Девојки денес ја пробав маската со желатин и млеко и изненадена сум Со се пробав да ги вадам ама не можев никако,и сега го најдов чарето Значи купуваш желатин во кесичка од маркет ставаш малку во помал сад,додаваш неколку капки млеко мешаш и многу малку загреваш во миркобранова или на шпорет. Брзо нанесуваш (брзо се згуснува) на местата со црнки,или на цело лице со едно стапче чекаш неколку минути и ја вадиш полека маската. Супер е ова со редовна употреба се ќе извади,ама обавезно после бањање
Јас имам црнки само на носот, сум купувала најразлични маски, сум пробувала со ленти но од ништо немам забележано ефект...може да пробам со маската од желатин. Туку мене ме мачи еден друг проблем. Пред некое време ми се појавија затворени митесери, значи црнките се отворени и може да се стиснат и да излезе тоа, но затворените се бели и се како топчиња на кожата - ужасно изгледа! Дали некој имал ваков проблем и дали има решение? Ви благодарам!
Си порачав гел за отстранување на цркни и пори од Орифлејм... овој број имаше поголем избор па решив да пробам и јас. Инаку имам порбано многу работи, од камилица до вадење со златен прстен ама немаше фајде.
митесерите се чистат на козметичар со врела игла прво треба да се дупне и постоа се стега, но штом кожата е склона да ги има повторно се појавуваат........
Ја имам пробано неколку пати. Ја сушев со фен бидејќи многу бавно се суши. Резултатите беа минимални, извади околу 20% од црнките на носот. За поголем ефект, претходно лицето обавезно треба да биде исчистено, па испарено со чај од камилица.. Пробајте, можеби за вас ќе успее
Јас пробував со се живо. Последно - со ленти. Ама попусто е се. Се вадат некои 20% што е многу малку.
јас со ленти ама на секои 5 дена, ми се здосади веќе, дај кажете нешто некое гелче, не знам некој сапун било што.. досега најјдов само маски амма не сакам.
Еве јас да ти препорачам, го купив пред два дена, ама навистина забележувам разлика. Станува збор за овој пилинг- гел за секојдневна употреба ] Инаку го купив од Тинекс, 312 денари, а овие гелови ги има и во Космо по иста цена, ама баш овој го немаше.
Прво некои квалитетни 20 мин лежење во кадата, за да добро испари лицето, после ги нанеисив овие , сакав да ви ги сликам лентичките кога ги извадив, али немаше смисла
ПОМООООООООООШ Имам црнки веке цела година (на носот) пробувам се... Стисканје, со прстен, со водена пареа, ги мачкам со DOCTOR'S и со YOUNG DERM (камилица,за мрсна кожа) НИШТО НЕ МИ ПОМОГНА !!!!!! ПОМОГНЕТЕ НЕКАКО АКО ЗНАЕТЕ ВЕ МОЛАААААМ! ♥ Колку пари се ? од аптека ги купииии?
Како до чисто лице? Епа вака јас немам проблеми со акни значи чисто лице имам освен црнките се нјаголем проблем на носот значи носот ми е покриен сет со мали црнки се прикриваат со пудра ама сакам да ги снема имам направено 3 третмани ама после 10 ддена пак се појавуваат не се длабоки што да користам за црнки? Чистам лице со јанг дерм крем за хидритација пилинзи за црнки и акни но не поминуваат црнките..
Девојки и јас го имав истиот проблем но го најдов решението како да се справам со црнките со чиста крпа ќе го исчистите лицето со алкохол и ќе го измиете со сапун DOKTOR'S + (достапен е во сите продажни места) и повторно ќе го избришете лицето со чиста крпа... за крај може да ставете некое кремче да не ви мириса лицето на алкохол.
Иако јас немам црнки на лицето, користев од маските на Авон (ги има со сина, зелена и лила боја). Тие сините многу и помогнаа на другарка ми. Исто така, многу помага и пареа. Скроз ти го чисти лицето.
Јас нема што не пробав и еден куп пари фрлив,значи не можам повеќе вака!! До сега само во домашни услови имам вадено поткожни и црнки ама алоооо лице мое,ти нема спас!! немам одено на козметичар,ама сега сум решена да си закажам...ако имате искуство ве МОЛАМ препорачајте ми некој/а кој работи асално и ќе ме спаси од поткожниве бели и грдиве црнки на носот!! ако можете и во лп пишете ми број и цена на третман
Како до чисто лице? имам црнки на лицето и незнам како да ги прекријам дај кажете некоја пудра за прекривање на црнките
Како до чисто лице? di-di3 Не се обидувај да ги прикриеш црнките,туку потруди се да ги исчистиш од лицето.Навистина се мали монструми со непријатен изглед.Својствени се за лица со мрсна Т-зона.Во домашни услови направи раствор од ладна вода и малку ситна сол.Во него потопи козметички тупфер и помини го лицето неколку пати.Овој третман прави го потреба во текот неделата.Ако црнките се брзо појавени,за брзо време ќе ги исчистиш,а резултатот ќе го забележиш на тупферот.Ако од ова нема резултат,купи си од аптека козметички ленти за отстранување на митесери од Нивеа.И едното и другото го користам и има ефект.Пробај и пиши за резултатот.