Подобро почни сама да си го чистиш со пилинзи и маски против црнки на лице, со редовна употреба може да ти се намалат и исчистат. Ништо чудно и да ти рекле така само да ти ги земат парите. Имаш во дрогериите милион препарати за оваа намена, има и лентички за отстранување па можеш дури и домашни маски за лице да си направиш, разгледај по јутјуб. Пробај си прво сама, па ако не успееш посети си дерматолог, немој веднаш кај козметичарки да се обраќаш.
Со помош на оваа домашна маска ќе ги исчистите порите од насобраната нечистотија во нив. Се подготвува од природни состојки кои се лесно достапни. Маска за чистење на порите од нечистотија Потребни состојки: ½ лажичка желатин 1 супена лажица млеко (вода) ½ таблета активен јаглен Подготовка: Таблетата јаглен треба да се иситни и да се соедини со желатинот па да се додаде малку млеко. Убаво промешано треба кратко да се загрее на пареа и да се нанесе со тврда четка на претходно пареното лице. (Порите треба да бидат отворени, најдобро со чај од камилица). Кога ќе се исуши маската по околу 20-тина минути, се отстранува маската во едно парче. Испробано и делува навистина По вадењето на маската (со лупење) се забележуваат убаво сите нечистотии бидејќи е црна самата маска
Jaglen tableti ima vo Zegin i na Esi -aktiven jaglen. I vo drugite po snabdeni apteki. A koja e ulogata na jaglenov vo maskava? Jas znam deka moze i bez jaglen da se napravi pa me interesira sto uloga vrsi jaglenot? Se izvinuvam za latinicata
А дали оваа маска ќе помогни за целосно затворање на порите насобрани од нечистотијата/црнките? Затоа што јас стварно не знам како баш на тоа место ми се прават постојано. Од ко ќе ги исчистам извадам со парење на кожата, маска, лостиони и сл, по неколку дена пак се појавуваат, конкретно на носот. Како целосно да се ослободам од црнките на носот?
Отсекогаш сум немала проблеми со лицето (исклучок се бублиците кога доаѓа периодот,што е нормално кај сите) , но во последно време забележав една-две црнки на лицето ништо, ги стиснав и толку. Арно ама сега овие денови забележувам црнки на Т-зоната, особено премногу ми се на челото, а на образите по една ... Да прашам дали помага ова со зовриената вода и дали само да ги стиснам или да поминам со прстен? Ако не му е тешко на некој да одговори
Помага парењето, јас имам правено со чај од камилица, но по некое време пак се јавуваат црнките. Имам ставано и зелена глина по парење додека се порите отворени, белка или пилинг со шеќер и лимонов сок, тогаш ги снемува, ама пак се јавуваат за неколку дена. И мене ми се проблем, имам повеќе на челото и носот, на брадата помалку. Не знам веќе што да правам да се ослободам од нив. И тоа со прстен го имам пробано, ама исто, нема долготраен ефект.
Дали некоја користела Клиндацин ? Ако некоја го употребувала дали имало ефект ? Мене матичната докторка ми го препорача, денес почнав да го користам, па сакам да знам дали ќе ми помогне. (знам дека зависи кај кого-како делува, ама отприлика да знам)
Јас го користев , премногуу ми помогна .Ако го имаш земено на галафарм нема да ти го суши лицето многу.Резултати не очекувај веднаш дури после 1 месец користење , биди стрплива малце и ке ти се среди лицето. .И секако после користење ставај лесно кремче , немој никако бебешки креми да ставш на лицето.
Ајде и јас да го кажам моето искуство со кожата на лицето. Веќе повеќе од еден месец , неколку пати во неделата го премачкувам лицето со мед ( го чекам да ми постои околу саат до 2 ) , потоа стискам лимон и го мачкам на местата каде што има црнки и акни .... Во денот кога ќе одберам ништо од горенаведеното да не ставам, го премачкувам со Е витамин, по една ампула .... значи ми се фаќа два пати неделно да ставам Е витамин, 3 пати мед , 2 лимон или обратно. Наутро го мијам само со шампон (моментално од коприва)затоа што ми е страв да го мијам со сапун ,тоници или други средства од нормално досегашните искуства. Лицето до сега го имам напарено над тенџере чај од камилица во кое капнав две капки етерично масло од рузмарин....Навечер шминката ја вадам со вода која сама ја приготвив: Во 100 милилитри изворска вода се ставаат 10 капки етерично масло од лимон и етерично масло од лаванда, и можам да кажам дека црнки воопшто немам а што се однесува до бубулиците не ми излегуваат нови додека старите лимонот ги суши. Со акните малку поболно оди лекувањето , ама медот им е мајката ...многу помага. Не се плашете од лионот, малку пече но ги суши црнките .
И јас имам таков проблем до пред неколку месеци, користев една крема, мајка ми што ја набави, сега веќе заборавив на нив, не се грижам толку, а кога излегувам користам пудра
Имам една дугарка која имаШЕ многуу црнки на носот а сега ни ц од црнка...ги извади со помош на едни ленти наменети за такви работи (црнки де ) и знам дека ја купува од Oriflame само незнам како се вика и колку чини.Ај во понеделник ќе ја прашам и ќе ви пишам
Мене на лето од сонцето, на носот ми излегуваат црнки.. Користен Clean and clear, но не ми помогна којзнае колку, но сепак колку толку ми ги исчисти. Што ми препорачувате поефикасно?
Јас имав едно вакво искуство кога сакав да си експериментирам со лицето Ставив да се вари чиста камилица, сварената камилица ја ставив на лице, ја подзалепив и ја оставив да постои, па кога ја извадив цела бев црвена. Дали е некоја алергија, многу малку имам слушнато за алергија од камилица, ама дали е можно? Во кремчињата не ми прави проблем. Исто така често ме боли и стомак од чиста камилица како чај, а на некого му помага во болката.
200 и некој денар , немој да го земаш оној на Леа , повеќе ја суши кожата.Се користи наутро и навечер на чиста кожа.
И јас имам црнки на носот, највеќе... За брунки можам да ви кажам со lassion користам, многу брзо ги чисти брунките, а за црнки, не знам како ни јас да ги тргнам.
Заради хормонални промени Т зоната значително повеќе ми се мрси од претходно. Почнаа и да ми се јавуваат црнки на носот. Прочитав совет кој никој баш сериозно не го разгледал а кај мене баш се покажа како најефикасен. Парете го лицето неколку минути над жешка вода со камилица и потоа без да се избришете поминете со прстен по критичната зона. Коренито го собира црнките и слојот мртва кожа. Кај мене ова се покажа како најефикасно и ги надмина сите тоници и лосиони, нивеа ленти.
Сум го прочитала ова со прстенов и претходно, и навистина сакам да знам кое е објаснувањето зошто помага. Мора некоја логика да ме убеди како функционира ова. Дали поради металот (нели и микродермоабразија кога прават викаат дека прават со дијаманти или незз со што) или само заради тоа што поминуваш и како да го гребеш површинскиот слој од лицето. Не сум пробала, и скептик сум (а и немам златен прстен кога ќе отидам кај мајка ми може да пробам). Ама тие што пробале велат дека е ефикасно. Стварно ме интересира која е логиката....
Го имам пробано ова со парење на лицето со камилица и потоа чистење со златен прстен па еве да споделам искуство.Значи вака парењето на лицето помага да се отворат порите и чистењето да биде полесно поефикасно и подлабинско а низ црнките се минува со златен прстен пошто многу полесно се чисти и побрзо отколку да стискаш една по една.Е сега единствен проблем после ваквото чистење на лицето ми е тоа што ми станува мноогу црвено и црвенилото ми минува тек после 3/4 дена ама тоа е тоа...а исто така и после некое време пак ми се појавуваат црнки значи решението не е трајно само привремено.Доколку имате кожа склона кон создавање на црнки и после ваквото чистење ќе ви се појават повторно што значи на секое појавување треба да правите ваков третман.Ама сепак пробајте си нема што да загубите освен црнките