Нема некоја разлика дали е обичен или сув. Мене лицето не ми поцрвенуваше, баш посвежо беше и мазничко, ама може кај сите е различно.
Јас пробав вчера со обичен квасец и немаше баш ефект кај мене. Напротив, лицето цело ми поцрвене и ме печеше после.
Оди на козметичар еднаш месечно, има третмани за чистење на лицето, добри се, а не се прескапи. Освен тоа таму ќе ти помогнат со изборот на соодветна козметика за лицето. Само внимателно со изборот на козметичар.
Да исто и на мене ама мислев дека тоа е оти со обичен квасец ја правев маската.Ама штом нема некоја разлика незнам зошто кај нас не функционира ова
Девојки нормално е да се појави малку црвенило како последица на тоа што ја триете маската со кружни движења. Но тоа се случува секогаш кога се прави пилинг. И мене ми се појавува црвенило, но брзо поминува, а после немам црнки и кожата ми е мазна и мека. Можеби зависи од типот на кожата, можеби имате сува кожа ? Во тој случај место вода, квасецот растворете го со млеко. А дали треба со обичен или со сув квасец- тоа е ваша одлука. Според мене сувиот квасец е подобар бидејќи подобро се раствора и е поквалитетен , но секако дека може и со обичен.
И јас пробав тоа со квасецот но не приметив некаква разлика на црнките. Единствена разлика беше тоа што лицето ми се вцрвени и ме печеше многу и после едвај го смирив. Изгледа не одговара на секоја кожа.
Jas imav mnogu crnki i neznaev kako da gi otstranam, no za srekja edna prijatelka mi go preporaca tonikot za crnki od avon, i mi pomogna mnogu. Sega nemam takvi problemi
Мене квасецот ми го направи лицето мазно ко бебешко газе . Ама направив само еднаш до сега и нема некоја голема разлика. Ке пробам пак ама овојпат со сув
Ужас се значи спас им нема. Мора нон стоп да се стискаат. Јас ги иставам на следниов начин- Земам тенџере вријам водата, и потоа со крпа натопувам во водата и ставам на носот, само таму имам црнки, па полесно излегуваат на овој начин. Потоа ставам пилинг за лице од докторс, па бекутан крема и топ e.
И јас вака нешто слично почнав да правам само на пареа откако ке зоврие водата и стварно има ефект. Си ја покривам главата со пешкир и така наведната го држам лицето над пареата 15-20 мин. и после само еднаш да стиснеш на местото кај што имаш црнки одма излегуваат.
Најдов едно видео за пилинг со белка од јајце и хартиени марамчиња. Се мачка лицето со еден слој белка, врз тоа се ставаат хартиените марамчиња, па одозгора уште еден слој белка. Се остава да се исуши 20 минути, а потоа се одлепува пополека, без да се кине хартијата туку како маска здрвена се влече. На хартијата остануваат црнките. Изгледа доста успешно, ќе пробам па ќе кажам резултати. http://www.youtube.com/watch?v=ZdaY18jP ... re=related
Дечки го читав тоа со квасецот.. и како се разредува со вода и се чека да се згусти ли? и дали помага?
Јас го разредив со малце вода за да биде така густо за на лице како маска. И како ке го разредиш ке го ставиш и кога ке се стврдне ке го извадиш. Мене не ми помогна мн мн само лицето ми беше мазно дека пилинг му прави. Ко бебешко газе .
Инаку, црнкиве ништо не ги вади. Од Квасеци, до аспирини, медови... ништо. Вечерва ќе го пробам ова со белката, ама не верувам дека ќе успее.
го проба некој она со белките? мене ми е страв да го пробам пошто на видеото онаа рече дека и влакна дури и излегле .. да не си напрајме проблеми после со влакната мов ако ни излези?!
Го пробав тоа со белката , каде ќе издржам јас да не го пробам и морам да кажам , супер беше. Се предавам, го победи мојот рецепт со квасецот, не ги извади сите црнки, ама лицето ми беше совршено мазно, нежно и свежо. Се предавам- рецептот со белки е подобар од мојот со квасец!
Кај мене и тоа со квасецот даде ефект, ги избели малку, ама за ден - два се вратија. Како тргнало, ќе треба да одам на козметичар, тоа ми се гледа како најидеално решение.