Јас ја користам оваа маска од Авон, се нанесува еднаш во неделата и се чека околу 10 тина минути да ти се засуши и потоа со млака вода и ги вади црнките. Јас сум задоволна, другарките ја пробаа кај мене па и тие си порачаа
Девојки да прашам, ги имате користено тие лепенките за црнки? По аптеките ги има. Ако да, има некој ефект?
Акни и црнки на лицето се процес кој трева повеќемесечен третман. Причинителите можат да бидат од најразличен карактер. Знаеме дека кожата на лицето е многу чуствителна и треба да внимаваме со препаратите и начинот со кој се справуваме со црнките. Битен фактор е третманите да ги спореведуваат до крај за да се види финалниот ефект од истите. Често менување на третман може да дојде и до контраиндикација и исфрлување повеќе црнки на лицето. Многу важно нешто, и треба да се знае дека доколку се има црнки и акни на лицето... хигиената на лицето треба да ја се врши со: 1. Kремови, пенливи гелови кој во никој случај не содржат сапун. 2. Треба да биде СИН-ДЕТ (синтетски детергент) кој не го нарушува нормалниот хидролипиден филм. Ако ве интересира нешто друго слубодно пишете
Јас имам искуство со лентите за отстранување на митесери на Нивеа и задоволна сум. Сепак,кај секој има различен ефект со оглед на тоа колку се распространети на масната зона,начинот на кој се третираат и пред се степенот на подложност на кожата за појава на митесери. Во доамшни услови можеш да направиш со раствор од солена вода.Во филџан со ладна вода стави малку ситна сол и промешај за да се раствори.Потопи козметички памук и на сува кожа на местата каде има митесери неколкупати помини со растворот.На памукот ќе ги забележиш отстранетите митесери. Доколку имаш многу митесери,пожелно е третманот да го правиш двапати неделно.
и јас ги пробав лентите на нивеа ама не сум баш задоволна, првата недела немав црнки но после тоа пак ми се појавија
Јас пробав со овај рецепт да ги отстранам митесерите но не ми успеа, не се отстранија. Сега го користам Clean and clear 2 in 1 ( може да се користи и како маска и како гел за лице, за отстранување на митесери), ама мислам дека видливи резултати ќе има кога ќе го потрошам цело Женски јас не ви препорачувам да користите ленти за митесерите зошто може да ви останат околу носот лузни ( како мали дупчиња) ако ги користите редовно и местото да се иритира и да не заздрави.
Некоја од Вас да ми препорача некој крем, гел, лусион што и да е кое имало ефект во отстранување на црникте, и по можност и цена на препаратот?
Oвој Неутрогена тоник мене ми е најефикасен, но кога го користам редовно на подолг период. Цената му е околу 280 ден. и мислам дека во Зегин е најевтин.
Јас па не сум ич задоволна. Ова не е тоник, туку лосион за чистење (cleansing lotion) и баш заради тоа не сум задоволна, воопшто не ја чисти кожата кога ќе споредам со ред други лосиони кои сум ги користела, а нема ни ефект на црнките. И тоа купив второ шишенце со некоја надеж, ама да го дотрошам дефинитивно не го земам пак. Како и да е, другите производи од линијата, и геловите за миење и маските се одлични.
Не знам колку шишенца по ред сум купила; мене ова ми е најефективно за инаетливите црнки. Уште да имало и матирачки ефект и мислам дека би прекинала да купувам тоник за таа намена. Најверојатно и со овој производ е докажано непишаното правило - додека не пробаш, нема да знаеш.
Пробајте со маска од белка од јајце. Вчера ја правев за прв пат и некои од црнките на носот излегоа на површината
Вечен проблем. Што се неам пробано не искачаат. Со златен прстен пробав освен рани ништо друго не добив. Креми, лосиони се се, ништо не помага. Не знам веќе што да пробам
Луѓе, од кога веќе се формирале нема решение освен да ги истискате. Ништо не може да ги тргне. Фората е да не се создаваат толку многу. А дека некои маски и слично убаво ќе ги исчистат како чисти прсти... тешко. Јас во последно време правам пилинг од сода и кафе измешано со лимон и малце вода, ама краток период за да кажам дали има ефекти. Плус гледам да не го мијам многу често лицето (ограничив само на сабајле и навечер) и да не шлапам многу креми барем дур сум дома.
Да не беше баш како на сликата посакуваниот ефект кај мене инаку на една школска и ја покажав сликата и таа пробала и ми кажа дека има ефект сами почнале да и излегуваат црнките на носот после 20 мин ... пробај и ке видиш каков ефект ке има кај тебе да напоменам малку пецкање ке осекаш ама тоа значи дека има ефект
Јас го пробав и беше чист fail,ама пробајте го и вие,бидејќи и јас сум чист fail самата по себе Се пробав,секакви лосиони,ги стискав секој ден,дури и си давав морална поддршка,си викав,сите со црнки се посебни Многу ме сакаат бе,нејќат да ме напуштат,засекогаш заедно ќе си бидеме. Ако ви треба некој иљач пратете ми лп,ако не бивало кај мене кај вас можеби ќе бива