Јас пробував со морса сол тие домашни рецепти ама џабе и отидов еднаш до Dm у трговски и го змева од прва рака на Eveline pure contрол sos и имам добри резултати на образите ама не и голем резултат на носот мислам не се гледаат толку на носот ама под подочњаците ми е скроз исчистено коа видов дека има ефект некаков ја земав и хидратантната крема пред пудра и после бањање ја ставам....исто и пред да ми излезе бубуличка некоја ако видам црвенило или ме боли одма се мијам и ја смиурва така да мн го препорачувам
Еј луѓе на местата кај што имам црнки т.е на носот и вилицата, ставив мед и цимет и вака трребало цела ноќ да седи и утре да се измие со чај од камилица. Арно ама незнам дали имам камилица дома а имам чај од нане и од магдонос, дали мислите дека еден од овие чаеви се приближно до чајот од камилица или да си барам камилица најарно?? Ако има ефект ке ви кажам Ми се здрви носот а и напротив сеа многу ме чеша
Јас употребувам желатин една ќесичка околу 10грама се и една лажица млеко и ги ставам во микро 10-15 секунди и потоа го ставам на лице, како леплива смеса е, тоа дефинитивно помага и тоа премногу. Инаку ако го замениш чајот од камилица не верувам дека ќе има ист ефект.
Da I toa e mozebi dobro ama ova mi se najde doma pa taka ovojpat ova pa sledniot mozebi I toa ke go probam. A znaci da si baram kamilica najdobro e. Ti blagodaram
Нема на што. Најпаметно, чим така пишува следи го рецептот. И да пробаш, почнав на сите да им го кажувам од што е добар, здосадив.
E da ti kazam od edno nesto sto sum zadovolna sakam da go kazam na site ijas pa makar neka zdosadam hhhh.
E sea rezultat...ne sum bas zadovolma ama mozebi treba da se ponovi...jas mislev so ednas ke isceznat ama nisto, aj ne se zamaram veke so nisto
имам црнки на носот и многу ме нервираат имам пробано со такво за вадење црнки ама несака да не знаете како да ги извадам?
Да прочиташе бар две-три мислења пред тебе, има многу совети пробај, па кажи ни дали ти помогнало нешто.
Imam edna drugarka uste sto ne proba za crnkite,i na kraj mi kaza deka liceto go miela so glicirinski sapun,go napenuvala i go ostavala da se isusi potoa go plakenla.Mn i pomognalo crnkite malku i stisnela i ispagale a dupcinja ne ostanuvale
nekni komsivkata si stavila belka od jajce na liceto potoa paloma na tie delovi i povtorno nad palomata stavila belka i cekala da se isusi,koga go odlepuvala ispadnala nekoja crnka dr so malo stiskanje ispadnale a liceto i bilo mn nezno
Да, еве и јас да се јавам за коментарите над мене. И јас користам јајце, односно белката од јајцето и потоа одозгора ставам тоалетна па врз тоалетната пак јајце Ми се намалија црнките, некаде имам само дупчиња ама и тие се тргнаа, плус лицето ми е многу меко и нежно, и брунки не ми излаваат
женски пробајте со зелена глина, јас вчера купив и сношти пред спиење прв пат ставив и кога ја тргнав маската малку ми беше страв бидејќи лицето ми беше црвено, се намачкав со хидратантна крема и сабајле кога станав лицето ми беше како друго, имам уште ептен малку црнки на носот ама сум презадоволна од еден третман неверував дека толку ефект ќе има
од аптека ја земав 205денари, ја имало и во поголемите маркети и била поефтина, ама вреди за сите пари
негде имам прочитано врз белката да се стави тоалетна хартија,па на хартијата пак белка од јајце и да почекаме да се исуши. незнам дали сум сигурна