Савана, пробај да ги стискаш со влажни марамчиња. Мене вообичаено ми се јавуваат на брадата и носот, иако имам забележано дека со соодветна нега и секојдневна хигиена поретко се појавуваат. Јас го практикувам ова - земам влажна марамица, ја мијам со врела вода и ја ставам на носот или брадата за да ми се отворат порите (или можеш ова да го правиш после туширање, уште поубаво). Потоа нежно ги истискувам црнките, ама не директно со прсти, туку со влажната марамица. Ја замотувам околу прстите и нежно притискам (се надевам убаво објаснив). Кај мене само ова функционира. Ниту ленти, ниту некакви смеси, купечки маски... ништо! Една по една ги истискувам и веднаш ги чистам. Само полека и нежно, да не ја разраниш кожата. После тоа го мијам лицето со лосион, мачкам крема и готово
Да, цело кутивче ги има во маркетите а посебно се продаваат во Зегин аптеките, околу 50 денари е една.
Ако нежно ги истискаш нема да има многу црвенило. Јас обично постапкава ја правам пред спиење, после тоа го мијам лицето со лосион и се мачкам со крема. Така што до сабајлето нема никакво црвенило. Можеш да пробаш малку мраз да ставиш евентуално и црвенилото би требало да се повлече.
Meне тоникот Еуцерин воопшто не ми одговара, некако чудна ми е кожата по нанесувањето, а кремата ми е океј, но некако побрзо светнувам во Т-зоната кога ја имам нанесено одоздола како подлога отколку кога имам ставено Нивеа за мрсна кожа. Не знам дали одговара како подлога за шминка, според моето искуство некако не ми оди, но тоа е. Среќа што беше тестер, мислам дека ќе направев грешка ако си ја купев вака. Не ми помогна за црнките воопшто, но ја ублажува ситуацијата со акните доста солидно. Третманот на Ана Каренина одамна го порактикувам и јас, ако немам влажно марамче терам со палома на истиот принцип - ја намотувам на прстите и ги стискам убаво, па раат сум неколку денови од нив. После, пак иста песна.
Одамна ве следам, но сега се зачленив. Сакам да го споделам моето искуство со маската од желатин. Некој да ми кажуваше немаше да верувам во ефектот. Мене навистина ми ги извади црнките од носот. Изразот на моето лице беше Оттогаш ставав два-три пати, но претходно го парев лицето едно 10-тина минути. Пробајте ќе видите дека има ефект. Поздрав, се надевам ќе се дружиме
Девојќи ако може едно прашање, нели се става лицето на пареа да ти се отворат порите и да може полесно да искочат црнките. Прашањето ми што да ставам на лицето одпосле да ми се затворат порите? На козметичар кога ми ваделе црнки, на крај со некоја маска од алги ме мачкаше да ми се затворат порите, ама во домашни услови што би можела да ставам, наместо маска од алги? Има некој домашен супститут?
Сакам да прашам, дали ја имате пробано оваа маска против црнки? И што мислите дали би имала ефект? http://mojakozmetika.mk/nega-na-kozhata ... e-za-crnki
Јас ја пробав но ставив само на носот бидеќи имам многу црнки на него ии искрено немаше некој резултат од 100% само 30 ми исчисти
Јас секогаш ставам белка од јајце, и се држи 20тина минути, и потоа се плакне лицето со вода. Ем кожата ја прави бебешка, ем убаво си ги затвара порите. со тоник и сл мислам дека би можело да дојде до иритација, да те пече и да си направиш рани.
Toчно е!!! И кај мене делува, и тоа многу. Истото како со лентите. Ама треба два пати неделно за да има ефект.