Случајно наидов на овој совет за отстранување на црнки, па да споделам... Гелот за миење на лицето, се меша со една лажичка сода и една лажичка сол. Се нанесува на носот (или каде имате црнки) и се остава да делува 5 мин.
Го имам овој проблем...нон стоп се јавуваат. Дури претерано многу. Какви се препарати не сум пробала,џабе.
Кај мене има многу ефект : Првин стиснете ги сите црнки кои ги имате,а потоа мијте си го лицето со сапун ( ви ги препорачувам Дове и Палмоливе ) ама да имате сапуница на лицето..секој ден правете така и лицето ќе ви биде нежно,чисто,без црнки и убаво ќе ви мириса
Значи само лентите колку толку А има ли за цело лице ,бидејки мне не ми се исплаќа да земам од Нивеа 5-6 ленти по 50 ден
Мене најмногу ми се појавуваат кај носот. Некогаш ги стискам и некое време ги нема но после пак се враќаат -.-.
http://purplle.com/product/nivea-refres ... g-gel-75-g сестра ми со ова си го мие лицето секеј ден пред да спие и сабаље и има ефект.
Ако веќе сте ги пробале лентите за отстранување на црнки од Нивеа и ја знаете нивната делотворност, тогаш сигурно, доколку се обидете со овој рецепт, ќе уживате и во своите. Приложеното видоупатство ви нуди едноставен и многу поекономичен начин како да направите ленти за отстранување на цркни. Потребни ви се јајце, хартиени марамчиња и ... ништо повеќе. Одделете ја белката од жолчката во два посебни сада. Изматете ја белката сè додека не стане пенеста. Навлажнете го лицето со топла вода за да се отворат порите и нанесете ја во тенок слој на носот, челото и брадата. Потоа, доколку користите повеќеслојни марамчиња, изделете еден слој и поделете го на парчиња. Внимателно и рамномерно распоредете ги на областите на кои сте ја нанеле белката. Почекајте додека не се исуши и повлечете ги марамчињата од горе надолу. Во никој случај немојте да користите тоалетна хартија. Потребни ви се марамчиња кои само делумно ќе ја впијат смесата, така нема да се распарчат додека ги отстранувате. Се прашувате зошто ја изделивте жолчката? Жолчката е богата со протеини и ја храни и освежува кожата, па од неа можете да направите одлична маска. За нормална и мрсна кожа нанесете ја само жолчката, а за сува кожа може да додадете ½ лажичка маслиново масло и една лажица лимонов сок. Користете ги лентите најмногу 3 пати неделно и ќе имате чиста и свежа кожа, токму како девојката на видеото. Извор: http://style.mnogoo.mk/mk/articles/Nega ... eoupatstvo
Лицево никогаш не ми било почисто и помазно. Ќе продолжам почесто да го правам. Ти благодарам многу емили.м.
Moрам да го пробам ова ,многу црнки ми зе појавија на лицево ,а старите медоди веќе не ми помагаат. Користев тоник од грозје на Гарние ,ама ни тој не ми ги вади црнкиве...
Јас веќе не знам што да правам со овие црнки.Многу имам на носот, а на челото помалку. Пробав тоа со белка од јајце, со пареа од камилица, па триев со златен прстен, триев со шеќер врз сапун и не излегуваат. Малку ќе се намалат и по некое време пак.Сега порачав од Авон еден тоник па ќе видам и со него.
И јас го користев тој тоникот или незнам гел беше од Авон и не сум задоволна од него.Не ми ги вадеше црнките, ми се чини се множеа од него
Го пробав и јас познатиот пилинг на емили.м. и навистина лицето ми беше мноогу мазно (од ништо друго ваков ефект немало) и неколку црнки испаднаа по некое време ете ги пак.. Од црнките се ослободувам само со парење на лицето и стискање додека се отворени порите.
ЦИНКОВА ПАСТА Е РЕШЕНИЕТО. И ЗА ЦРНКИ И ЗА ВООПШТО БУБУЉИЦИ. ЈА ИМА ВО СЕКОЈА АПТЕКА И 30 ГРАМА ЧИНИ ОКОЛУ 60 ДЕНАРИ. МНОГУ Е ГУСТА И ОСТАНУВА БЕЛО КОГА СЕ МАЧКА СО НЕА, ГУСТИНАТА СЛИЧНА КАКО НА ЗДРАВЕ КРЕМАТА, АМА ОВА Е МНОООГУУУУУ ПОЕФИКАСНО. КОЛКУ ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАТИ МОЖЕ ДА СЕ МАЧКА МЕСТОТО И МОЖЕ ДА СЕ ОСТАВИ МАЛ СЛОЈ И ДА СТОИ БЕЛО КОГА НИКАДЕ НЕ ОДИТЕ. ЈАС НАНЕСУВАМ ЕДНАШ ДО ДВАПАТИ ДНЕВНО. КАЈ МЕНЕ ОД ТОА МНОГУ БРЗО ИМА ЕФЕКТИ. ДА Е ЗДРАВ И ЖИВ ДЕЧКО МИ, ШТО МИ ЈА ПРЕПОРАЧА ЦИНКОВА ПАСТА
Последниве неколку дена го користам пилингот на емили (вака да си комерцијализираш девојко ) и морам да кажам дека сум задоволна. Го користам навечер, и после ставам малку кремче и лицето ми е доста меко. Мислам дека црнките ми се намалени, јас немам некој голем проблем со нив, но тоа што мене ми се допаѓа што ми се исчисти лицето од едни безвезни мали бубулички кои не беа за ништо да им ставиш. Ефтино, природно и делотворно, не може да штети да се проба.
Ај пишете го пилингот на емили не можам да се снајдам во темава, од што се состои, кои состојки се мешаат?