леле жени, инстaгрaм ми прегoре oд тaa црнaтa мaскa шo јa збoрите нa претхoднaтa стрaнa... мислaм декa ме зaлaжa. Прејaкo ми изгледa тaкa целoснo oдлупенa сo oстaтoци oд гaдoтии . oooo мoрaм дa јa купaм
Направи си ја дома сама, 1 лажица желатин го растопуваш со една супена лажица ладна вода или млеко (подобро млеко, го омекнува лицето), ставаш една таблета иситнет активен јаглен, нека стои на пареа 6-7 мин, и со тврда четка стави на деловите каде имаш потреба. После 10-15 мин излупи ја маската. Испробано!
Вади, можеби не сите до една, но има разлика со сигурност. А и од млекото кожата е многу ладна и мека после тоа
Сакам да ја на направам маската со течен лепак нетоксичен помешан со јаглен но незнам каде да најдам ваков лепак. Знае ли некој од вас?
Мене не ми е интересно, ама ме нервираат и некогаш дури рани си правам додека се стискам. Девојки јас во црни, бели маски не верувам. Толку многу неуспешни производи имаат вака изрекламирано, што веќе се mainstream. Убаво ви кажа девојчево за домашна подготовка. Би ја направил и јас, ама желатин не користам. А од Алиекспрес никако нарачување! Другарка еднаш нарача сјај за уста и за малце устата ќе и се залепеше. Буквално лепак имаше во сјајот. Едит: @flower7, и јас барам, доколку најдам ќе те известам.
И шо бидна со црната маска нa BioAqua шо ја рекламираат по Instagram? Ја испроба некој? Сакам да ја купам, ама се мислам пак да не е некоја лажна реклама? Мене лично најмногу ова ми помага за црнки.. Го ставам да стои на влажно лице околу 10 минути па го мијам. Црнките излегуваат на површина па со крпа го бришам лицето и ги отстранувам. 80% од црнките излегуваат. И плус го прави лицето визуелно почисто, матирано, нежно.
@IamSexyAndIKnowIt а од каде го зема и колку е? @mariz кафени лажички желатин или супени ке пробам и јас сега па да видиме што ке биде
Другaркa јa имaше земенo тaa црнaтa лентa и скoрo ништo не и извaди, ни црнки, ни ништo. Не си игрaјте сo лицетo, не стaвaјте се и сештo
Сестра ми ја порача таа црна маска, глупости.. површно нечистотии вади само.. А јас почнав таа со желатин и млеко, овој пат повеќе желатин и малку мед, сум се чудела како се ми извади, мислев дека и влакна ми откорна, ама тука се тие малите бели
Јас ја направив маската од јаглен ама не ми се извади целосно, туку се направи исто како глина кога ставате на лице. Не можев воопшто да потегнам. Се лупи и мали парчиња се ронат. Нешто сум утнала или?? Иначе дава некоја свежина, ги чисти порите и мазно е лицето.