Сега случајно го најдов ова по нетов и деновиве планирам да го пробам. Ако ме спаси од црнкиве ќе бидам пресреќна пошто веќе не знам што да правам... 1. На влажно лице нанесете талог од кафе на критичните места и протријте со рацете или со чист пешкир неколку минути, а потоа исплакнете. 2. Потоа во сад со топла вода ставете камилица, наведнете се над садот и прекријте ја главата со пешкир. (околу 5-10 минути) Пареата ќе ви ги отвори порите и ќе бидат спремни за чистење. 3. Следи клучниот чекор - маска за отстранување на црнките - 4 лажички сода бикарбона - 1 шолја минерална вода Се мешаат состојките и се насесуваат на лицето каде што има потреба, избегнувајќи го делот околу очите. Се остава да делува околу 10 минути, а потоа се плакне. НАВОДНО резултатите се видливи ВЕДНАШ, баш ќе пробам па ќе ви кажам.
Конечно денес го испробав ова, и искрено не очекував ништо посебно да се деси али за некое чудо СТВАРНО ФУНКЦИОНИРА! Да се разбереме, ако го проба и некој од вас не очекувајте од еднаш да се исчистат сите црнки али верувам дека после 2-3 пати ќе се видат резултати и тоа добри! Ај да си кажам како што правев: - Прво го навлажнив лицето со малку вода и од претходно сварено кафе го земав талогот и почнав нежно да го тријам лицето (не мора воопшто да притискате пошто талогот е доста груб), претежно во пределот околу носот и образите , ама на кратко поминав низ целото лице и откако го исплакнав лицето бев као WOW! Како што го плакнев лицето почувствував како маслата од кафето продираат во кожата и не ми се веруваше колку беше мазно и меко, ниеден пилинг колку и да е скап и не знам што не му е рамен верувајте јас се зачудив! - После тоа го истапкав лицето со сува крпа и си седнав на маса, се наведнав врз садот со претходно сварен чај од камилица и се покрив со пешкир. (Чајот треба да биде потопол ама не врел) Ем инхалација ем порите се отвараат а и устата доста ми омекна. - После 10 минути малку го забришав лицето и ја направив маската за лице - пола шолја минерална вода и ставив 5-6 лажички сода бикарбона пошто со 4 некако многу водлесто беше, Смесава ја ставив само на делот кај што имам црнки т.е. носот и образите и оставив да делува 10 минути. Додека стои на лицето се осеќа такво некое разладувачко чувство, и после се засушува и се плакне. Искрено јас сум презадоволна, до сеа ништо друго не ми помогнало али секако ќе треба уште неколку пати да го повторам ова за да се исчисти скрос. Највеќе гледам разлика кај образите таму доста црнки ми се извадија, а на носот малку потешко. Планирам пак за 1 недела да го повторам истово па се надевам на уште подобри резултатииии!
Здраво јас сум нов член штотуку се регистрирав и би сакала доколку може да ти одговорам на прашањето. Како сто спомна хигиената на лицето е најважна, чистење на шминка, секојдневно миење со благ детергент за лице, добар пилинг 2 пати неделно, тоник и крема која во својот состав не содржи силикони, парабени, парафинско масло и останати нафтени деривати кои само ја влошуваат состојбата на лицето. Штотуку напишав еден пост на мојот блог доколку те интересира прочитај го. Таму имам детално објаснето за оваа проблематика а ќе продолжам да пишувам и за природните начини за оваа проблематика, Мојот блог е http://biodevojka.blogspot.com/
@rainbowec Идам во темава специјално за тебе и гледам одма на страната горе пост од тебе. Океј се овие за вадење црнки, јас имам пробано на Нивеа, на Тианде, некои незнајни во Америка и овие од ДМ, Викторија или Виторија. Само едни се, нема шанси да ги промашиш. Е сега да напоменам дека на носот немам баш класични црнки, туку повеќе се како мрсничко белко што некогаш испаѓа на виделина како такво за пукање. Периодов некако ми зачестија и носот не ми се бендисуваше како ми изгледа, а секоја недела не ми се исплаќа баш по 55 денари да давам за една лента Нивеа за носот само, па ајде. Овие се 6 за 190 денари, така нешто. Има и за брада и за под очите (кој би вадел црнки од таму не знам, можеби и не се за вадење црнки туку за некое намалување на подочници, не се заинтересирав за нив и ова тропам само претпоставки ). Да ти кажам досега кај сите што се гореспоменати кај мене имало резултат, можда на Нивеа отскокнуваа малку над просекот, иначе стандард, океј, нормални. Нешто уау не, ама сега носот ми е помазен и ги нема тие белките што ме нервираа. Друго да напоменам е што, хм, јас можеби и малку претерувам со миење на лице и чистење и препарати за нега, некогаш сум си досадна и сама на себе.... (насабајле обавезно, после вадење шминка обавезно, пред легнување обавезно, миење со гел за лице, сунѓерче, млеко за лице, тоник, помада, пилинг еднаш неделно, на секое бањање по некоја подлабинска маска), па можеби и затоа немам нешто којзнае што да извади. Другарка беше презадоволна за тие на Тианде, рече дека рогови и извадиле. Тие се 100тина денари една, наводно на природна база, бла бла, што знам, јас истиот ефект го видов. Не прочитав дали си одела на козметичар, ама мислам дека ако најдеш некоја добра, за неколку недели, ако одиш пример, еднаш неделно, ќе ти го реши проблемот со црнките. После само добра нега. Мислам дека по некоја логика мора прво да испаднат овие што ги имаш а после да спречиш да ти се створат нови. Ова предлог само, не прочитав наназад што мака мачиш.
Погоре во темава пишав за нешто што го испробав (да не се повторувам) и ми делуваше супер се изненадив, доста црнки ми извади од образите ама од носот потешко... Јас па имам проблем со црнки БАШ ЦРНИ црнки и ептен ме нервираат , ич не ми се свиѓа како прљаво да ми е лицето таму кај што ги имам е така ми изгледа, па затоа сакав да знам овие лентиве за нос ако стварно помагаат да им дадам шанса. Ги имам долго време од причина што ми се премногу ситни и во голем број па за стискање тешка работа, џабе само си ја малтретирам кожата. Јас ќе си ја повторам пак постапката со кафето, камилицата и сода бикарбоната за која што пишав погоре во еден пост па и од втор пат ако не успеам од носот да извадам ништо правец во ДМ да ги барам лентиве.
Имав проблем со постојано стискање и ми се појавија места, како засирена крв и тешко се чистат.Некаков совет?
Se macka na liceto ili .. i zosto nikoj ne saka da mi odgovori kako se koristi dermogal ? Gi ima li ovie maski vo strumica i kade ? Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења, едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.Користете кирилица.
А потоа се стискаат црнките или така само Џенскаа и јас ја имам маската преубава е за кожата ама не сум приметила да ми ги вади црнките баш вчера си ја ставив и ја измив со млака вода и толку.Сами ли излегуваат црнките или како правиш . Дај некој совет .
Zdravo imam i jas crnki na nisot no imam mozolcinja koi me nerviraat na liceto i grbot. pomos nekakva?
имам црни на носот и мн се гадни како што спомнавет погоре како лицето да ти е прлаво. јас г вадам со белка од јајца и ми помага многу. Деиш белка од жолчка ја матиш во некое тањирче. Потоа земаш тоалет го делиш на тенки слоеви и тие исцепкани делови ги ставаш во белката и така натопени на носот. ги вадиш кога потполно ќе се исушат. Можеш и само белка да ставиш без тоалет ама мене тоа е многу потешко за одмивање. Што знам мене ми помага хаха
Не, мицеларната вода служи само за отстранување на шминката од лицето. Поготово оние од комерцијалните брендови. Можеби за црнките ќе ти помогне Bioderma Sebium или Mixa. Иако јас од Mixa не забележав нешто вакво. Само добар пилинг ги отстранува црнките, ваквите препарати кои делуваат површински, за жал не можат да сторат ништо против црнките.