Да, можеби е. Мене лично ми одговара, имам мрсна кожа. А и упатството вели: „доволно нежен, не ја иритира или пресушува кожата„. Во секој случај јас сум многу задоволна.
не бе, нема спас од овие црнкиве, ке ги стиснеш и пак за некој ден ке се појават. го правев тоа со шекерот и тоа со желатин, прилично се вадат. Инаку секој ден по два пати го мијам лицето со https://encrypted-tbn0.gstatic.com/imag ... MNQGXI1Az7
Јас имам пробано со желатин, 1 лажица желатин 1 млеко се става во микробранова 10 сек да се спојат па се става на лицето се остава да се исуши па се лупи како оние маските купени а и вади црнки проверено
Многу ретко можат целосно да се отстранат, особено кај оние со мрсна кожа. Еве на пример јас имам два пати до сега отидено на козметичар и еден месец ги нема,потоа пак по старо....
Мене со шеќерот прилично многу ми се намалија црнките ама пошто сум мрза само два пати досега имам пробано...
Црнките ги вадам со шеќер.Прво лицето го сапунам и после тријам со шеќер дури не се стопи и по неколку пати црнките ги немам
Јас пак сум задоволна со маската со желатин и млеко. Единствено нешто што ми сметаше е миризбата.. Ама ај се издржува. После вториот или третиот третман се познаваат резултати. Мене стварно ми ги вади црнките. И задоволна сум Кога ке ми текне порано давав по 50 ден за 1 лента за вадење црнки а немав никаков резултат! А ова со желатинот бар е ефективно, има резултати.
и јас денес конечно да ја пробам маската со желатин и млеко предобра е ми извади некоја црнка ке ја правам почесто
Ја направив смесата со желатин и млеко и тоа дури после 2 години од кога сум пишала дека ќе ја пробам и многу сум задоволна- резултатите се исти како од видеото. Дефинитивно ќе ја користам и во иднина.
Семсата со желатин и млеко амо на носот! Ја ставив по образите и едвај ја одлепив, мноогу мноогу ме болеше, признавам и солзичка некоја пуштив и па не ја одлепив цела него со вода се миев.
постојат лепенки за на носот многу се ефикасни од америка се може има и тука не знам.се наводенуваат и ги лепиш на нос или кај сакаш,кога ќе се исушат се одлепуваат ќе се зачудите колку само црнки сте имале ги вади и тие што не се гледаат.а и преефикасни се не оставаат ништо.
Ќе ви откријам нешто, јас кога го видов видеото не ја разбрав убаво и си го направив тоа со ванилин шеќер hock: Нормално ништо не ми искочи освен што мирисав на ванила Утре пробувам по правилна постапка, бидејќи многу имам на носот
Незнам дали некој ја има видено, во авон имаше нова маска од clearskin proffesional демек како ленти и ги вади црнките а ввеза нема слично нешто како ова со желатин а и двете се без резултати (барем кај мене).Освен стискање, друг лек за црнките немам сретнато
Јас го користев тој од AVON истиот и почна да ми се лупит лицето и ми се правеа мозолчиња и престанав да го користам...седам на пареа од чај од камилица...и многу ми е подобро и црнките на носот ми се исчистија малку и пресреќна сум Во право си мораш да ги стискаш што и да се користи...користев чај од камилица седев на пареа тие со ми се имаја напраено ги истискав но и пареата не дозволуваше да се прават нови..сега немам црнки но уште седам на пареа ..страф ми е дапрестанам дан поцнат пак да се прат....а иначе секој ден по 10мин седам поздрав http://makeupatoz.com/wp-content/upload ... 24x682.jpg Јас овој го користам, исти ефект имат и плус поубаво мирисат. А каде можам да ги најдам и да ги порачам???Ако се од Америка, јас Америка немам никој познат за да му порачав. Имат една морска во боја, но таа е крупна мислам...а ситна немам сретнато.
Јас ги користам има огромен ефект, ги чисти црнките партали прави Ги купив од Тинекс ама ги имаш во аптека можеш да си ги купиш до таму. Не ми текнува колку беа мислам околу 300 денари ама не ме фаќај за збор.