Najubavo nesto za cistenje crnki, sum se cudela kako gi izvadi kaj mm, deka on ima povekje. Liceto posle toa nezno meko preubavo Zelatin se rastopuva vo mleko, 2 mali lazicki vo 10,20ml mleko i se topi na ringla, se trga se mesa i se ladi do temp da moze da se namacka na lice... Se macka i posle se susi i se ljupi, jas vo ovaa smesa dodavam i malku med dodeka e na ringla Maz mi koga izljupi naredeni crnki edna do druga duri mu rekov abe ova vlakna da ne ti otkornalo
Pa kje vidis dodeka ne se stegne, posle se ljupi, kje dopres i na dopir da ne se lepi, ako ne se lepi ljupis
Merkata da ne ne si ja pogodila :/ Zasto i jas ednas imav neuspesno napraveno.. bas denovive sakav da si napravam, zasto ne samo crnki i celo lice go cisti, pori, prljavo se..
Дали фластерите што се на нивеа може да се користат секој ден или не е добро ако некој имал искуство нека пише
Имам многу црнки на носот и околу него и Т-зоната..многу грозно многу неубаво незнам со што мози да ги исчистам..пробав со тие лентите на нивеа вадат Ама не довољно..лицето не ми се гледа црно ми е од нив..страм ми е среде Бел Ден да излезам никаква пудра ништо не ги прекрива..ве Молам за совет
Пробај со зелена глина.Јас ја користам од неодамна и забележувам некоја промена дека црнките на носот ми се намалуваат
Една другарка на мајка ми, ми рече дека не треба да се стиска лицето и дека тие третмани за лице не се убави...ја долго време одев на третмани,ама пак имам малку црнки..
ЈАс имам црнки само на носот и сум пробувала разни начини за отстранување како пареа,разни креми,маски и не ми помага.Ако можете да ми помогнете би ми било мило
Јас си правам пилинг на лицето со лажичка кафе и лажичка кокосово масло.Пред пилингот го мијам лицето со топла вода за да се отворат потите и полесно да излезат црнките. Еднаш до два пати неделно е доволно да се прави овој пилинг. На крај го мијам лицето со ладна вода и поминувам низ целото лице со коцка мраз за да се затворат порите и да не навлезе во нив нечистотија оти црнките во суштина тоа и се: проширена потра со маснотија која ја произведува нашата кожа и нечистотија од околината која се лепи на нашето лице и навлегува во порите. Јас веќе година и пол го применувам овој пилинг и сум презадоволна.
Јас многу работи имам пробано ама сите делувале само на краток рок. Едно време земав фластери. Отстрануваат нешто од црнките но не доволно. Разни креми и гелови за миење лице со гранули. Исто така отстрануваат нешто но не доволно. Последно пробав со белка од јајце и хартиени марамчиња. Буквално ништо не се отстранува со тоа. Па пробав со сода бикарбона и лимонов сок. Повеќе помага од другите начини но некако е агресивно за лицето и го суши. И мааната му е што мора да се употребува еднаш неделно затоа што инаку ќе се оштети кожата. Баш сега ќе пробам со начинот moon1 што го пиша.
Dobro gledam maskava ja utepaa od reklamiranje po fb, ima i videa deka neverojatno vadi crnki, ja probal nekoj??
^ Маскава ја продаваат 1500-2000 денари, а е од активен јаглен што може за минута дома сами да си ја направите. Гледам по видеа на инста, 80% од светов црнки така отстранува, па на ум сум и јас да си ја направам деновиве. Ви треба активен јаглен (згмечете таблети направете ги прав) и нетоксичен лепак (е ова не знам кај нас дали има, европските градинки користат вакви лепаци, за дечињата, лепи ама нема отров внатре, ама ќе барам ) , се меша смесата, мачкате на лице и чекате да се здрви, толку, потоа се вади и поминувате со афтершејв или ладна вода за да затворите пори. Истава постапка, и со мед ја има но на медот му треба мноооооогу време за да се здрви како лепилото, практично часови да ви стои на лице.
Јас ја имам маската баш сношти вадев црнки еве слика. Вади, но не баш. Можеби требаше прво да постојам на пареа или да се измијам со топла вода да се отворат порите. Јас со влажно ја вадев шминката и после одма ја ставив маската. Еве слика
Znaci tesko onie na nosot da gi vadi, jas so zelatin gi vadam od liceto, no od nosov nikako nemozam da gi izvadam, deka potvrda e kozata tamu... A videana sto gi gledam, tie isponasminkani slapaat od maskava