Бaш ќе гo прoбaм oвa сo кaфевo и сoдaтa oти ствaрнo гoлем прoблем имaм сo црнкиве aкo не ги стискaм ми се вoспaлувaaт...
Како што вели Мишела, само добар пилинг или добра крема за чистење на лицето отстранува црнки. Доколку можам јас да ти предложам едно средство кое одлично помага при црнки и за кое веќе говорев на блогот е кремата за чистење на лице од Др. Хаушка. Јас ја користам моментално, а ја имав и користено многу и порано и мене одлично ми одговара и нежно прави пилинг на кожата без да ја иритира. Ова е единствена крема која прави нежна ексфолиација а не е пилинг, која може да ја употребуваш секој ден. Повеќе за неа говорев на http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/dr-hauschka.html Инаку доколку сакаш класичен пилинг имаш голем избор како и на пазарот така и природни. Знам дека видов неколку на Алверде во ДМ кои се органски. Немој да претеруваш со класичните пилинзи, неможе да се користат секој ден доволно е еднаш неделно за длабинско чистење. Повеќе за видови на пилинзи говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_9.html и http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post.html (да не ги пишувам сите рецепти тука многу се). Избери го она што тебе најмногу ти одговара Поздрав
Здраво Дееми цената е околу 675 денари ама кремата е доста концентрирана и трае околу 3 месеци. Незнам од кој град си, јас сум од Скопје така да ќе ви ги кажам аптеките каде ја има овде (оние каде јас сум ја видела може да ја има и во други): Зегин (во гтц, во буњаковец а ја видов и во сити мол), Еурофарм (во Веро/џамбо и во Рамстор) и во трговскиот Зебра ја имам видено ама не ми текнува како се викаше аптеката. Сигурно ја има во истиве аптеки и по други населби ама јас најискрено само тука се движам. За други градови незнам, да не ве лажам. Се надевам ти помогнав. Поздрав
Ќе ја пробам оваа крема. Иначе лицето ми е некогаш премногу мрсно, имам премногу црнки ако денес ги истискам утре повторно се појавуваат многу, а од друга страна кожата и ми се лупи, некогаш ја чуствувам како затегната и сува, немам некој рамномерен тен, ни свеж изглед се на се катастрофа. Можеби треба да посетам кожен лекар
Crnkite treba da se vadat za da ne ostanuvaat dupki na liceto i otkako ke se izvadat obavezno da se dezifekcirate so losion ili nekoja kolonska voda a po moznost i so domasna rakija . PRobano od izkustvo i sekoe mesto otkako ke se izvadi crnkata posle zaceluva i liceto ke bide mazno kako na bebe
си направив смеса од сода бикарбона и ги намачкав деловите од лицето кај што имам црнки а со останатиот дел си направив пилинг на лице, многу ми помогна
jas imam koristeno od avon tonik,gel i maska za crnki od salicilna kiselina clearskin dodeka ja koristev mi se podzacistija no otkako prestanav povtorno se pojavija
Нешто што не е на Авон со салицилна киселина, во аптека што може да се најде некој да препорача? @Mishela На Вioderma продуктите од аптека ли ги купуваш?
Ај неκоја неκа сподели исκуство од тρетман за цρнκи на κозметичаρ? Саκам да одам ама се плашам да не ми останат неκои флеκи, дупчиња и цρвенила?
Јас бев на чистење на лице и немав никакви црнки, со само маало црвенило си заминав. Но, не би ти препорачала за црнките од одиш на козметичар затоа што ќе ти се вратат за некое време. Единствено нешто што би ти помогнало е нешто со салицилна киселина (ако немаш користено почни со најмалиот процент), и тоа ќе трае се додека редовно го употребуваш продуктот. Било што да правиш тие се повторуваат, но до некој степен можеш да ги контролираш со салицилната киселина.
Јас еднаш се излажав да појдам на козметичар и си реков дека ова беше еднаш и никогаш повеќе! Имам многу нежна кожа и и` потенцирав на девојката да не ме притиска премногу и да внимава со фатот. Меѓутоа, еве, пак си заминав дома потечена и црвена како рак, плус ми се направија и модринки по лицето кои ги носев речиси недела дена. Ми ставаше и маски, некаков ензимски пилинг, не се сеќавам што се` точно содржеше третманот, но не би се вратила повторно во салон. Отидов во проверен салон, кај фини девојки, но ете. Не секоја кожа поднесува вакви експерименти, не е крива девојката, јас самата сум си крива затоа што иако си го знам лицето, мислев дека ќе има некаков ефект. Црнките се исчистија и нормално - пак се појавија додека да ми заздрават модринките и потечените места, но не би продолжила да правам вакви третмани за сметка на тоа што се случи. Не очекувајте дека некогаш црнките целосно ќе се исчистат, тоа е невозможно. Има начин да се одржуваат порите чисти, но да се исчистат еднаш и да не се појават никогаш е апсурдно. Сама си правам домашни маски со сода и лимон и почесто ги користам 3 во 1 средствата на Балеа и Нивеа, од нив имам најдобри резултати.
Како што вели Мишела не е возможно засекогаш да се ослободиме од црнките за жал, а и сите ги имаме кој повеќе кој помалку, меѓутоа може да ги држиме под контрола со тоа што ќе ја оддржуваме чиста кожата, а и ќе ја промениме исхраната. Е сега што се однесува до чистење и тука се согласувам со Мишела. Јас порано одев на козметичар и си правев третмани, ама кога отидов да живеам во Рим и во еден салон си закажав третман еве каков беше третманот: чистење на шминка, пилинг, маска од глина и крема. Кога ги прашав зошто не ме стискаат зачудено ме погледнаа и ми рекоа дека такво нешто може да го прави само лекар специјалист и доколку сакам таков третман треба да потпишам документ дека сама на свој ризик си го правам и дека во случај на евентуални последици тие не сносат никаква одговорност...можете да замислите каков израз на лицето имав кога го напуштив салонот....Отидов и во други салони (велам ај да не е само овој еден таков) ама секаде ми го кажаа истово. Така да заклучок не е убаво да се стиска кожата и еве веќе четири години не сум направила никаков третман на козметичар, си правам сама дома третмани за чисто лице со парење, пилинг и маска од глина и доста добро го оддржувам лицето на тој начин (секако имам црнки не сум имуна нити пак имам префектна кожа, ама сум задоволна со мојата кожа затоа што е здрава и затоа што ја оддржувам чиста и ја спречувам појавата на нови црнки). Јас најдобри резултати имам од Хаушка кремата за чистење која секојдневно ја користам и на тој начин правам благ пилинг.
Ги порачав ClearSkin од авон, маската, гелот и тоникот за црнки, ај кажете редослед на користење како иде
Прво го миеш лицето со гелот , па ставаш маска 10-15 мин ,после поминуваш со тоникот па ставаш крема за лице.
И, задоволна си? Има ли резултати... Јас планирам утре да ги порачам од тековниот каталог. http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201506