6???!! брејјјјјјј многу е бе цело пакетче на 2 пати ке ти отиде... јас дробам 2 аспирина растварам со малце вода без мед и мачкам на лице
Еј немој 6 многу е . Јас 4 стаив еднаш и многу биле , од тие малецките по 3 ставам јас . Никако немој 6
А дали има ефект од оваа маска?? Некој да кажи ако сака... И дали може да се стават аспирини шо се шумливи таблети големи???? Позз
Е јас имам друг проблем, немам црнки на лицето, туку на грбот. Немам нешто премногу црнки, ама сепак ги има и се познаваат, а кога ќе им дојде време за стискање, мене ме боли и тоа премногу и не можам да издржам. Дали за на грбот важат истиве методи или има некоја посебна?
јас мислам дека има.. порано не верував и си викав како не од маска ке се изгубат црнките ама почнав секој втор трет ден да ја ставам и гледам дека има разлика помалку се познаваат од порано... така да ке има ефект ама секој втор ден да ја ставаш... позз
Луѓе го открив лекот за отстранување црнки . Сув квасец растворен со вода, да се створи густа хомогена смеса и се става на лицето како маска. Се чека да се исуши убаво и после со кружни движења по лицето се лупи маската. На тој начин се отстрануваат црнките. Јас квасецот го купив бидејќи читав дека измешан со јогурт ја намалува потеченоста на очите, ама кога го купував бев со мајка ми и ми вика па јас порано го користев како пилинг против црнки- ми вели мислев дека го знаеш тој рецепт. Ќе ја убиев ,толку време да знае а да не ми каже . А јас купував ленти по 50 ден и тоа за една област од лицето а лекот да ти бил за 10 ден и тоа има да правиш 5 маски. Како и да е пробајте сигурно ке има резултат, кај мене излегоа речиси сите црнки.
По аптекиве има вакви ленти? Задоволна си, ги отстрануваат црнките? И како да кажам, само ленти за црнки?
Да, ќе кажеш ленти за црнки. Јас користев од нивеа, има за носот и за челото и брадата. Од 45 до 50 ден е една лента и ги вади црнките, само треба да внимаваш да не го натопиш многу лицето со вода па после лентата ќе нема ефект. Ги има во зегин и во другите аптеки и во парфимерии
Јас користам една течност од Авон... сега за сега ми помага... незнам баш дали ги вади сите црнки али ја прави доста мека и мазна кожата на местата каде што имало црнки.. Clean&Clear
sesilija фала ти нааајмногу за маскава со квасец. Навистина помага. Ставив еднаш и 50% од црнките исчезнаа, сега ќе ја повторам истата постапка да ги извадам целосно.
Ја користам Neutrogena visibly clear blackhead eliminating и сум задоволна, ја имаше лани на реклама нон стоп идеше мислам дека беше со Ванеса. После прво користење веднаш се осеќа пилингот ептен ми е погодена.
Па јас фино лепо си одам на козметичар,ми го чисте лицето ..Потоа дома маска од маслинки од авон си користам и го чистам со клиндамицин...Сега засега е добро...Се создаваат нормално нови ,но со секој нареден третман на козметичар се помалку..
а вистина е дека не се враќаат црнките дури 3 недели? нели така беше на рекламата ај пиши оти и јас се думав едно време дали да купам, ама незнаев дали ке има ефект. позз
Да доста време не се враќаат, сега не знам дали 3 недели ако го користиш секојдневно пошто е и за секојдневна употреба има доста ефекти...а и лицето е мазно како бебешка кожа..на мене ми е ептен погодена и задоволна сум
Девојки мило ми е што и кај вас има ефекти, јас само што ја направив веднаш споделив овде со вас . Користете ја, само не многу често, бидејќи тоа е пилинг и знаете сите дека пилингот треба да се прави еднаш неделно а не почесто. Поздрав
Ја имам правено маскава и со вода и со млеко растворен квасецот, но со млеко е поубаво, а и помеко е лицето.
а можи со обичен квасец??? да ја пробам јас ја имам течноста од авон за чистење на црнки и маската, е сеа го прават помазно и понежно лицето ама не гледам некое подобрување во чистењето на црнките...
Ааа мора да ја пробам оваа маскава со квасец,гледам сите ја фалите.Баш ќе пробам сега со вода,а следниот пат со млеко.
Јас пробав со обичен квасец ама немаше ефект изгледа,нареден пат ке пробам со сув А откако ке ја извадите маската ви поцрвенува лицето или не?