Јас немам црнки но една другарка има и козметичарката и кажа еднаш неделно додека се бања да направи масажа со сол на лицето со благо триење. Е сега за тоа колкав е ефектот не сум сигурна...
Оваа маска помага, го одмастува лицето и ги чисти црнките само што треба барем два до три пати во неделата да се става.
Јас го користев тоникот светло плавиот на Clean&Clear и сум многу задоволна од него. Е сега си направив мал проблем со лицето.Имав многу мрсна кожа дури премногу можам да кажам.И сакав да сменам нешто друго да пробам.По препорака на другарка земав 90% алкохол и го измешав со вода, пола пола.И со тоа си го чистев лицето еднаш неделно.За црнки, бубулици ми помогна многу не викамн не.Но сега лицето нема ни м од мрсно.Ми се исуши скрос.Браво за мене сега не ми одговара пудрата .Веќе не го користам тоа си се вратив на стариот тоник.Се надевам дека со тек на време ќе ми се врати лицето.
Мене најмногу ми помагаат зелената глина и пилинг-шеќер со маслиново масло. Се вадат црнките, сега не целосно, ама значително ми се намалени откако го практикувам ова. Освен тоникот од Авон, што воопшто не ми помогна, друго немам користено.
ова изгледа лесно и едноставно а би требало да е и ефикасно http://www.youtube.com/watch?v=-bjOB4zS0uE
Порано немав ич црнки , но сега последниве години ми се направија многу околу носот и на него , на брадата дури имам и на образите . Ги купував овие лентиве од нивеа ама не ми помогнаа , единствен метод од тука фала за советот на една членка имаше пишано со влажно марамче мене така ми се вадат неколку да кажам подобро од тие лентите , а и плус практично е само јас со големи нокти се стегав многу па се направив црвена . И овде читам лентиве на нивеа скоро секоја ден ги користите о.О штетни се , плус на нив пишува дека на секој 3 месеци да ги користите .
можеби ја немаш добро направено... или пак стварно не е кој знае што кога ќе пробам и јас, ќе пишам за ефектите
Одамна имам пишувано дека ова вади црнки откако претходно ќе го испарите лицето убаво. Последен пат место млеко ставив желатин и вода и нема разлика, исто е ефикасно.
Ставете во тенџере литар,литар ипол вода,4,5 кесички чај од камилица,зовријте го и додека е врел пешкир на глава и над тенџерето парете се околу 10 мин.Потоа земете златен прстен и поминете го лицето таму каде што имате црнки,вообичаено на носот и околу и пишете тука резултати,нема утка
Ја пробав маската со лимон и мед. Освен тоа што ми го направи лицето по меко и нежно не забележав промени кај црнките. Лимонот е добар за лицето, содржи витамин Ц. Затоа се и препорачуваат кремови од лимон, но не помага за црнките. Сепак пробајте, лицето е многу меко.
Јас користам клин енд клир за црнки и има ефект .. но ако сакате да ги отстраните на друг начин можете со неколку кесички камилица во едно тенџере со вода и да се парите околу 10 мин како што кажува butterfly4 .. тогаш се отвараат порите и е многу здраво за лицето.. се отстрануваат сите нечистотии и сл.. пробајте..
што се немам пробано за да ги отстранам, џабе. Трајно решение за црнки нема, може само привремено да ги отстраниш со „стискање“ или со пумпица на козметичар, до следниот пат. Ниедна маска не може да ги извади, тие не се на површината на кожата.
Да, не се на површина ама затоа со златен прстен се поминува после парење со камилица...ќе поминеш со прстенот на нив и излегуваат.. е сега , нормално од еднаш не може да ги снема веднаш..ако ти се појавуваат повторно тогаш единствено чаре ти е да се париш на одреден период.. на пример на секои 2 недели ..
И јас го пробав уште пред некое време, ми ги отстрани повеќето. Освен на носот, ставив малку и на брадата, таму ми ги искорна и оние белите ситни влакненца (мов), помислив дека брада ќе ми порасни хаха, ама не ми се има јавено никаков проблем, фала богу Ова го направив неколку пати кога бев средно и уште си ја чукам главата, се повеќе и повеќе ми се правеа, на површини каде што претходно немав. Грешка што поминував со прстенот по целото лице. Не велам дека кај други луѓе нема позитивни резултати, еве има и во групава на кои им било успешно, но ете на мојата кожа таков ефект имаше. Значи совет - ако го правите, немојте на целото лице, само на местата каде што имате црнки наблиску.
Со лицето не сум имала до сега никакви скоро проблеми...Имам светол тен и чисто лице...Користам само крема за лице и течна пудра (значи никакви подлоги, коректори и сл...) Меѓутоа сега последниов пат кога бев во салонот (да се депилирам) козметичарката ми рече- одамна лицето ти го приметувам, како се доведе до ова црнки да имаш...? Бев ваква значи И тоа на Т-зоната само...Вика длабоки се и само како бели ситни точки ти се познаваат, а многу имаш... Е сега ми рече дека требало да ми прават третман за нивно отстранување, дека ќе ми ги стискаат, па пилинг на лицето, па хидратантни маски и ќе ми го масирале на крај...Искрено скептична сум во врска со ова, на братучед ми сопругата ми кажа дека можно е порите да ми се прошират, па како дупчиња после да ми се познаваат...Не знам дали да идам или не...Се плашам да не ми го упропастат лицето... Има ли некој ваков или сличен третман правено, ме интересираат искуства...?
cocoa28 и јас одамна се мислам да отидам на ваков третман. И јас имам црнки на т-зоната. Искрено, премногу сум скептична, од причина што дерматолозите не препорачуваат стискање на црнките и комедоните, туку прво третмани, пилинзи и контролирана исхрана, па дури на крај стискање, како задна опција. Е сега, козметичарките најчесто се со завршено средно училиште, и не ми е баш најсигурно да дозволам тие да ми го третираат лицето. Практично, исто како јас самата да си го чистам лицето, првин го парам со чај од камилица и потоа ги стискам. Инаку сум правела муабет со девојки кои биле на ваков третман за стискање, и повеќето се задоволни. Но, ме предомислува една девојка која, после ваков третман, од проблематична т-зона, добила воспалување на целото лице, поточно акни, кои едвај ги средила со дерматолози.
Сестра ми пред 2-3 години отиде на козметичар да и го средат лицето и секогаш кога се враќаше беше како црвено пиперче. Ефкети имаше може една недела, ама после таа недела порите пак си се полнеа и пак ќе отидеше на стискање. И така на секои две недели си одеше и си се исподава пари. И тоа што е најглупавото не беше кај некоја со средно само што има завршено, туку беше кај познати имиња (не ми текнува како се викаат). И сега има флеки на лицето и дупчиња. Така да незнам колку ти е сигурна оваа варијанта..
Baby-bubu нормално е после класичниот да биде црвена, а кај мене ефектите се многу јасни после една недела и траат, доколку оди кај способно лице дематолог, или козметичар кој е обучуван и соработува со дерматолог не би требало да има проблем, а уште помалку да има флеки и дупчиња на лицето. Сигурно не го има погодено козметичарот па се јавил таков проблем. 100 пати имам нагласено не одете кај козметичар, не може секој да ви го среди лицето, туку бирајте стручни лица за таа работа.