Инаку испрочитав тука сите страници и видов сте пишувале со паста демек помагало и пробав да не останам јас покуса, ииии.... Освен што ме печеше како на скара носот да сум го ставила, ништо друго не видов, ни избелени ни извадени црнките си стојат на место. А, не носот уште ми е црвен како бабура
во послено време премногу почнаа да ми се појавуваат црнки на лицето и на рамената... незнам дали е од ова жешкотоо илии... ако користи некоја некое средство против црнкии што има ефект нека кажее...
А убаво ли ги залепи, направи ли се како во упатството? незнам, не ми е јасно како не ти помогнало. Сите девојки околу мене што имаат користено се презадоволни, навистина незнам зошто кај тебе немало никаков ефект.
^Се како што пишуваше. И тоа не еднаш две опакувања имав, па и додека не ги искористив сите, пробував да направам да ми извадат нешто, ама слабо не знам како тебе ти се погодиле, и моја другарка ги проба, апсолутно ништо не и извади.
Aаам... Онаа за јадење? Немаш сретнато сол која се додава во оброците? И морска сол во боја нема. Апсурдна е реченицава која ја напиша...
http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... MNQGXI1Az7 Јас Dove peeling го користам, ми ги чисти црнките и мн сум презадоволна
Имам сува кожа и изразени црнки пробував секакви маски кремови а најголема грешка ми беше сама ги чепкав и правев поголема беља,сега се одлучив само на козметичар едно одење на третман на лице има огромна разлика и 2 месеци си раат без црнки ми препорачаа да земам тоник и крема за чистење од нивеа за сува кожа јас ги употребував и пред третманот ама сега гледам дека после третманот има ефект.Тетманот чини околу 700 денари ама лицето е чисто како на бебе
Кај мене ова е лекот - Прво над пареа, па или маската со желатин и млеко или лентите на Нивеа. Пробував и со паста и само носот црвен ми се направи
Јас го користам, нежен сапун е и потполно одовара за некој кој има мрсна кожа. Мене не ми го оптега лицето, понекогаш само малку околу очите чувствувам затегнатост, но по миењето обавезно си нанесувам дневна крема на лице (таква ми е процедурата) и не сум имала проблем со лишаи и сува кожа. Многу е добар сапунот, само мене и не ми ги чисти баш црнките. За нив си употребувам пилинг. Муабетот ми беше, ако го чувствуваш лицето суво или затегнато по миењето, слободно нанеси си од дневната крема која ја користиш и ќе немаш мака.
имам црнки само на носето но ми ги чисти една маска .. неможам да се сетам на името ќе ја прашам мајками и ќе ви пишам за името
кажете ми некоја добра маска за вадање црнки пробував многу ама ниедна не ми помогна особено таа од авон
порано сестра ми имаше и сеа ги нема незнам нешо ставаше на лицето користеше некои креми и постојано си го чистеше лицето