Јас тоникот го имам, го користев пред некое време и бев задоволна. Сега не би се пак навратила на тој производ бидејќи во споредба со тоа сега што го користам за вадење црнки тоа немаше никаква функција. Има убав медицински мирис, убаво ја разладува кожата, црнки не вади.
А ако можи да знам шо користиш сега? Се думав дали двете да ги земам, дали едно, дали нешто трето да барам
Користам една морска вода, ептен гадно мириса, ни име и знам ни ништо. Знам дека ја нема во македонија, некаде од странство ми е донесена. И користам од авон едно за вадење на црнки од clear skin, тоа се мачка и се суши за околу 20 минути после се одлепува како лента. Другоо, носот исто така го мачкам и со две-три други маски кои се демек за пори, али не знам колку ефект имаат тие. Утре ќе ти ги сликам и ќе ти пратам слика. Потсети ме само.
Доколку ми дозволиш да ти препорачам, најдобро е да пробаш со маска од зелена глина само на местото каде имаш црнки. Нема веднаш чудо да се случи, ама по три до четири пати (еднаш неделно, не почесто) ќе видиш резултати. Никако не ги стискај црнките само може да ја влошиш состојбата. Во зависност од ефектот што сакаш да го постигнеш, маската од зелена глина може да ја направиш со вода или со зелен чај и да додадеш мед кој е одличен во случај на акни. Внимавај само зелената глина никако да не ја земаш со метална лажица затоа што реагира во контакт со метал. За било што пиши. Поздрав.
Ми стигна, па го пробав денес. Носот го исчисти убаво, длабински, исто и челото. Едино под устата не го исчисти убо, не знам можеби брзо ја отстранив јас ... важно за сега сум задоволна. Пак ќе ја пробам оваа со белка од јајце. Патем, другарка ми ми кажуваше дека другарка ставала цело јајце и било многу поефективно за вадење на црнки него само со белка од јајце (зошто јас со белка немав некој значителен ефект ... ), има некоја такво искуство?
Од орифлејм го нарачав ова за црнки и други работи и за други намени земам од таму многу ми се складни со лицето и сум многу задоволна.
По странските форуми нешто читав за спермата (или некои козметички производи на таа база) поврзана со чистење на акни и почисто лице. Дали има некоја некое искуство со некој таков препарат? Пошо гледам имаше доста коментари што добиле ефект.
Ха, Ха. Пишав/прашав за нешто што сум читала а не така ми дошло на мисла па ајде ќе лупам колку нешто да е. Биди поздравен
Се извинувам дали може некој да ми кажи како се користат лепенките од нивеа... Ги имам користено неколку пати ама секогаш безуспешно..
@kjukli не знам за подобро, па за сега ми е ефективно. Значи длабински го чисти носот и челото, онака кога врвиш со прстот е мазно, сеуште делот под устата неможам да го средам како шо треба, не знам дали е во мене проблемот или не Со цело јајце како шо пишав, не пробав, си се држам до ова. Кратко после тоа се нафрлав со мозолчиња (првата употреба) ама не беше до ова, туку од нешто друго Патем мириса предобро.