здраво..и јас имам проблем со црнките нонстоп имам на носот и челото,,ги стискам ама по 3 дена пак..како да ги спречам ..користам пилинг ама не ми помага..
Избегнувај да јадеш мајонез. Мајонезот создава црнки на лицето. На мене ми се појавуваат црнки кога јадам мајонез.
Да го пофалам пилингот на Емили,резултати веднаш Спојлер исто како на рекламите за козметички препарати резултати по првата употреба,само што со пилингов навистина е така
Само кај мене немаше никакви резултати за пилингов на Емили? Само ми ги отстрани мртвите клетки, и ми ја направи помека кожата ама од вадење на црнки абер немаше. А и после некое време приметив дека од шеќерот ми се исфрла лицето..
Јас 3 пати пробав,инаку Дав сапун употребувам краставица може има и тоа некакво влијание ти со што првеше?
Исто со тој од краставица, и пробав и со сапун на НИВЕА исто од краставица и зелен чај.. Незнам до што беше, престанав да го правам и пилингот и сапуните да ги користам.
Епа веројатно е до кожата Спојлер или убаво им е црнките во твоја кожа и несакаат да излезат мала шала позззз
Морска. Далеку подобра е од било која друга. Едит: и тоа што нема голема разлика во цена е голем плус за џебот па и за здравјето.
Има по маркетиве да се земе така? И истата постапка како со шеќерот, само со сол, нели? да не утнам јас...
Ехее... Има, немај гајле за тоа. Многу актуелна беше тузланската сол. Ако не се лажам уште ја има. Од неа ти препорачувам, а ако не, било која морска. И да, истата постапка Мој братучед имаше проблем со лицето и си правеше пилинг со морска сол. P.S. Мислам на ситна сол! Да не му текне на некој да прави глупости со онаа, едрата Без кожа ќе се остаи
Мене прво на таа ми отиде памет, за припрема на бања што се користи нели Ајде ќе пробам и така, се надевам овој пат со добри резултати Фала на советот Омниа
Вака не можам да ги читам сите мислења бидејки се многу па веднаш ќе пишам Имам бубуљици на лицето црвени и на носот и образите црнки но веројатно се не чисти пори за да ги исчистам сакам да купам зелена глина.. Што велите вие? и ако знаете некој друг предлог за тоа ве молам пишете и сакам да ми кажете нешто по детално за глината подготовка зашто се користи итн.
маска користам од clearskin 3во едно е се користи за пилинг и како маска ,за пилинг само се нанесуваи се исплакнува ,а за маска треба да постои 3-4 мин на лицето
Сум слушнала дека црнките се чистеле со млеко и желатин. Една лажичка млеко една желатин и се грее во микро 10 мин и после се став на црнки се чека да се засуши и се вади и тоа со црнки се вади. Гледав на youtube..
Пред некое време имав многу црнки на лицето пробував со секакви можни работи се беше залудно се додека не почнав редовно наутро и навечер да го мијам лицето со дав сапунчињата па така со редовната нивна употреба сега можам со сигурност да ви потврад дека немам црнки по лицето пробајте по 2/3 недели од употребата би требало да имате значително подобрување
Да, за сапунчињата Dove можам да потврдам. Посебно оној белиот со гранули на мене ми е најдобар за лицето. Друг производ што можам да препорачам за blackheads е овој http://moopigblog.files.wordpress.com/2 ... =150&h=150 од Clean & Clear. Со редовна употреба, мислам на 2 пати дневно, насабајле и навечер ќе забележите промена за недела дена. Можеби нема скроз да исчезнат, но ќе намалат. Ќе нанесите на мокра кожа и ќе триете онаму каде што имате највеќе. Јас на пример, во пределот на муцката и на носот. Го има во Зегин и мислам дека е околу 200 денари. А Eucerin-от, мое мислење е дека не вреди за тие пари. Тоникот и гелчето, да не излажам, мислам дека ме чинеа околу 1000.