Јас си направив домашен пилинг и задоволна сум од резултатот. Измешав 1 ипол лажица кокосово масло, 1 голема лажица млеко и 2 мали лажици сода бикарбона. 2-3 минути благо тријте за да не ви се иритира кожата и исплакнете со млака вода. Отпосле лицето уште ќе ви биде мрсно од кокосовото масло така да можете со сапун да го измиете.
Мене ми се вртеше нешто по фејсбук дека била добра жолчката со вазелин нешто така беше ај за поточно ќе го ставам линкот тука ќе побарам
Добро а ова со пастата сигурни сте? Еве јас прочитав и пробав, нема зијан де.. Моментално имам и многу ме пече и исто така и очите ми солзат многу. Барем да минат со ова, да не е џабе.
Многу добро видео за отстранување на помалите црнки. Го испробав и не е дека прави чуда, но сепак вади дел од поситните
Една блогерка ја пратам на инстаграм и имаше постирано нешто како пилинг за отстранување на црнките. Прво зеде марамче го натопи со вруќа вода и го стави на носот. Потоа зеде паста за заби и ја измеша со сода бикарбона и во таа смеса стави сосем малку вода и сетоа то го измеша убаво да се соедини. Потоа со четка за заби го намачка носот со смесата притоа триејќи го и на крај со марамче ја отстрани смесата од носот. Јас ова го пробав ај реков да видам дали делува и да ви кажам искрено мене ми делуваше. Вреди да се проба.
Јас имам слушнато како маска на лице да се стави талог од кафе, па потоа од кога ќе поседи 15тина минути црнките нежно да се отстрануваат со помош на прстен.
Интересно за да се проба.Сум слушнала али не сум применила.Еве се надевам после.Ама несакам со прстен зошто може лузни да си направам како што копам.
Маската за вадење на црнки од авон ми е топ 1 производ. Мало пакување, 300 денари е, ама сосем исплатливо. Ги вади црнките и нечистотијата од носот и по едно ставање. Како до сега не го открив овој производ.
Едно апче витамин ц и 1-2капки вода .тоа го прочитав овде на форумот и навистина има ефект а е бесплатно хехе.вреди да се проба
И јас имам голем проблем со лицето. До пред некое време користев Хлорамфеникол и помагаше но сега веќе го нема во аптеките. Незнам што да правам а многу се нервирам.
За црнки на лицето се користи салицилна киселина. Побарај некои продукти кои ја содржат. Обично пишува на паковањето. Јас знам дека Авон имаат една линија со салицилна к. со неколку продукти можеш да си порачаш. И не заборавај дека ако не ги користиш редовно нема шанси да ти се намалат. Јас ја имам маската од таа линија и супер делува. Вака изгледаат
@x.Daisy.x Оваа од 125 мл. е гелот за миење, ама мислам дека и маска има.Јас го имам гелот ама ептен ретко го користам.Не го мијам многу лицето со овие производи и гелови, пошто ми е суво повеќе пати.Кога се туширам користам од геловите од Авон за тело што се, пред 4-5 години пробав и од тогаш редовно на туширање и лицето го мијам со него.Не ми се мрси 2 дена.Незнам дали е штетно.Кога ќе ми се измрси а тоа се дешава ретко, ставам тоник од Авон и веднаш ми се матира кожата, или пак маска некоја ставам или од геловите за миење лице.Сега овие 2 недели кај осот почна нешто многу да ми се мрси, посебно пудра кога ке ставам. @Jenniffer Оддамна сакав очајно да ја порачав оваа гел - маска, но Цирез рече дека не била многу задоволна.Не ја порачав.Со едно ставање ти ги извади црнките ? Јас сега овие 2-3 недели под устата имам многу.Стискам, но ми се прават рани.И кажете чаре, на едната страна на образите имам како ситни брунчиња кои упорно мислам дека ке стасат за стискање, но тие не се тргаат.Досега не ми се случило така.Изгледаат како на некој што му останале трајни, како гноеници.
И јас сум многу задоволна од оваа маска и редовно ја порачувам. Мене ми ги чисти и од едно ставање ..неам многу.
Има на нивеа, за други незнам како се викаат.Купи се, па пофали се.Од кај ти сега црнки бе МАРИЧЕ таква убавица