Пресечи лимон врз средината, намачкај го со неколку капки мед...мачкај го целото лице или само на деловите кај што имаш црнки и други акни и остави го да делува 15 минути...Измиј го со ладна вода и погледни се во огледало Се надевам дека ќе помогни...
Тукушто гледав на билките на Баба Рада еден рецепт за чистење на црнките кој гласеше вака: Се прави мешавина од 100 милилитри мед и 200 грама измелени(може и цели)житарки и се става директно на црнката да стои 30 минути.Потоа се мие со млака вода или пак со кисела вода или некој чај (жалфија камилица и др.)Па незнам колку е точно и ако испробам ке ви пишам обавезно. Поздрав девојки
Најверојатно мисли на оваа: Се раствара со вода, се прави смеса и се нанесува на лицето помага за сите проблеми со лицето и длабински го чисти, јас ја правам еднаш неделно доволно е, може и за цело тело да се употербува. Имаат и уште една од Виталија таа им е за орална употреба врши детоксикација на оранизамот.
Преѓе ја слушав баба Рада кажуваше рецепт за црнки со мед и житарки, кои можел да се користи еднаш неделно, а колку помага незнам, не сум пробала. Имам и јас многу црнки ама мачно ми е да се испробувам со триста чуда, пилизни и незнам што таму, полесно ми е да застанам пред огледало и да ги стегам ама ќе го пробам овај рецептот на баба Рада па ќе ви кажам дали помага или не.
Те молам кажи ни од каде ја најде таа глина и како да ја направиме маската? Ти благодарам Те молам кажи ни го рецептот за црнки со мед и житарки на Баба Рада.Мислам дека нема да помогне, но барем да се обидеме
здраво девојки, црнки? аххх и јас сум со истиот проблем.. што не испробав џабе! - пример јас моето лице го чистам кога ќе се туширам, значи со топла вода. - кога сум прикрај со капењето го земам прстенот и поминувам на деловите каде што имам црнки и значии се излегува, појќе пати поминувам и сум раат, мазно ми е лицето и убаво кога ќе ставам пудра - не се плашете ако ви е црвено тоа е од прстенот, друго не го чистам лицето секој ден, го чистам преку еден ден, бидејќи кај мене не се собира многу многу, па неможам убаво да ги извадам.. се надевам дека помогнав поздрав до сите <3
Нјалесна и нај ефикасна маска против црнки е со 1 супена лажица желатин и 1 супена лажица млеко ке меша во мал сад потоа се става во микробранова на 10-12 секунди на средна температура (зависно од микробрановата) потоа се меша со четка за пудра и се нанесува на црнките (избегнете ги нежните делови од лицето) потоа се остава да се суши околу 10 мин. и потоа се одлепува односно ја влечето од лицето на крај измијте го лицето прво со млака вода потоа со ладна за да ви се затвораат порите. П.С: се препорачува да се нанесува на носот , под устата , челото и под подочниците . Јас го правам ова секоја недела и немам црнки исто така после миење лице наутро и навечер го тријам носот и челото со сув пешкир и тоа помага исто така
Сум слушнала дека постојат некои лентички на Нивеа што се ставаат на кртичните места, односно кај носот, брадата и челото и по неколку минути откако ќе се извадат лентите излегувале и црнките???? Дали некои знае како се викаат тие ленти и каде да ги најдам??
Јас неколку недели на лице правам пилинг од сода бикарбона, па почнаа некако да ми се повлекуваат да не се познаваат толку. Имам пробано и со лентите на Нивеа, тоа со желатин и млеко и ништо не ми помогна. Дефинитивно содава е најдобра.
Јас го имам истово пакетче дома ставам малце на рака и со една 2-3 капки вода размешувам. Добиваш смесна и ја ставаш на лице и триеш. На крај плакнеш со ладна вода и лицето ти е мазно и чисто.
Колку често го применуваш? И на цело лице или само кај што имаш црнки повеќе?[/quote] На цело лице го ставам на 3-4 дена.
Jaс користа Young Derm , ми помага мене тоа е лосион,се нанасеува на чиста кожа.Јас ма лце ставам на памбудче и го ставам низ лицето и потоа памбучето ставува валкано како да никогаш не си измијан лице моја препорака е да го пробате.Мене ми се нафрлува кога имам пудра и коректор но затоа секогаш кога ќе станавам шминка на лицето ставам прво лосион а потоа Young Derm пудра мене ми помага
Da aspirinot navleguva vo porite, da gi iscisti, no aspirinot e acetisalacilna kislenina, i ne e stetna, osven ako si alergicna na aspirin! Salicilnata kiselina se naoga vo site proizvodi za akni, 1-2%, znaci ako koristis aspirin si vo dobivka, zatoa sto ja ima vo mn pogolem procent, ja neguva kozata i i dava mekost, ja osloboduva od necistotijata! Vakvata maska se koristi 2-3 pati vo nedelata![/quote] ај ке пробам и јас ) А од колку до колку години е препорачлива маскава? хаха[/quote] Anije, maskava e super, ja preporacuvam na sekoj! I nema granici od kolku do kolku! samo ne treba da se preteruva so nejzinata upotreba, sekoj 3 den treba da se pravi! Inace isto taka upotrebuvam eden drug metod, cistenje na liceto so maslinovo maslo! znam deka zvuci cudno ama, ete i jas se iznenadiv kolku dobri efekti ima! Go cistam liceto nautro i navecer, so pamuk go trijam liceto so maslinovo maslo, i na nego stavam zezka krpa, 3 pati, porite da go vpijat masloto ( zatoa sto masloto go cisti sebumot - oil disolves oil), go brisam liceto da izleze necistotijata, i posle go plaknam dodeka ne se zatvorat porite! Vo slucaj koga liceto posle koristenjeto na ovoj metod mi e suvo, stavam dve kapki na davata obraza, i go mackam niz celoto lice! Navecer nekogas posle mienjeto stavam krema zdrave! Sega liceto mi e cisto, nemam crnki, ni potkozni otkoga ja koristam aspirinskata maska, i maslinovoto maslo! Se nadevam deka pomognav!!! Ako go koristis ovoj metod pisi! Pozzzzzz[/quote] Колку време. се држи крпата врз лицето (колку време)
Не можам да се отарасам од овие црнкиве , само привремено, но после пак нови си се појавуваат. Ги имам највеќе на носот и исто така имам малку на брадата. Пробав со чај од камилица ама не беше нешто ефективно така да повеќето останаа. За стискање да не зборувам, ми се прават лузни и уште поголем проблем се прави. Девојки кажувајте некое чаре ...
СОЛЕНА ВОДА Солта на природен начин ја чисти кожата. Таа не само што ги прочистува порите, туку и ги суши веќе појавените акни. Пливањето во солена морска вода е одличен третман за акните, но бидејќи не можеме да си дозволиме во текот на целата година да сме на море, добро е да ја користиме моќта на солта во домашни услови. 5 мали лажички сол (морска или за готвење) вода Во солта додајте една по една неколку мали лажички вода. Постојано мешајте и постепено додавајте вода додека не добиете густа смеса (паста). Оставете ја смесата да стои 10 минути, а потоа нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Измијте го лицето со топла вода. со среќа