Зошто не пробаш? Твојата и нејзината кожа не се исти, можеби на неа и се исчистиле за 6, а тебе за 1 месец ќе ти се исчистат. А можно е и тебе да не ти одговара. Ако не пробаш нема да знаеш
За црнки ги имам земано оние од нивеа што се лепат......и поголема глупост немам купено до сега....Никаков ефект........друг начин некој???
Ако не ти е на носот, јас земам онакви црни шнолки мали и ќе притиснам врз црнката и сама излегува. Не знам како да ти објаснам поточно, со крајот на шнолата кај што е споено нели, во отворот да ја гледаш црнката и ќе притиснеш. После бањање со прстен можеш да поминеш, ама треба посилно да стискаш ако сакаш да се исчистат. Овие ми се проверени и работат, само не горе на носот - тврдо е местото.
јас ја користам оваа на фармаси и сум задоволна. Не сум се мачела со овој проблем, ама имав неколку ситни кои неможев да ги извадам. Оваа маска ми помогна
zdravo.. jas sum nova ovde ama kako sto citam ne so nov problem.. imam teska zdrastvena anksioznost potocno hipohondricar a od onaj drugiot vid sto se plasat od doktori.... nekolku godini unazat patam od tezok oblik na anksioznos .... stalno imam nekoja teska bolest gi pominav site simptomi na rak od dojka debelo crevo besika itn itn.. dobivam napadi na panika celo vreme fuknkcioniram navidum nornmalno ama vo mislite so belesti...dali nekoj ja ima ovaa problematika ..da spomnam deka piam i apaurin i xeleh ama ne mi pomagaat mnogu po cel den sedam na komp i istrazuvam za simptomi za rak tumor i slicno HELP
Zdravo devojkii Mi treba vasa pomos.. Imam premnogu crnki po liceto i neznam kako da gi otstranam.. Nekoja maska na prirodna baza ili nesto slicno? Vi blagodaram odnapred *
Јас имам црнки на носот, правам пилинг 2-3 пати неделно. Пилингот го правам од мед, млеко и шеќер незнам точно по колку ставам но треба да биде густо како паста, се триеш со неа па се миеш и нанесуваш хидратантен крем.
Мене освен зелената глина, многу ми помага и смеса од сода + лосион за лице. Состојките ги додавам од око, колку да имам за да го обложам целото лице, а самата смеса по конзистенција треба да биде како емулзија. Оние црнки кои се подлабински не ги вади баш најуспешно, ама затоа што го плакнам лицето со топла вода и тоа можам лесно да го средам. Уште немам пронајдено некој препарат кој навистина длабински ќе ми ги исчисти напастиве, ама најзадоволна сум од зелената глина и гореспоменатата маска.
желатин во прав плус лажица млеко и во микро да се растопи неколку секунди, на лице 15мин да се зацврсти и после неколку пати ни ц од црнки на лице немам..
http://www.crnobelo.com/zivot/ubavi...-najbrzo-da-gi-otstranite-miteserite-od-nosot Баш сега пробав и навистина е ефикасно
Немам црнки, но смесава ја пробав во замена за ексфолијација. Ја прави кожата неверојатно нежна на допир! Колку често може да се користи?
Јас го користам еднаш неделно, обично еднаш правам ваков третман, па по неколку дена ставам класичен пилинг од Балеа. Имам комбинирана кожа и вака ми делува супер.
И јас го имам истиот проблем.Си порачав од Avon тоник за намалување на црнките со 2% салицилна киселина (го има во последното издание 20.01-09.02.2015 за 199ден.). Ќе ви пишам за резултати