето ми е мазно, чисто, црнките скроз ми се намалија.. Само сакав да прашам, на колку време можам ова да си го правам?
Сега го пробав и резултатите видливи надалеку. Ти благодарам на советот. Сега и мојата мајка и сестра пробуваат Кожата ми е мека како на бебе а и црнки што имав неколку сега ги нема. Фала богу
може ли со лосион за чистење на лицето ? со тие што се за чистење на брумчиња, за мрсна кожа или слично ?
Можам да препорачам на оние кои имаат и сува и проблематична кожа (со акни-како мојата ) една маска што јас си ја применувам. Најпрвин треба лицето да се измие со некој сапун или некој лосион за да се отстрани нечистотијата. Потоа на лицето со триење му се нанесува мед и сол (отприлика 1 лажичка мед со 2 лажички сол). Таа смеса се нанесува на лицето и се трие и се остава да отстои некои 5 мин и после тоа се измива со млака вода. Малце боли кога се трие и откако ќе се остави да отстои се осеќа пецкање од солта, но мене барем многу ми помогна во намалување на црнките (со триењето на солта се отстрануваат дел, но не сите нажалост), а исто така после тоа кожата е многу мазна бидејќи со триењето се отстрануваат сите мртви клетки на лицето.
Сите ги вади. Малку мириса, но не мора во микро може и на пареа. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... bjOB4zS0uE