морска сол ( незнам како викате sea salt ) , баш читав вчера на интернет , викаа да ставиш вода да зоврие и да додадеш такваа сол и да го нанесеш на лицето , па пишуваше дека многу помагало за чистење на црнките и исто така и акните сакам да го пробам има ли некој пробано ?
На мене црнките од лицето ми поминаа откако бев на море , цел ден си се бањав , изгледа е до морската сол и да акните на грбот ми поминаа
Јас прашав во мојот град и ми кажаа од 600 ден. нагоре зависи од каков третпан поточно имало повеќе видови.
Јас откако ептен си ја влошив состојбата на лицето стискајќи се сама обавезно идам на козметичар да ми го среди лицето и сум многу задоволна од резултатите....чисто лице без црнки...Цените се движат одприлика околу 500-600 ден.
Како до чисто лице? Имам црнки на носот...не знам како да се отарасам. Пробав со сода бикарбона, некои маски со мед и шекер,гарниер лосион ама не излагаат баш. Имате некоја идеја?
Како до чисто лице? Третман да направиш. Црнките треба да се истискаат, а се што правиш ти е површно затоа немаш резултат. И дермоабразија добро би ти дошла, целото лице ќе ти се измазни.
Девојки, јас го пробав тој рецепт со една лажица млеко и желатин во прав, но кога го ставив во микробранова, наместо смесата да се направи течна, истата се згрутчи...Помош? што правам грешно..
Јас ја правам маскава, во рецептот пишува една лажица млеко и една желатин, но јас ја правам со една лажица млеко и желатин по потреба, значи колку што ми треба, да не биди ни многу течна ни многу густа и не ја правам во микробранова туку на електричен шпорет да се загрее малку смесата. Пробај вака
Јас ја правам во однос 1:1, ја загревам во микробранова на ТИВКО, се добива густа смеса која убаво се мачка, се проверува прво да не е преврела!
Најмногу црнки имам на носот. Па, ќе се обидам некое од начините кои ги прочитав и ќе пишам дали успеале.
Јас пробав секакви маски за лице, кремови, сапуни но џабе.. Ми помогна пудрата, односно подлогата за шминка YoungDerm. Секојдневно ја користам... Откако ја користам немам многу црнки... А од сапунот за лице Dove не ми беше мрсно толку лицето...
Имам пишувано и порано во темава барајќи чаре од црнките ама ништо. Пробував од секакви креми, пилизи, маски, домашни маски, ленти, стискање... Ништо не ми помага. Размислувам да одам на козметичар да ме средат но се плашам да не ми останат како дупки и флеки од црнките. Има некој искуство со тоа?
Не се сеќавам баш точно. Ама сега доста ретко ја користам, можеби еднаш на три месеци. Најубаво е да ја нанесеш по бањање кога порите се отворени. И откако ќе ја излупиш не ставај ништо за да не ги затвориш повторно.